Ми треба плоча од N97 немора изправна да е , всушност ми треба кристалот за палење , кој има нека пише.
Така рече мајсторот дека се вика кристал и дека бил за палење.Ако може помош бидејќи 5 месеца ми е таму телефонот се немал дел (кристал и напомена дека чини 30 денари) и така се влечеме.Не сум некој познавач на електроника па можете да ми се смеете не ми смета...Побарав помош а не потсмев.
Кај кој во Струмица? Инаку за тие што не знаат, во Струмица скоро сите работи се викаат поразлично од било каде, па кристал нема да ме чуди ако е некоја...што зннам...диода..
Па не е баш 30 денари да бидеме искрени, ова е најевтино што можев да најдам но сепак не е е и некоја голема разлика или премногу скапо во сооднос на цената од телефонот кога би вредел нешто на старо исправен. Како и да е, 5 месеци ти седи телефон на сервис за помалку од еден час работа? Најверојатно тој колега не соработува со мене, Перо, Елтеч или Мега. Како и да е, само во Скопјево овој дел знам дека го имаат преку 40 мои колеги.
Вака ако некој од вас сервисери што сте го има делов , ќе ве замолам да контактираме и да ми го прати некој дали по автобус дали по брза пошта, како ви одговара.Остајте ми број за контакт ако може или да контактираме пп.Фала многу за одговорите.Инаку мајсторот се вика Трајче има одприлика 23-26 год.
Има една многу битна политика, барем во мојата фирма: Делот што го продавам и го монтира друг - нема никаква гаранција, ниту дали воопшто работи, ни пак дали ќе трае. Малце брутално звучи, но за да го залемиш овој дел освен што ти треба посебен алат, ти треба и добро познавање околу SMD па и доста искуство. Ако сервисерот што го монтира неможел да го најде делов, тогаш не верувам и дека би го монтирал