Microsoft ја претстави својата паметна нараквица

Дискусија во форумот 'Македонија и свет' започната од NeNo-94, 30 окт 2014.

  1. NeNo-94

    NeNo-94 iModerator

    Член од:
    7 окт 2011
    Мислења:
    1.041
    Допаѓања:
    743
    Поени од трофеи:
    113
    Microsoft ја претстави својата паметна нараквица наречена Microsoft Band. Со дизајн сличен на Samsung Gear Fit, оваа нараквица има 10 сензори, подршка за сите големи мобилни платформи и е интегрирана со сервисот за здравје на Microsoft. Интересно е тоа што Microsoft одлучи да прескокне било каков вид на медиумски настан.
    Дисплејот на Microsoft Band е со големина од 1.4 инчи со резолуција од 320 х 106. Нараквицата има двојна батерија од 1400mAh од којашто се очекува да обезбеди 48 часа подршка при нормално користење. Microsoft вели дека за целосно да се наполни батеријата потребно е помалку од 1 ипол час.
    Дел од сензорите се оптичкиот сензор за срце, вграден GPS модул, сензор за амбиентна светлина, 2 сензора за мерење на температура на кожата и "галвански одговор на кожата" (кој се користи во тестовите за детекција на лаги). Освен овие работи, нараквицата има и микрофон, haptic вибрационен мотор и блутут 4.0 LE чип. Ова и овозможува на нараквицата да комуницира со голем број на уреди- сите iPhone модели по 4s (се додека имаат iOS 7.1 или понов ), одредени Android уреди и се разбира Windows Phone 8.1 уреди.
    Microsoft Band ќе биде пуштен во продажба по цена од 199$ и може да се купи и во физичките а и во онлајн продавниците на Microsoft

    [​IMG]

    [​IMG]

     
    Последна промена: 30 окт 2014
    На krale и Bumblebee им се допаѓа ова.
  2. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.088
    Допаѓања:
    9.166
    Поени од трофеи:
    358
    И цена од $200?

    Јако од MSFT јако!
     
  3. NeNo-94

    NeNo-94 iModerator

    Член од:
    7 окт 2011
    Мислења:
    1.041
    Допаѓања:
    743
    Поени од трофеи:
    113
    Еве и unboxing :)

     
    На krale му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: