А бе не се нервирајте толку-се е ствар на вкус -Дизајн-релативна работа (тебе ти се свиѓа ајпад,на мене таб, на Петко друго итн) -Апликации Андроид има еден тон -За батерија што трае подолго-тешко -1 гб рам према 512 -3.2 мп према 0.7(не ми се веруваше кога прочитав со VGA предна камера од дедо Ное) -резолузија 800 x1280 према 768x1024 -Стерео load speakers према моно Има и други работи ама се изморив Не викам дека Ајпад е лош ама со цена како кај нас со тие карактеристики дефинитивно не вреди Едно време се мислев што да земам .Да беше поевтин од Галакси таб 10.1 3г за едно 60-70 евра можеби ќе се замислев кој да земам. Вака немаше дилема. поздрав и уживајте
со здравје да се користиш, искрено мое мислење кога веќе се даваат толку пари 100 евра разлика и не е толку голема, не збориме ко да споредуваме уред од 100 и од 200 евра, што и да се одлучиш да земеш прво поработи малце на него испробај го.
Немам време да читам цели 10 страни, но еве ти мое мислење. Како што кажа Јане на првата страна се согласувам со него, ајпадот е поелегантен, помал, повеќе батерија има, поинтересен за тепање време. Но лап-топ си е лаптоп. Мојот предлог е ако имаш повеќе пари за давање да купуш мек бук, тој ти е најубав. А ако многу ти се свиѓа иос за комуникација, пр. ај месеџис, организиран меил итн. треба да го видиш новиот „мек ос х планински лав“ одличен е. Не сум сопственик на мекинтош, но имам користено таков компјутер и искуството е незаменливо! А веќе кора се спомнати големина, убавина, тежини, тука е мек бук еар, а за батеријата да не правиме моабет, одлична е! Можеш да најдеш сигурно и некој користен за пониска цена пример некои 600-700 евра, а за да си купиш нов за 1000че топ
Значи,го сменив лаптопот што го сменив пред една недела го користев овој новиот до вчера арно ама од нигде никаде си рикна хард дискот најверојатно.Отидов денеска го вратив и овој и ми ги вратија парите.Дефинитивно има некој проблем со робава што ја увезуваат,продавачот ми кажа дека hp моделите ги враќале нон стоп а dell чат пат.6 луѓе што ги познавам имаат купено и ги имаат враќано назад а на пола од нив им имаат завршено во сервис.На различни места Амц,сет,нептун.Останав без лаптоп,после сите овие срања се решив да ја пуштам чергата и да купам macbook pro.Дајте информација дали знаете некој освен Дуна да продава Apple зависен сум од продавница затоа што сакам да го земам на рати.
Ако идеш во странство, не ти е поефтино да го платиш на картица и од таму да го купиш? Сигурно ќе извадиш подобра цена
Иста е цената горе доле Сум се изнаслушал и изнагледал многу луѓе како се жалат од kupilaptop дефинитивно продаваат refubrished --- надополнето: Feb 27, 2012 5:07 PM --- Ништо,тапа.Демек немале на лагер ама можеле да нарачаат,па дали го имало па не знам што.Чекам да ми пуштат mail со понуда.
Не се луди од невада да зимаш епл производи ќе те изгорат Јас кога сакав да купам NEC монитор од НЕВАДА ми кажаа 3х поскапа цена од таа што е во ЕУ истото се деси и на 2-3 пријатели што сакаа да порачаат монитори преку нив