Pay Pal прашање, резервирани средства, плаќање...

Дискусија во форумот 'Интернет и мрежи' започната од Dzole, 11 мар 2011.

  1. Dzole

    Dzole џанкер во криза

    Член од:
    10 мај 2008
    Мислења:
    1.014
    Допаѓања:
    95
    Поени од трофеи:
    48
    Имам прашање едно кое не ми е јасно и сум малце скептик во тој поглед.

    Пратени ми се пари од лице кое треба да му испратам телефон, ми го има пратено износот на пејпал, и бара да го внесам јас кодот на испратената пратка, оносно кодот за пратење на пратката, за да парите веке бидат мои и да можам да располагам со нив.
    Е сега интересира колку е сигурна таа опција, дали он може да ги врати парите назад одкако ќе го испратам телефонот, па да си останам без ништо?!

    Дали некој имал слично искуство и како оди таа процедура!?
     
  2. trte-mrte

    trte-mrte Супер Модератор

    Член од:
    4 мај 2008
    Мислења:
    3.320
    Допаѓања:
    533
    Поени од трофеи:
    143
    Може да си ги врати САМО ако се докаже дека телефонот не му е испратен или е испратен во состојба која не е иста со договорената (ова се однесува на ибеј). Кога е во прашање пејпал... се водат ГОЛЕМИ истраги.. пред да донесат некаква одлука во врска со неисправност при евентуални неисправности при тргувањата. Ти го кажувам ова од искуство. Имам многу зделки преку ибеј.. меѓу кои и вакви ситуации во кои ме тужеле. Доколку му се вратат него парите... ке му се вратат САМО од кога ти би потврдил дека ти е вратен телефонот или он би потврдил дека ти го испратил. Барем според мене.. трансакциите преку пејпал се МНОГУ сигурни и фер. Незнам дали се работи за бизнис преку ибеј... или личен договор од ваша страна.
    Би сакал да чујам и други искуства доколку ги имаат членовите.
     
  3. Dzole

    Dzole џанкер во криза

    Член од:
    10 мај 2008
    Мислења:
    1.014
    Допаѓања:
    95
    Поени од трофеи:
    48
    Се работи за личен договор, ваљда видел мој оглас па со помош на гугл транслаторот ми пиша за да му го испратам телефонот за нигерија..

    Мислев е некоја превара кога гледам навистина има накава за договорената сума.. Сега се мислам што да правам од таа гледна точка на превари..
     
  4. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.088
    Допаѓања:
    9.166
    Поени од трофеи:
    358
    ПРЕВАРА со гаранција од кај мене 103,2%

    Класичен фисинг.
     
  5. trte-mrte

    trte-mrte Супер Модератор

    Член од:
    4 мај 2008
    Мислења:
    3.320
    Допаѓања:
    533
    Поени од трофеи:
    143
    Дајте факти бе луѓе, секој може да каже дека е превара. Можеш да објасниш зошто? На која основа типот би си ги добил парите назад? Нема да ги уплати се додека не го пратиш телефонот??? Ако е така.. ондак не праќај:!!!: Секоја зделка на ибеј е унапред платена. Прво си ги добиваш парите како продавач.. и должен си во одредено време (наведено во огласот) да си ја испратиш робата.
     
  6. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.088
    Допаѓања:
    9.166
    Поени од трофеи:
    358
    Јас кажав, ако не веруваш праќај телефон.

    Дај размисли што пишува дечкото горе? Му се појавила „најава“ од пејпал дека парите го чекаат само тој да внесе број на пратка. Хаха... кои легенди сте вие би пратиле се за Нигерија! Како прво пејпал не праќа најави - најавата ти е од лажно лице провери си таму во from од кого е емаилот.

    Второ, секогаш кога се купува онлајн прво парите легнуваат на сметка кај продавачот, па потоа се плаќа. Па ТРЕТО е ако некој се жали дека не му стигнало, пејпал/ебај прават истрага и утврдуваат кој е во право (најчесто двајцата) и отплаќа отшета.
     
  7. (WpX)ALeX

    (WpX)ALeX Познат Член

    Член од:
    21 окт 2009
    Мислења:
    3.901
    Допаѓања:
    663
    Поени од трофеи:
    143
    Кога веќе сме кај Paypal, доколку некој ти прати пари на твојот акаунт т.е. на твоја банкарска сметка или кредитна картичка што е поврзана со Paypal, дали Paypal бара некој код за тие пари да бидат префрлени или директно ти ги префлува без проблем?
     
  8. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.088
    Допаѓања:
    9.166
    Поени од трофеи:
    358
    Влегуваш на пејпал и си ги повлекуваш на сметка. Значи тоа го правиш ти онлајн кога ќе направиш withdrawal, и потоа чекаш да ти легнат на картицата тука во МК.
     
  9. Maya

    Maya Член

    Член од:
    16 јун 2008
    Мислења:
    88
    Допаѓања:
    9
    Поени од трофеи:
    8
    Na koja kartica vo MK mozes da gi prefrlis parite?
    Do sega skoro ne mozese da se prefrlat na kartica, tuku mozese samo da raspolagas so niv kako PayPal sredstva.
    I toa samo ako si registriran od nekoja zemja vo koja toa e dozvoleno.

    Inaku sto se odensuva do muabetot gore definitivno veruvam deka e izmama.
    Preku PayPal moze prodavacot da prati kako pokana do kupuvacot kolku treba da plati.
    Sum plakala nebroen broj pati, NIKOGAS ne sum dobila shipping broj pred da platam, nikogas!

    Znaci ne nasednuvaj, prakaj duri otkako ke plati, a inaku e nevozmozno bez posreduvanje na PayPal
    da si gi vrati parite, a oni rabotat na isklucivo fer osnovi!
     
  10. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.088
    Допаѓања:
    9.166
    Поени од трофеи:
    358
    Па во тутунска виза електрон се поврзува со пејпал, што значи функционира двострано.
     

Сподели преку: