Од вчера има некоја мака телефончево. КОга се вклучува изгледа дека е се ок, се гледа логото на нокиа и сликата е целосна а кога ќе се вклучи целосно екранот се собира, трепери и неможе да се работи со него бидејќи не се гледа каде допираш. Иначе тачскринот си функционира, може да се распознае дека откако ќе го допреш се префрлил на друго мени. Пробав да му направам апдејт на софтверот ама не успеав зошто неможев да го ставам пинот на картицата за да ја прифати. Некој совет?????
ok Прво промени флет,ако не е до него промени екран. Може да не се ни двете од овие па одиш на филтрите.Кога ке ги промениш и нив и ако пак не работи пиши ми на пп ке ти кажам наредно што да провериш.
Вака никој неможе да ти каже со сигурност што е проблемот, ама дефинитивно ти е хардверски проблем. Однеси си го на сервис, јас типувам на флет кабел..... ама како што ти кажа ТИМ(кој патем е професионален сервисер) може да е и екран и други работи......џабе ќе предпоставуваме тука, мора прво да го отворат телефонот.....