НОВО Galaxy Note 9

Дискусија во форумот 'Samsung' започната од The Geek Boy, 10 авг 2018 во 15:06.

  1. The Geek Boy

    The Geek Boy Нов член

    Член од:
    четврток
    Мислења:
    26
    Допаѓања:
    16
    Поени од трофеи:
    3
    Телефон:
    Samsung Galaxy J7(6)
    РОМ/Верзија:
    Android 7.0 Nougat
    Епа како и секогаш, и оваа година Samsung искочија со нов телефон од Galaxy Note класата, а тоа е Samsung Galaxy Note 9.
    За Самсунг ова е најдобриот Note телефон некогаш направен.
    Телефонот беше објавен од Samsung, вчера на Unpacked Настанот во Њујорк, САД.
    DJ Koh за телефонот и за Samsung како компанија кажа дека нивната цел е да достигнат нешто што нам ќе ни се допадне, за да ни овозможи полесен живот на начинот на кој што ние сме си го замислиле и оствариле.
    Тој кажа за Note класата, дека секоја година ги слушаат корисниците што сакаат да добијат, и дека секоја година се трудат да направат нешто што ќе биде над нашите очекувања.
    И навистина така испадна со Galaxy Note 9. Добивме повеќе од што очекувавме.
    Спецификациите за овој телефон се не многу различни од S9+.
    А за дизајнот Galaxy Note 9 буквално изгледа ист како претходниот Note 8, каде што дури и двојната камера останува хоризонтална, но скенерот за отпечатоци на прст оваа пат е е наместен под двојната камера, каде што е полесен да се достигне со прсти, и каде што камерата неможе да се "ушмрља" со отпечатоци од прст.
    Кога сме кај камерата, главниот сензор е ист како кај S9+, со дупла апература F1. 5/2.4 која што може да се менува во зависност од дали е сликата сликана денски, или во ноќно време резултирајки во телефон што вади многу добри слики, и во дење, а и во ноќе.
    Но тоа не е се. Samsung оваа пат ја подобрија камерата системски каде што AI (Artificial Intelligence) може да детектира со помош на процесорот што тоа се слика, и ја прави таа слика подобрена.
    Еве например ако сликам цвеќе, самиот AI систем ќе детектира дека сликам цвеќе, и сликата ќе ја подобри.
    Предната камера е истата 8 мегапиксели 1.7f апература.
    Освен камерата тука е и S - Pen сетилото каде што сега работи понежно, може да се полни и има Bluetooth технологија.
    Стилото со Bluetooth може да слика слики со клик на копчето на S - Pen стилото, а дупли клик за да се смени од задна на предна камера и обратно. Исто така стилото може преку Bluetooth да паузира песни и обратно. Со кликање на копчето може исто така и да се отклучи телефонот.
    Исто така и Стилото може да се полни со внесување на S - Pen Стилото назад во телефон, 40 секунди полнење ви дава 30 - минутно користење на пенкалото за тие Bluetooth опции.
    И исто така ако батеријата на Стилото се испразни, Стилото пак може да се користи како кај претходните генерации каде што Стилото работеше без батерија.
    Но тоа не е се. Samsung наскоро ќе го отворои SDK - то каде што креаторите ќе може да ја имплементираат оваа опција на нивните апликации да можат да прават разноразни работи само со допир на копчето на стилото.
    Другите спецификации се тука негде слични.
    Големината на овој телефон е 6.4" поголем од предходниот Note 8 за 10mm. Екранот е истиот Super AMOLED кој што за него се вели дека е посветол, а резолуцијата е 1440х2960 пиксели, но како кај сите Samsung телефони default резолуцијата е 1080 пиксели, која што може да се промени во 2K резолуција, но тоа би резултирало во зголемено трошење на батеријата.
    Кога сме кај батеријата, Samsung оваа пат со Galaxy Note 9 има поставено гигантска 400mAh батерија, која што би траела до два дена без проблем.
    Звукот оваа пат е стерео, како што видовме кај Galaxy S9/S9+ и овде за прв пат се користи таа технологија тунирана од AKG со Dolby Atmos опција која што нуди богат 3D звук. Освен звукот оваа пат имаме ист Snapdragon и Exynos процесор како кај S9/S9+, но оваа пат со поголема вградена цевка која што би го ладела процесорот подобро кога е загреан.
    Андроид - от е Android Oreo 8.1 со Samsung Experience 9.5, и оваа пат имаме подобрена Bixby верзија под назив Bixby 2.0.
    Освен тоа, оваа пат Samsung не изненади со меморија дури и до 1 терабајт. Кул, нели?
    Епа ова пат има два модели. Едниот е со 128GB внатрешна меморија, 6GB RAM, и слот за Micro SD картица која што може да прими меморија и до 512GB.
    Вториот модел е со 512GB внатрешна меморија, 8GB RAM, и истиот слот со можност до 512GB надворешна меморија.
    И замислете луѓе 512+512,тоа ќе биде терабајт лудило. Толку многу меморија е луда работа.
    Цената се очекува да биде едно 1,000 долари во зависност од моделот, а телефонот би требало официјално да искочи за купување на 24 - ти август.
    Е сега кај нас незнам кога ќе искочи, ама знам дека Ледиком со сигурност ќе го имаат први.
    Богаташи, доста со тоа ајфоните, и Кинеските телефони, земете си го овој ѕвер. Нема што нема.
    Плус и популарната Battle Royale игра Fortnite треба да искочи (бета верзија) ексклузивно за сите Samsung S, Note, Galaxy Tab S уреди почнувајќи од S7 Edge, Note 8,Tab S3 па се до S9+,Note 9,Tab S4. Fortnite ќе биде некое време достапна (отприлика 2 до 4 месеци) ексклузивно само за Samsung уредите. И секој што ќе го купи Note 9,ќе добие 15,000 vBucks во Fortnite, и Galaxy Skin.
    Повеќе информации за спецификациите може да се најдат овде:
    https://m.gsmarena.com/samsung_galaxy_note9-9163.php
    Слободно споредете го со било кој телефон, и ќе видите дека сум во право.
    Хеј, и плус џекот за слушалки е тука, IP 68 водоотпорност дури и на стилото.
    Исто така останува и безжичното полнење.
    Слики за Samsung Galaxy Note 9,и видеа од негово разгледување од различни јутубери можат да се најдат подоле.
    samsung-galaxy-note9-1.jpg samsung-galaxy-note9-3.jpg samsung-galaxy-note9-r2.jpg samsung-galaxy-note9-r4.jpg
    samsung-galaxy-note9-2.jpg






    Иначе планира ли некој да го земе?
    Се обложувам дека 80% дека нема да го земат бидејки не сме сите богаташи, па на крај краишта завршуваме или со некој кинески телефон, или со J/A/S класите од Samsung.
    Сепак, зборете што сакате, ова е најдобриот телефон од Samsung некогаш направен.
    I'm a die hard Samsung fan, и така и ќе остане.
    Samsung си е Samsung, после разноразни експерименти сите завршуваат со најдобриот бренд за телефони - Samsung.
    (Извинете ако има било какви грешки направени во оваа тема)
     
    Alfa Mobil Team, OLI-HAUG, goran и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. The Geek Boy

    The Geek Boy Нов член

    Член од:
    четврток
    Мислења:
    26
    Допаѓања:
    16
    Поени од трофеи:
    3
    Телефон:
    Samsung Galaxy J7(6)
    РОМ/Верзија:
    Android 7.0 Nougat
    Пошто бев лимитиран, еве ги видеата од официјалнот Unpacked Event во Њујорк, и од официјалните трејлери на Samsung :


     
    На goran и DigitalDreamer им се допаѓа ова.
  3. The Geek Boy

    The Geek Boy Нов член

    Член од:
    четврток
    Мислења:
    26
    Допаѓања:
    16
    Поени од трофеи:
    3
    Телефон:
    Samsung Galaxy J7(6)
    РОМ/Верзија:
    Android 7.0 Nougat
    GN9_Spec-comparison_main_1.jpg
     
  4. OLI-HAUG

    OLI-HAUG Nokia 3310 FTW

    Член од:
    18 фев 2013
    Мислења:
    7.202
    Допаѓања:
    5.534
    Поени од трофеи:
    258
    Добро си се намачил за текстот Браво!

    Многу добро телефонче :).
    Лажам!

    Среќа што нема никогаш да го купам...

    Сепак тоа е Самсунг-маркетинг компанија :).

    1000 евра за Андроид- Самсунг сепак е премногу.
    Андроид со подршката што ја нудат кон корисниците цена максимум 400 евра.

    И добро е што Самсунг користи Андроид 8.1 за да ви покаже дека и вие некогаш може ќе имате пример андроид 9 одприлика 2019 јуни месец :) во еден с9.
     
    На The Geek Boy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. The Geek Boy

    The Geek Boy Нов член

    Член од:
    четврток
    Мислења:
    26
    Допаѓања:
    16
    Поени од трофеи:
    3
    Телефон:
    Samsung Galaxy J7(6)
    РОМ/Верзија:
    Android 7.0 Nougat
    Веќе има Android 9 за сите Samsung телефони што имаат Android 8.0
    Апликацијата се вика GoodLock, и буквално ѓи има сите опции како Android 9.
    Штета што ја нема за Android 7,ама ќе издржам уште малце дур да добијам Android 8.
     
    На OLI-HAUG му/ѝ се допаѓа ова.
  6. OLI-HAUG

    OLI-HAUG Nokia 3310 FTW

    Член од:
    18 фев 2013
    Мислења:
    7.202
    Допаѓања:
    5.534
    Поени од трофеи:
    258
    :)

    Колку што знам сите самсунзи се заглавени на 8.0 ( барем премиум уредите) ова е прв со 8.1.
    Самсунг секогаш пушта апдејти со задоцнување од 8-9 месеци и никогаш не ја става последната верзија на Андроид.
    Па изледуваат со багови и така се додека не му излезе следниот помов уред и тука застанува Се за постариот.
    Или ќе добие ама никој не знае кога.
    Едно Сони и Хтц имаат побрзи апдејти од Самсунг.

    Прашањето е ,не кога ти можеш да ставиш некоја тешка бета од андроид 9 туку кога самсунг ќе ти покаже дека се гриже за тебе и он ќе го направи истото без GoodLock :)?
    Знаеш ли кој беше одговорот на директорот на самсунг после с4 или с5 моделот зошто ги прават сеуште пластични телефоните како од кисело млеко :).

    Па вика можеме побрзо да ги штанцаме :))).

    Штанцај и продавај по 100 евра не по 1000 маркетинг Компанијо :).

    Позз Друже самсунг е далеку од реално добар уред он секогаш ќе биде тежок просек.
    А Аппле стандард ќе биде 1-2 години понапред од сите нив.
    Е тоа Аппле го наплаќа и има Зошто!
     
  7. DigitalDreamer

    DigitalDreamer GSM master

    Член од:
    20 фев 2009
    Мислења:
    2.885
    Допаѓања:
    2.439
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    Xperia X
    РОМ/Верзија:
    7.0
    Јас уште им го нејќам софтверот на Самсунг. Не знам зашо не одат со поблиску до Vanilla Android на изглед, зашо мора да измислуваат топла вода. Нека си ги има тоа gimmicks и шо и да им е специјално за нивните уреди, ама нека биде чист дроид и нема да се чека за апдејти по 100 години.
    Инаку кога ќе земам наредно телефон, ќе биде од групата на Google, Moto и Sony (во тој редослед). Засега софтверски и со подршка тие ми се допаѓаат најмногу.

    Ама ноте9 шо е ѕверче на изглед, ѕверче е. Фала богу го средија тоа со локацијата на fingerprint-от
     
    Последна промена: 11 авг 2018 во 10:28
    На The Geek Boy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Alfa Mobil Team

    Alfa Mobil Team Администратор™

    Член од:
    1 фев 2008
    Мислења:
    17.431
    Допаѓања:
    2.957
    Поени од трофеи:
    358
    Телефон:
    Samsung Galaxy Note4
    РОМ/Верзија:
    SEPF_SM-N910C_5.0.1T
    Ако имаат порастеретен андроид ко Хуавеи или чист дроид ко Нексус би биле толку добри и продавани, што ќе немаат конкуренција, па дури и ејпл корисниците би мигрирале на Самсунг.
    Хуавеи се прослави на моќен хардвер со порастеретен јузер интерфејс, да така дури и уреди од пред 5 години без никаков апдејт одкако искочиле, не дошле со проблем лагување, паѓање на системот а воедно и поради неоптоварување на хардверот не цркнуваат.
    Факт е дека во последно време, сите телефони се оверклокнати фабрички затоа и греат при најпрости операции као апдејт на апликации. Ми текнува порано кога работев за хтц, 90% од премиум уредите дури беа фабрички даунклокувани и тогаш беше интересна ера да тјунираш, оверклокуваш и вадиш 3 пати подобри перформанси. Сега треба да си ги растеретуваме уредите софтверски за да не ни цркнат од прегревање :)
     
    На goran и DigitalDreamer им се допаѓа ова.
  9. The Geek Boy

    The Geek Boy Нов член

    Член од:
    четврток
    Мислења:
    26
    Допаѓања:
    16
    Поени од трофеи:
    3
    Телефон:
    Samsung Galaxy J7(6)
    РОМ/Верзија:
    Android 7.0 Nougat
    Мене искрено изгледот на Андроид - от на Samsung од 7.0 со Samsung Experience 8.0 ми се допаѓа. Samsung нуди многу можности да менување на доста опции кои што Google никогаш не ги нуделе.
    Еве Samsung уште од Android 6.0 има продавница за теми, а еве ги Google, уште немаат ништо од тоа.
    Google на цело го тргна System UI Tuner - от, а Samsung секоја година додава некоја + опција.
    Нема голема разлика од 7.0 до 8.0,ама со 9.0 ќе има и те како.
    Плус, сте приметиле ли дека можете со Good Lock апликацијата да уредувате што сакате.
    На пример, лентата за навигација, екранот за заклучување и доста други работи.
    Еве видете:
     
    На Alfa Mobil Team му/ѝ се допаѓа ова.
  10. goran

    goran GSM Sensei

    Член од:
    3 мај 2008
    Мислења:
    2.146
    Допаѓања:
    1.623
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    OnePlus 5T
    РОМ/Верзија:
    Android O
    Андроид телефон само на сток андроид!

    Sent from my ONEPLUS A5010 using Tapatalk
     
    На Dzepar и OLI-HAUG им се допаѓа ова.

Сподели преку: