GG, емисија за игри, софтвер и хардвер и се во врска со нив!

Дискусија во форумот 'Забава и култура' започната од NeNo-94, 29 авг 2013.

  1. NeNo-94

    NeNo-94 iModerator

    Член од:
    7 окт 2011
    Мислења:
    1.041
    Допаѓања:
    743
    Поени од трофеи:
    113
    Гораст Цветковски, актер и, поважно, хардкор гејмер, планира да го претстави гејмингот во ново светло пред македонската публика. Концептот му е да започне емисија – GG - која ќе биде за секој вид на игри и за сите гејминг турнири. Емисијата ќе има разновидна содржина која ќе им се допадне на сите гејмери, од casual гејмерите што играат игри само понекогаш, до гејмерите што се целосно посветени на се попопуларниот е-спорт кој сега се наградува со неверојатни 1,4 милиони долари.
    Со емисијата, Гораст сака да отвори дискусија за игрите, односно да ги сруши старите табуа дека игрите се штетни и „се играат во замаглени и загушливи играчници“, и да објасни дека тие се креативни и можат да креираат одлични друштвени заедници. Но, да не заборавиме дека игрите се исто така неверојатно профитабилни и можат да да прераснат од хоби во сериозен стартап. Најдобар локален пример за ова се македонското гејминг студио Tesseract Interactive кои неодамна добија 30.000 долари инвестиција за да ја развијат својата игра. За Гораст, ваквите примери и многу други се добра основа да се отвори нова едукативна дискусија за гејмингот и се што е поврзано околу него.

    Емисијата ќе биде за игри, хардвер и се во врска околу нив – од резенции до покривање на турнири за сите врсти игри од класичните до тие за конзоли и дури board игри.



    извор
     
    На zmejce, DigitalDreamer, TaleNT и уште 4 други им се допаѓа ова.
  2. Alumen :)

    Alumen :) Активен Член

    Член од:
    8 апр 2012
    Мислења:
    495
    Допаѓања:
    123
    Поени од трофеи:
    43
    Телефон:
    Huawei Ascend P7
    РОМ/Верзија:
    4.4.2/EMUI 3.0
    Време беше за вакво нешто.
    Браво за Г, и екипата.
     
  3. NeNo-94

    NeNo-94 iModerator

    Член од:
    7 окт 2011
    Мислења:
    1.041
    Допаѓања:
    743
    Поени од трофеи:
    113
    Ете и пофалби до нас :)

    21.png
     
    На zmejce и DigitalDreamer им се допаѓа ова.

Сподели преку: