UIQ FileSystem Hack

Дискусија во форумот 'UIQ' започната од strizlow800, 24 авг 2008.

  1. strizlow800

    strizlow800 Член

    Член од:
    24 фев 2008
    Мислења:
    565
    Допаѓања:
    2
    Поени од трофеи:
    18
    Конечно да го стаам туторијалов... Се работи за UIQ пробивање. Со помош на туторијалов и програмите во него можете да го отворите фајл системот од вашиот UIQ Сони Ериксон...

    Пред да почнете потребни ви се 2 апликации...

    CapsSwitch: source code во форма на симбиан UIQ апликација која ќе ја исклучи заштитата на сите фолдери во телефонот кои се декларираат како "protected folders". Добивате пристап до Z драјвот и сите РОМ драјвови и фолдери од телефонот.

    [​IMG]

    Download:

    http://www.agathosyne.de/files_ext/CapsSwitch.zip

    Исто така ви треба добар фајл менаџер кој има поддршка за РОМ драјвови и системски фолдери. Значи не може да го користите вградениот фајл менаџер затоа што не поддржува ниедна од горенаведените опции... Ви препорачувам да го симнете Xplore:

    [​IMG]

    Download:

    http://rapidshare.com/files/139804173/Xplore_UIQ3_V1.20.full.rar.html

    Одкако ги имате 2те програми треба да го направите следново:

    - Уклучете го CapsSwitch и направете switch OFF capatibilities...
    - Одкако ке добиете порака Capatibilities switced OFF можете да го уклучите Xplore;
    - Во опциите на Xplore мора да направите enable на РОМ драјвовите и скриените (hidden) фолдери... Т.е. да штиклирате се што може да биде покажано во самиот фајл менаџер...
    - Сега имате пристап до заштитените фолдери и можете да работите со фајловите во нив...

    Со ова може да се смени инсталерот на пример. За да инсталирате unsigned апликации без проблем и без сертификати за вашиот имеи број. Значи за тоа треба да го симнете следниот фајл:

    http://www.agathosyne.de/files_ext/sis-installer_mod.zip

    потоа фајлот именуван "installserver.exe" да го копирате во телефонот во "c:\sys\bin\" прекривајќи го постоечкиот фајл таму. Рестартирајте во телефонот и имате поддршла за unsigned UIQ апликации...


    ВАЖНО:!!!: ОВА ГО ПРАВИТЕ НА ВАШ СОПСТВЕН РИЗИК. ЈАС ИЛИ БИЛО КОЈ ДРУГ НЕ ОДГОВАРА ЗА ПОСЛЕДИЦИТЕ НАСТАНАТИ ПОРАДИ НЕПРАВИЛНО СЛЕДЕЊЕ НА ТУТОРИЈАЛОТ И НЕПРАВИЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ПРОГРАМИТЕ ВО НЕГО...

    П.С. И не пробувајте да праимте хибрид телефони као П960ката... Тоа бара додатно програмирање...

    Бај д веј само да напоменам. UIQ модирањето може изгледа лесно на прв поглед... Лесно е доека не напраите некоја грешка па затоа бидете претпазливи... Грешките со ова може да резултираат со мртов телефон. У тој случај пробајте да направите апдејт на софтверот преку официјалниот клиент од Сони Ериксон. Доколку тоа не помага и телефонот е целосно мртов - сами на себе сте! :)
     
  2. DualCore

    DualCore Познат Член

    Член од:
    1 фев 2008
    Мислења:
    3.748
    Допаѓања:
    35
    Поени од трофеи:
    78
    РеспекАт ;)

    Уште да имав uiq при рака, одма ќе почнев да "хакнувам" :D
     
  3. strizlow800

    strizlow800 Член

    Член од:
    24 фев 2008
    Мислења:
    565
    Допаѓања:
    2
    Поени од трофеи:
    18
    ХЕХЕХЕХ абе види добро е тоа шо е лесно вака. Али не за џабе стаив 10 пати предупредување... не прај ова не пробувај она... Иам сретнато пуно гревови со ги заебале телефоните трајно... :)
     
  4. .::SCORPION::.

    .::SCORPION::. Познат Член

    Член од:
    28 јул 2008
    Мислења:
    2.690
    Допаѓања:
    104
    Поени од трофеи:
    93
    Ке може да напраиш туторијал за П960 ? И ако не те мрзи дај некоја слика да видам шо чудо е тоа П960.
     
  5. strizlow800

    strizlow800 Член

    Член од:
    24 фев 2008
    Мислења:
    565
    Допаѓања:
    2
    Поени од трофеи:
    18
    П960 е хибрид од П1, В960 и Г900... ги содржи најдобрите апликации од тие 3 телефони (освен медиа центар од Г900 сеа за сеа). :) Сменето е името у фоун инфо и има уште некои работи кои што се подобрени. Т.е. добро се разгледани и одбрани најдобрите апликации и делови од фирмверите на п1, в960 и г900 и ставени во еден фирмвер за П1.

    Комплетна копија од сите модови на едно место ќе стаам коа ќе завршам со нивното развивање т.е. коа ќе нема “багови“... :)
     
  6. Callidus

    Callidus Модератор

    Член од:
    7 јун 2008
    Мислења:
    1.216
    Допаѓања:
    456
    Поени од трофеи:
    83
    Телефон:
    Galaxy S5
    стризло а да се најдеме некад на пивце и муабет и у МЕЏУВРЕМЕНУ да ми го средиш телефончето? :D
     
  7. strizlow800

    strizlow800 Член

    Член од:
    24 фев 2008
    Мислења:
    565
    Допаѓања:
    2
    Поени од трофеи:
    18
    За наоѓање може да се договориме преку мсн. А телефонот ќе ти го средам доека седиме на пиво. Барем мене не ми треба ПЦ за тоа. Иам нешо соурс кодови за пробивање фајл систем... Кажи коа сакаш :)
     
  8. Torte Mobile

    Torte Mobile Супер Модератор

    Член од:
    5 фев 2008
    Мислења:
    9.866
    Допаѓања:
    3.843
    Поени од трофеи:
    258
    Телефон:
    Samsung NOTE 8
    Ќе го испробам ова утре ... не ми требало да сјебам нешто :pos:
     
  9. strizlow800

    strizlow800 Член

    Член од:
    24 фев 2008
    Мислења:
    565
    Допаѓања:
    2
    Поени од трофеи:
    18
    Додека се придржуваш на следниве правила нема да зезнеш:

    - следи го туторијалот степ бај степ
    - не рчкај непотребни фајлови
    - не ставај вокмен 3 на п990 (ставај вокмен 2 ако се одлучиш на тој мод)
    - прочитај ги добро предупредувањата горе и не праи нишо за кое шо не си сигурен
    - не пробувај да праиш П960 од твојата П990ка :D.

    и немаш гајле. :)
     
  10. Torte Mobile

    Torte Mobile Супер Модератор

    Член од:
    5 фев 2008
    Мислења:
    9.866
    Допаѓања:
    3.843
    Поени од трофеи:
    258
    Телефон:
    Samsung NOTE 8
    За жал не работи ова кај мене ... го направив се како што треба модот и после не ми инсталираше никакви апликации ... па го средив со формат на телефонот ... ми преостанува пак да пробам да го направам истото ама мислам дека нема да има резултат
     

Сподели преку: