Slither.io

Дискусија во форумот 'Игри' започната од Dark Angel, 24 авг 2017.

  1. Dark Angel

    Dark Angel Член

    Член од:
    26 дек 2016
    Мислења:
    15
    Допаѓања:
    28
    Поени од трофеи:
    13
    Се работи за страшно заразна онлајн игра, со играчи од целиот свет, навидум делува едноставна, но не е ни малку, потребни се доста брзи рефлекси доколку сакате да преживеете и да постигнете што поголема маса (должина).
    Но не е се' до рефлексите, пред се' треба да се има добра тактика, оваа игра е тактичка, треба да го проценувате секој потег, да забрзувате кога е потребно и сл.
    Исто така интересен факт во играва е дека постојат многу кланови, на почеток не е лесно да се приклучите кон некој клан, потребно е подолго време да играте на еден ист сервер за да играчите ве запознаат (секако користејќи исти ник и скин), потоа кога ќе се приклучите во нечиј клан (тим) играта станува многу поинтересна, заедно ги ловите непријателите, си делите храна, си помагате.

    Еве едно видео како изгледа тимската игра:



    Па, има ли некој од форумов што игра Slither.io?
    Ако играте, придружете ми се на серверот 5.9.19.112:444 има само еден играч од Македонија на тој сервер, па да бидеме во што поголем број.
    Инаку за да можете да се приклучите кон одреден сервер, потребно е да ја инсталирате Slither.io екстензијата на хром, со екстензијата исто така ќе можете да ја зумирате и одзумирате мапата, да менувате скинови, позадини и сл.
    Еве линк, се' што треба да направите е add to chrome, и забавата може да почне.
     

Сподели преку: