HTC One M8 How to Root

Дискусија во форумот 'HTC One Series' започната од AtoM-AnT, 4 апр 2014.

  1. AtoM-AnT

    AtoM-AnT Модератор

    Член од:
    26 мар 2010
    Мислења:
    2.175
    Допаѓања:
    913
    Поени од трофеи:
    208
    Се што правите е на ваш ризик, за брик на телефонот можете да бидете само вие виновни а не овој форум, администраторите, модераторите или членовите.

    Начинот на рутирање на M8 е ист како и M7, разликата е во тоа што моментално имаме понова верзија на SuperSU фајлот кој му дава рут на телефонот.

    Што се треба да направита за да го рутирате вашиот телефон?

    1. Симнете го овој фајл Fastboot Files како и Android SDK, во партицијата C од вашиот компјутер отворете еден фолдер со име fastboot и симнатите фајлови ставете ги таму.

    2. Одете на http://htcdev.com/ и регистрирајте се.

    3. Од кога ќе се регистрирате и логирате ќе кликнете на Unlock Bootloader па на Get Started

    4. Кај што пишува Select Your Device изберете All Other Supported Model и кликнете на Begin Unlock Bootloader

    5. Ќе ви се појави едно прозорче и таму кликнете на YES па чекирајте ги двете опции што ќе ви се појават и кликнете на Proceed To Unlock Instructions

    6. Донесете го телефонот во Bootloader мод односно рестартирајте го и држејте ја стрелката надоле, од кога ќе ви се појави Bootloader-от притиснете го Power копчето и приклучете го телефонот преку USB кабел со вашиот компјутер.

    7. Отворете еден CMD и таму напишете го следниот текст: cd c:\fastboot и fastboot oem get_identifier_token, ќе добиете повеќе линии со едни кодови кои ќе ги копирате како што ви стои на сликата или заедно со текстот Identifier Token Start до Identifier Token End и сето тоа ќе го внесете подоле кај што пишува My Device Identifier Token и кликнете на Submit. Ќе добиете на оној маил на кој сте регистрирани еден мал фајл со име Unlock_code.bin, симнете го тој фајл и ставете го во фолдерот fastboot.

    8. Отворете нов CMD или продолжете со истиот што го имате веќе отворено и напишете го следново: cd c:\fastboot па напишете fastboot flash unlocktoken Unlock_code.bin и ќе приметите дека на дисплејот ќе ви се појави опција да го отклучите Bootloader-от или не. На телефонот изберете Volume + или копчето за гласот нагоре и со Power потврдете, со таа операција го отклучивте Bootloader-от.

    9. Во фолдерот fastboot го ставаме recovery фајлот кој сакаме да го инсталираме, јас ја ставив верзијата openrecovery-twrp-2.7.0.3-m8_ul_ca а по желба можете да го инсталирате и следново recovery [m8][CWM Advanced Edition] PhilZ Touch

    [m8][CWM Advanced Edition] PhilZ Touch
    openrecovery-twrp-2.7.0.3-m8_ul_ca

    10. Донесете го телефонот во Bootloader мод односно рестартирајте го и држејте ја стрелката надоле, од кога ќе ви се појави Bootloader-от притиснете го Power копчето и приклучете го телефонот преку USB кабел со вашиот компјутер.

    11. Отворете CMD и напишете го следното: cd c:\fastboot па напишете го ова: fastboot flash recovery openrecovery-twrp-2.7.0.3-m8_ul_ca.img или го ставате името на recovery-то кое сакате да го инсталирате fastboot flash recovery името на recovery фајлот.img

    12. Сега ви останува уште да го рутирате телефонот а тоа најлесно ќе го направите со помош на апликациjата SuperSU

    Download SuperSU

    13. Ставете го zip фајлот во рутот на вашиот телефон или во некој фолдер што го имате, одете во Recovery и инсталирајте го, јас тоа го направив преку Sideload за да заштедам на време

    14. Сега телефонот ви е рутиран и со тоа можете да преминете на следниот чекор, инсталирање на вашиот омилен ром

    15. Го ставате ромот во рутот на вашиот телефон или во некој фолдер што го имате само за инсталирање на zip фајлови

    16. Пред да го инсталирате кастом ромот пожелно е да си направите бекап на сток ромот за ако се заебе нешто работата да можете да го вратите назад ромот и да можете да го рекламирате телефонот

    17. Сега можете да го инсталирате ромот преку Recovery
     
    El_Makedonero, Pane-G, goran и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Pane-G

    Pane-G GSM master

    Член од:
    23 јул 2009
    Мислења:
    3.668
    Допаѓања:
    1.312
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    iPhone 5s
    А дали може да се рутира било кое е верзија на андроид или само на 4.4.2 верзија?? И дали новата верзија SuperSU може и на М7?
     
  3. AtoM-AnT

    AtoM-AnT Модератор

    Член од:
    26 мар 2010
    Мислења:
    2.175
    Допаѓања:
    913
    Поени од трофеи:
    208
    За рутирање верзијата не е важна, ако сакаш да направиш S-Off тогаш е важно која верзија на H-Boot ја имаш?

    Sent from my HTC One_M8 using Tapatalk
     
  4. Pane-G

    Pane-G GSM master

    Член од:
    23 јул 2009
    Мислења:
    3.668
    Допаѓања:
    1.312
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    iPhone 5s
    А кај да најдам која ми е верзија H-Boot ?? Инаку мене ми треба само рут и ништо повеќе добро ми е овој сток .
     
  5. AtoM-AnT

    AtoM-AnT Модератор

    Член од:
    26 мар 2010
    Мислења:
    2.175
    Допаѓања:
    913
    Поени од трофеи:
    208
    Оди во Bootloader-от со притискање на Power и Volume Down, таму ќе најдеш која верзија е ама ако не правиш S-Off и не е и толку важно.

    Sent from my HTC One_M8 using Tapatalk
     
    На Pane-G му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: