Проблем HTC 8S заглавен во QDLOADER 9008 после апдејт

Дискусија во форумот 'HTC' започната од cevi, 18 фев 2019.

  1. cevi

    cevi Член

    Член од:
    12 јан 2012
    Мислења:
    58
    Допаѓања:
    8
    Поени од трофеи:
    8
    Телефон:
    Nokia Lumia 1020
    РОМ/Верзија:
    Windows Phone 8.1
    Здраво, телефончево го имам со години и ми стоеше во фиока. Имаше пукнат тач па решив да го средам. Му нарачав нов и го сменив но тамам да го вклучам гледам не реагира. Ми текна дека последен пат пробував нешто да го апгрeјдувам од WIndows Phone 8 на Windows 10 mobile и најверојатно го брикнав. Знам дека JTAG и уште некој бокс го решаваат но сакав да прашам дали некој случајно имал слично искуство и дали можеби го решил проблемов без бокс?
    Има неколку постови на интернет каде што ги решиле некои HTC модели но како што можев да видам покрај фабричкиот/STOCK ROM имаат плус два (специфични за модел) фајлови package и xml некој.

    EDIT: Поточно ми треба бекап од eMMC партициите од овој модел на телефон пошто најверојатно се имаат избришани повеќето од нив.
    Доколку некој може да ми помогне да го средам од дома топ, ако не, може ли да ми кажете колку би ме чинело unbrick на чудово?
    Благодарам.
     
    Последна промена: 18 фев 2019
  2. Alfa Mobil Team

    Alfa Mobil Team Администратор™

    Член од:
    1 фев 2008
    Мислења:
    17.483
    Допаѓања:
    2.985
    Поени од трофеи:
    358
    Телефон:
    Samsung Galaxy Note4
    РОМ/Верзија:
    SEPF_SM-N910C_5.0.1T
    бекапот од еммц партициите само со јтаг и можеш да ги впишеш, барем јас до сеа не сум сретнал кај ниеден уред што го наоѓа во зеус или куде лоадер драјвер да имаш пристап да впишуваш, затоа што е ОТП тој регион софтверски.
    Да го турам на ј-таг уредов, ќе те чини колку два комада што имаат реална вредност на пазар3 денес, доколку имаш амбиции можам на еден викенд да ти позајмам, располагам со 10-12 јтаг боксови од рифф до изи јтаг, гпг јтаг, з3х јтаг, октоплус...

    Со секој јтаг имаш и супорт, ќе си симнеш од таму ресурси, бут фајлови или што и да ти фали, иако доволно ти е само бутот да го исфлешуваш и после само апдејтувај го уредот, ако се пореметени сеќурити партииците имам HXC и XTC боксови со нив се средуваат изи пизи.
     
  3. cevi

    cevi Член

    Член од:
    12 јан 2012
    Мислења:
    58
    Допаѓања:
    8
    Поени од трофеи:
    8
    Телефон:
    Nokia Lumia 1020
    РОМ/Верзија:
    Windows Phone 8.1
    Топ и фала за понудата ама мислам дека не би се снашол со боксовите баш а и што викаш не ми се исплати. Инаку еве тема на XDA каде што го решаваат овој проблем без JTAG со што ги екстрактираат овие фајлови од самиот ROM. Сам тешко се снаоѓам па затоа пишав доколку има некој со понапредно знаење да ме упати попрецизно. Ќе пробам да видам у меѓувреме дали ќе успеам да направам нешто и доколку имам некои резултати би напишал и тема тука ако треба со процесот.
     
  4. Alfa Mobil Team

    Alfa Mobil Team Администратор™

    Член од:
    1 фев 2008
    Мислења:
    17.483
    Допаѓања:
    2.985
    Поени од трофеи:
    358
    Телефон:
    Samsung Galaxy Note4
    РОМ/Верзија:
    SEPF_SM-N910C_5.0.1T
    Јас не сум успеал ниту мојот вработен кој е advanced htc developer со тие процедури кај WP уреди на HTC, на интернет па дури и на XDA и GSMhosting има доста и фејк или неправилно преведени работи, во стил на: процедурата работи само кај одредена верзија/серија на тој модел или за одреден цид/пазар да е уредот и никој не репортира грешка или не се ни замара па објективно гледано изгледа дека е 100% функционална солуцијата и јас сум постирал некад нешто што на среќа ми успеало и никогаш повеќе и сум добил 1002 лајка на таа тема и никој доле ништо не искоментирал ниту ме демантирал, еве веќе 2 месеци работам на еден хуавеи п10 кој летово 2 пати истиот уред го оживеав со една процедура, во моментов процедурата не функционира кај овој уред и дури си мислам дека е хардверски оштетен.
     
  5. cevi

    cevi Член

    Член од:
    12 јан 2012
    Мислења:
    58
    Допаѓања:
    8
    Поени од трофеи:
    8
    Телефон:
    Nokia Lumia 1020
    РОМ/Верзија:
    Windows Phone 8.1
    Моментално единствен проблем ми е да го екстрактирам .nbh фајлот (RUU_Signed.nbh поточно) бидејќи во него се наоѓа Boot партицијата од која би ги извадил овие два фајла. Искрено телефонов е тиња и не вреди да се замарам со него но имам чат пат време и мислев да се обидам да направам нешто во врска со него (ако е можно). Ме интересира дали Jtag или другиве боксови мораат да бидат поврзани директно со телефонот или можам и без него да ги симнам потребните фајлови па накнадно да ги флешнам? Препоставувам ќе ми треба акаунт за боксовите преку кои би ги симнал фајловите. Како оди плаќањето, башка боксот, башка акаунтот или?
     
  6. Alfa Mobil Team

    Alfa Mobil Team Администратор™

    Член од:
    1 фев 2008
    Мислења:
    17.483
    Допаѓања:
    2.985
    Поени од трофеи:
    358
    Телефон:
    Samsung Galaxy Note4
    РОМ/Верзија:
    SEPF_SM-N910C_5.0.1T
    Мора да бидат поврзани со уредот, тоа е и поентата зошто е неисплатливо. Треба на овој принцип да се поврзе:

    [​IMG]

    еве го пинаутот за 8ес, тоа на сликата погоре е сензејшн.
    [​IMG]
     
  7. cevi

    cevi Член

    Член од:
    12 јан 2012
    Мислења:
    58
    Допаѓања:
    8
    Поени од трофеи:
    8
    Телефон:
    Nokia Lumia 1020
    РОМ/Верзија:
    Windows Phone 8.1
    Супер, само сега кажи ми која варијанта ми е најисплатлива според тебе. Да купам бокс само за овој еден уред не ми се исплати, да го донесам кај тебе да го поминеш исто не ми се исплати, што ми останува како избор или воопшто немам? Можам ли некако да дојдам до boot фајловите што ги симнува боксот па да пробам со нив да си поиграм, ми спомна дека можеш да ми го позајмиш боксот, колку би ме чинело тоа, ќе треба ли накнадно да плаќам за да го флешнам телефонот?
     
  8. Alfa Mobil Team

    Alfa Mobil Team Администратор™

    Член од:
    1 фев 2008
    Мислења:
    17.483
    Допаѓања:
    2.985
    Поени од трофеи:
    358
    Телефон:
    Samsung Galaxy Note4
    РОМ/Верзија:
    SEPF_SM-N910C_5.0.1T
    Најверојатно не ме следиш, бут фајловите се впишуваат само преку јтаг - не во кодот кој ти е влезен уредот. Ако сакаш ќе ги качам, ама во .bin и dll фајл се и енкриптирани се за секој бокс специфично направени да ги исчитува, што значи фајловите од RIFF не се компатибилни со ORT, со Z3x Easy Jtag GPG Jtag, Medusa/Octoplus итн... за кој бокс да ти симнам?

    Алтернативата ти ја спомнав, ако сакаш да ти позајмам бокс на еден викенд играј си, но ако не си спремен да го растураш телеофнот и да лемиш жици на тест поинтите - џабе ќе си го губиш времето.
     
    На cevi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. cevi

    cevi Член

    Член од:
    12 јан 2012
    Мислења:
    58
    Допаѓања:
    8
    Поени од трофеи:
    8
    Телефон:
    Nokia Lumia 1020
    РОМ/Верзија:
    Windows Phone 8.1
    Го отворив телефонот и залемив жици на тест поинт ите како на сликата. Можам ли утре да поминам да го земам боксот и да видам дали ќе успеам да го средам?

    Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
     

Сподели преку: