Samsung го купува Blackberry?

Дискусија во форумот 'BlackBerry' започната од krale, 15 јан 2015.

  1. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.088
    Допаѓања:
    9.166
    Поени од трофеи:
    358
    Вест на денот е растот од 30% на акциите на Блекбери после веста дека Самсунг упатил понуда од 7.5 милијарди долари за купување на канадскиот мобилен производител.


    Засега и двете страни го негираат ова, и акциите повторно се спуштија 16% до крајот на денот, но изворите на ројтерс остануваат на тоа дека е упатена официјална понуда.

    Според изворот двете раководства се состанале минатата недела да разговараат за можната трансакција.

    Според Ројтерс, главната причина за купување на Блекбери е зајакнување на патентската положба на Самсунг во битката со Епл, но исто така и за да го зајакне присуството на Самсунг во бизнис сегментот. Аналитичарот на БГС го поставува прашањето: "Колку Самсунг телефони гледате во канцелариите денес?" Токму Блекбери би можел да биде одговорот.

    Сепак потенцијална пречка останува фактот што продажбата на Блекбери би морала да биде одобрена не само до Канадската Влада, која минатиот месец порача дека Леново може да заборави на купување на Блекбери, туку и на Американската регулативна организација. Овие две пречки можат да го одложат или отежнат целиот процес, но по се изгледа Самсунг се надева дека може да ја обезбеди оваа подршка, штом оваа понуда е упатена, а сега и објавена во јавноста.
     
    На OLI-HAUG, Dzepar и Effendi им се допаѓа ова.
  2. Effendi

    Effendi Искусен член

    Член од:
    23 дек 2010
    Мислења:
    770
    Допаѓања:
    871
    Поени од трофеи:
    158
    Ако го купи и продолжат да работат со нивниот принцип може да се очекува мн понапредни блекбери телефони и валјда овој пат ќе имаат пари да го досредат ос-от. Скриена желба на самсунг е да има свој ос на телефоните.
     
    На Dzepar и krale им се допаѓа ова.
  3. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.088
    Допаѓања:
    9.166
    Поени од трофеи:
    358
    Точно дека Самсунг (и секој) сака свој os, ама доцна е за тоа веќе.

    Тоа е како кога Windows беше во својот процут, зошто не можеше никој да успее да направи конкуренција? Едноставно премногу широк еко-спектар е создаден со таа платформа и не ќе може андорид/ios така лесно да се изместат.
     
    На Effendi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Effendi

    Effendi Искусен член

    Член од:
    23 дек 2010
    Мислења:
    770
    Допаѓања:
    871
    Поени од трофеи:
    158
    Android и iOS се најраспространети али ја би типувал дека блекбери ќе го надмине и веќе постоечкиот wp и други. Блекбери е Prodctivity телефон и самиот хардвер и софтвер се такви. Зато и не се популарни како секојдневен телефон,човек што го користи телефонот за кенди краш , фејсбук и порничи сигурно не би идел на блекбери и ќе си земи андроид. Самсунг возат на андроид и верувам не се популарни меѓу бизнис класата како бб затоа и ваков чекор.
     
    На Torte Mobile му/ѝ се допаѓа ова.
  5. христијан

    христијан GSM master

    Член од:
    16 сеп 2008
    Мислења:
    4.142
    Допаѓања:
    2.396
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    iPhone 6s
    РОМ/Верзија:
    Најново
    Јас искрено незнам зошто некој воопшто би користел блекбери.. Освен некои луѓе што мора да имаат опасна безбедност, али такви колку се, 100-200 у свет?
     
  6. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.088
    Допаѓања:
    9.166
    Поени од трофеи:
    358
    Супер е Блекбери, не е само за безбедност.
     
    На Dzepar му/ѝ се допаѓа ова.
  7. dino_bt

    dino_bt Искусен член

    Член од:
    30 дек 2011
    Мислења:
    759
    Допаѓања:
    820
    Поени од трофеи:
    158
    А сега да си признајш дека немаш досега користено блекбери и да не коментираш поќе.
     
    На Dzepar и Effendi им се допаѓа ова.
  8. Effendi

    Effendi Искусен член

    Член од:
    23 дек 2010
    Мислења:
    770
    Допаѓања:
    871
    Поени од трофеи:
    158
    Доколку некогаш си користел блекбери,сигурно би имал идеја што е тој телефон.Не зборам да земеш и расчепкаш низ менијата, да видиш дека апп-стор им е како селска коперација и дека нема 4 ГБ рам и слични работи.
    Блекбери во глобала е Productivity (<-- ова како ќе дојде на македонски,абер немам) телефон, со кој чатуваш на фејсбук,ти стига меил, атачираш слики,едитираш документи и пишуваш со брзина на светлината без печатни грешки,твиташ,праќаш и добиваш смс,местиш аларм,те разбудува, фаќаш мрежа и на планина,го полниш секоја вечер како секој нормален смартфон, нотификации и сл на едно место, комуницираш преку бб мсн со колеги и други блекберџии,добиваш емаил во реално време,криптирани се пораките и интернет сообраќајот,компании кои им даваат блекбери уреди на вработените користат блекбери програма креираат и закажуваат состаноци и во реално време им стигна на блекберито на сите вработени истото и така далје. Кратко кажано блекбери е телефон за работа,и затоа никогаш не ја отстрануваат тастатурата.Она што има модели целосно со тач,е да се приближат и до пошироката маса оти доста пропаднаа заради нередовното апдејтирање на нивниот ОС али од 10.1 навака е повеќе и од одличен.

    Нема анимации при скролање на менијата,нема низ маркетот некои игрички апликации како Talking Tom, Fart Jokes и слично,се цели кон сериозност. Макар што ако земиш Z30 можеш да го користиш како и секој денешен телефон со исклучок на помал број апликации.
     
    На dino_bt и Dzepar им се допаѓа ова.
  9. Torte Mobile

    Torte Mobile Супер Модератор

    Член од:
    5 фев 2008
    Мислења:
    9.981
    Допаѓања:
    3.914
    Поени од трофеи:
    258
    Телефон:
    Samsung NOTE 8
    BB си е супер и не би сакал да го земе самсунг, моментално користам z10 и ќе кажам дека е сигурно подобар од андроид во таа цена, андродите се друг систем кој знае да лагира и да прави недораснати работи иако е со снапрдрагони и со 3гб рам, џабе ...
     
    На krale и Dzepar им се допаѓа ова.
  10. христијан

    христијан GSM master

    Член од:
    16 сеп 2008
    Мислења:
    4.142
    Допаѓања:
    2.396
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    iPhone 6s
    РОМ/Верзија:
    Најново
    Добро, а како сите овие работи ти стигаат во реално време, преку интернет, или? Пошто ако е преку интернет, сите овие работи ги можат и останатите андроид/иос телефони.. А за физичкава тастатура, коа ќе размислам, у право си.. :)
     

Сподели преку: