HTC: Нема повеќе апдејти за One S

Дискусија во форумот 'HTC One Series' започната од BokUre, 8 јул 2013.

  1. BokUre

    BokUre GSM master

    Член од:
    18 јан 2009
    Мислења:
    11.750
    Допаѓања:
    6.010
    Поени од трофеи:
    358
    Кога ќе купите некои од поскапите Android телефони, вие имате неколку очекувања. Пред се, и најважно, е дека телефонот ќе ви трае добри две години пред да изгледа како „диносаурус“...

    [​IMG]

    Втората работа која би ја очекувале е дека ќе добивате нови апдејти и функционалности како што Android ќе продолжува да расте. Заради тоа, овој потег на HTC е навистина разочарувачки. Продажбата на телефонот почна пред една година, односно во април 2012-та, а веќе денес компанијата потврди дека неговите сопственици засекогаш ќе бидат „заглавени“ со Android 4.1.1 и Sense 4+.
    One S воопшто не е слаб модел и поседува солиден dual-core процесор што веројатно може да ги „издржи“ најновите верзии на Android. Проблемот е што HTC сака да се фокусира на иднината, па нема време за своите постари телефони. Сепак, доколку ги игнорирате постоечките корисници, тогаш мала е веројатноста дека тие би ви останале лојални. HTC секогаш ги фали своите телефони и таа возбуда трае неколку месеци, а потоа моделите се водат како „застарени диносауруси“.
    Не би можеле директно да споредуваме, но iPhone 4, кој поседува single-core процесор, ќе добие iOS 7. Точно, компанијата Apple оптимизира помалку мобилни телефони, но затоа имаат огромна бренд лојалност.
     
    На Pane-G, krale и MacedonianBoy им се допаѓа ова.
  2. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.059
    Допаѓања:
    9.142
    Поени од трофеи:
    358
    Дебакл. Овој модел е меѓу поновите и да не добива подршка е стварно мизерно.
     
    На Klanistok и BokUre им се допаѓа ова.
  3. BokUre

    BokUre GSM master

    Член од:
    18 јан 2009
    Мислења:
    11.750
    Допаѓања:
    6.010
    Поени од трофеи:
    358
    е поради истава причина ја поставив (ископирав од порталот) темава.


    Sent from my iPhone 5 using Tapatalk 2
     
    На Klanistok му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Klanistok

    Klanistok Администратор™

    Член од:
    8 јун 2009
    Мислења:
    943
    Допаѓања:
    554
    Поени од трофеи:
    93
    катастрофа, ако не се способни за апдејти нека не стават сенс.
     
    На BokUre му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AlexM

    AlexM Познат Член

    Член од:
    11 мар 2010
    Мислења:
    1.152
    Допаѓања:
    407
    Поени од трофеи:
    83
    Точно нека ги пуштаат со сток андроид, ме разочарува htc. Вади одлични премиум телефони и ненуди никаква поддршка. За нив катастрофа. Сами си ја уништија репутацијата што ја уживаја кај потрошувачите
     
    На Klanistok му/ѝ се допаѓа ова.
  6. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.059
    Допаѓања:
    9.142
    Поени од трофеи:
    358
    Дечки, да бидеме искрени, па доста го подржуваа овој модел, што сакате вие.
     
    На Klanistok му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ilche11

    ilche11 Познат Член

    Член од:
    8 мај 2011
    Мислења:
    1.351
    Допаѓања:
    217
    Поени од трофеи:
    63
    Oдма споредби со ајфон ... многу нормално дека ќе имаат поддршка ајфоните кога имаат само 6 модели на телефони ... ајфоните се башка приказна и затоа имаат најака оптимизација
     
  8. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.059
    Допаѓања:
    9.142
    Поени од трофеи:
    358
    Па и ХТЦ нема баш премногу модели...

    HTC DESIRE C
    Desire X
    ONE V
    ONE X
    ONE S
    Desire V

    и уште 2-3 модела варијација на тема.

    Ако ова не можат да го подржуваат, нека почнат да произведуваат макарони поарно.
     
    На supermen, Nearen и BokUre им се допаѓа ова.
  9. RagingDemon

    RagingDemon 20h SOT

    Член од:
    26 јун 2011
    Мислења:
    4.050
    Допаѓања:
    4.316
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    Nexus Master Race
    РОМ/Верзија:
    OP5, Android Pie
    Ова не е ништо ново, HTCrap се познати по напуштање на телефоните. Истото го направија со дизајр, со сензејшн, еве сега со one s и со многу други, а следен е one.
    За иронијата да биде поголема прво кажаа дека One S ќе добие апдејт, а потоа велат дека нема :Кома:
    Со ваквите постапки буквално на своите корисници има велат "кој ве е*е" и после се чудат зошто пластиката на Самсунг се продава повеќе од нивниот алуминиум и зошто доаѓаат во ситуации пред банкрот.

    Баш поради ваквите "кој ве е*е" моменти, HTC никогаш повеќе.
     
    На Pane-G, zokimk и BokUre им се допаѓа ова.
  10. BokUre

    BokUre GSM master

    Член од:
    18 јан 2009
    Мислења:
    11.750
    Допаѓања:
    6.010
    Поени од трофеи:
    358
    памти кога сум ти ставил лајк хаха
    мене знаеш што ме иритира највеќе кај хтц, исти ос, исти хардвер со с4 хтц уан, с4 е каде каде попптимизиран од хтц то.


    Sent from my iPhone 5 using Tapatalk 2
     
    На RagingDemon му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: