Проблем IDOL 1 6030x не сака да се флешова

Дискусија во форумот 'Alcatel' започната од torrent, 24 дек 2015.

  1. torrent

    torrent Модератор

    Член од:
    30 мај 2008
    Мислења:
    1.135
    Допаѓања:
    86
    Поени од трофеи:
    48
    Телефон:
    i9505
    РОМ/Верзија:
    Lineage OS 16
    на телефонот предходно имаше miui rom и twrp рикавери, му побарал да се рестартира на брат ми, го рестартирал и пак исто, влегол во рикавери и му направил wipe data/factory reset потоа reboot и не запалил повеќе

    на компјутер го препознава тоа mediatek device или како и да е, има драјвер за тоа(vcom драјверите)

    е сега, најдов софтвер пробвам да го флешувам со sp flash tools и ме врти цело време низ исти грешки
    ова во download only
    BROM ERROR : S_DA_SDMMC_WRITE_FAILED (3149)

    ова во format, auto format flash,format whole flash exept bootloader
    BROM ERROR : S_PART_NO_VALID_TABLE (1037)

    симнав повеќе софтвери и истото го вади на сите.

    сум флешувал до сега повеќе телефони со sp flash tools вклучувајки и клонови, но овај ме гњави веќе 2 дена ме врти на овие 2 грешки. на телефонот свети само сината диода кога е на усб, друга реакција нема

    исто имам друга плоча од ист ваков алкател, таа почнува да флешува и застанува на 2%(жолта статусна линија), овај телефон го пали екранот но не појавува ништо
     

Сподели преку: