Како да ја промените Windows 7 Log On позадината

Дискусија во форумот 'Туторијали' започната од Oberoth, 10 јул 2010.

  1. Oberoth

    Oberoth Нов член

    Член од:
    7 јул 2010
    Мислења:
    29
    Допаѓања:
    20
    Поени од трофеи:
    0
    Овој туторијал ќе ви покаже како да ја промените default log on позадината во слика по ваш избор.

    Пример:

    [​IMG]

    [​IMG]

    (новата позадина е сеуште во програмот опишан подолу, но колку за појаснување за што станува збор и како изгледа. Искрено, ме мрзеше да ја правам оваа процедура (ако сакате принт скрин од лог он позадина):

    1. Притиснете Ctrl+Alt+Del за да го отворите Windows Task Manager. Кликнете на Processes табот и обележете го Explorer.exe. Кликнете "End Task". На дијалог прозорецот што ќе се појави притиснете уеѕ.

    2. Ако се е како што треба, вашиот таскбар и десктоп треба да бидат исчезнати. Ова е само привремено. Во Task Manager, одете до File менито и одберете New Task. Во прозорчето што ќе се појави напишете "logonui" без наводници и кликнете ОК. Лог он екранот треба да се појави зад Task Manager. Сега може да правите "screenshots". Paint може да отворите со пишување на "mspaint" без наводници во New Task прозорецот.

    3. Кога сте готови, одберете го "logonui.exe" во процес листата во Task Manager и одберете End Task. Ова ќе го затвори лог он екранот. Одете до File и New Task, напишете "Explorer" во прозорецот и кликнете ОК. Таскбарот и десктопот сега треба да се појават на вашиот монитор.)


    Совет: Ако сакате да ја вратите default позадината, превземете ја оваа датотека (ја содржи default сликата): Прегледај го приврзокот 2808
    Датотеката е лоцирана во C:\Windows\System32\oobe\background.bmp по default во Windows 7.

    Предупредување: Сликата што сакате да ја користите мора да биде .jpg и да не биде поголема од 256 КВ

    Да ја смените позадината со Програм

    Забелешка: Овој програм (Windows 7 Logon Background Changer) ќе ви овозможи едноставно менување на Windows 7 log on позадината. Можете да го искористите вториот дел од туторијалов за да ја вратите default Windows 7 log on позадината, или одберете ја default сликата користејќи го овој програм.

    1. Превземете го Windows 7 Log on Background Changer од овој линк: http://www.julien-manici.com/windows_7_logon_background_changer/
    (ќе ве однесе до Softpedia) причината што го прикачив оригиналниот линк е ако сакате да прочитате како функционира програмот

    2.Екстрактирајте и стартирајте ја датотеката (Во зависност од вашите UAC – User Account Control поставки, може да треба да ја стартирате датотеката со десен клик>Run as Administrator)

    3. Кликнете Run во дијалог прозорецот што ќе се појави

    4. Одберете некоја од сликите во горниот дел на програмот, или кликнете Choose Folder за да ја отворите содржината(сликите) од фолдерот во програмот. Со кликање на стрелките може да прелистувате до саканата слика.

    5. Кога веќе ја одбравте посакуваната слика, кликнете ја. Кликнете Apply>OK

    Предупредување: Важно е да почекате додека програмот ја заврши операцијата на креирање на новата слика пред да го затворите програмот или да ја тестирате сликата.

    Вашата log on позадина е сменета. Може да притиснете Ctrl+Alt+Del за да ја видите. Кликнете Cancel за да се вратите на десктоп.
    Сега може да го затворите Windows 7 Logon Background Changer.




    Враќање на default Windows 7 log on позадина

    1. Превземете ја оваа датотека: Прегледај го приврзокот 2807

    2. Зачувајте ја .zip датотеката на десктоп

    3. Отворете ја .zip датотеката и екстрактирајте ја .reg датотеката на десктоп

    4. Десен клик на .reg датотеката и одберете Merge.

    5. Кликнете Run, Yes, Yes, и OK.

    Сега вашата Log on позадина е вратена на default сликата

    Забелешка: Сега може да ги избришете .reg и .zip датотеките од десктоп ако сакате.
    Тоа е тоа
     

    Прикачени податотеки:

    На мила, tearsinheaven и dejannnn им се допаѓа ова.
  2. solo

    solo Член

    Член од:
    20 фев 2010
    Мислења:
    142
    Допаѓања:
    9
    Поени од трофеи:
    18
    фала.
     
  3. AlexM

    AlexM Познат Член

    Член од:
    11 мар 2010
    Мислења:
    1.152
    Допаѓања:
    407
    Поени од трофеи:
    83
    @solo
    Имаш копче ФАЛА долу десно во ќошот,не мора да се мачиш да пишиш ;)

    [​IMG]
     
  4. (WpX)ALeX

    (WpX)ALeX Познат Член

    Член од:
    21 окт 2009
    Мислења:
    3.901
    Допаѓања:
    663
    Поени од трофеи:
    143
    Или полесна процедура, инсталирај си TuneUp Utilities и во Change Windows Appearance има опција да се одбери Logon Screen со што ќе ја промените позадината.
     

Сподели преку: