Windows Phone со 9% од Европскиот пазар

Дискусија во форумот 'Windows Phone' започната од krale, 1 окт 2013.

  1. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.059
    Допаѓања:
    9.142
    Поени од трофеи:
    358
    Иако на пазарите во Америка и Азија Windows телефоните котираат многу слабо, на Европскиот континент тие имаат одредена ренесанса, завземајќи значаен удел од пазарот.

    Во некои земји тој се движи веќе во двоцифрен удел, како Франција 12%, Велика Британија 10.8% и завзема 9% во вкупниот пазар во Европа.

    Сепак, не е се розево за Windows телефоните, па така во Италија уделот опадна од 10.3 на 9.5%, во Кина од 4.7 на 2.1%, додека во Америка едвај се искачи на 3%.

    Со оглед на неодамнешната купопродажба на Нокиа од страна на Мicrosoft, зачудувачки е како Американскиот гигант ќе се позиционира на Американскиот пазар кој ќе биде клучен за успехот или пропаѓањето на Windows Phone платформата.

    Eдинствената мобилна компанија која целосно веруваше во проектот на Windows Phone, беше спасена од банкрот од страна на Microsoft, додека големите азиски производители како Samsung и LG кои уживаат многу подобра репутација од Нокиа на американскиот пазар, речиси тотално го напуштија бродот на WP платформата.
     

Сподели преку: