FOMO И НЕГОВИОТ АНТИДОТ JOMO

Дискусија во форумот 'Животен стил' започната од 995user, 25 сеп 2014.

  1. 995user

    995user Познат Член

    Член од:
    23 ное 2013
    Мислења:
    1.203
    Допаѓања:
    704
    Поени од трофеи:
    113
    Веројатно страдате од него, иако не знаете како се вика, и никогаш не сте застанале за да размислите во што се состои вашата секојдневна нервоза. FOМO или СОТНДП (страв од тоа нешто да пропуштиш) е форма на социјална анксиозност, предизвикана од модерните технологии. Знаете за што зборуваме, нели?

    FOМO (Fear of Missing Out) е последица, која е причина, која повторно станува последица, на вашиот страв од тоа да бидете „исклучени", не само во технолошка смисла на тоа да бидете „офф", туку и во социјална, да не бидете „ин", односно да бидете „аут". Оваа спрега на психолошка зависност и страв од тоа импулсот да не биде задоволен (од пет минути пад на интернет, до одмор на место каде требало да има интернет, а нема) прв пат е опишана со горниот акроним во текст во Њујорк Тајмс од април 2011, во кој феноменот меѓу другото се анализира низ претставување на тогаш новата книга на Шери Тркл (Sherry Turkle), професор на MIT, под наслов „Сами заедно".

    Според неа ваквата зависност од технологијата и нашиот страв да бидеме напуштени од неа тогаш кога најмногу ни треба (а ни треба постојано) е резултат на нашата незрела врска со неа која сè уште се развива, и која еден ден, кога ќе ја надминеме бебешката фаза на врзаноста за „цицката", а потоа и за раката која нè храни, можеби ќе стане поеманципирана. Накратко, чарето е човек да ја пресече папочната врска со својот мобилен, кој станува основа за неговата (лажна) сигурност и информираност, односно контрола над она што се случува околу него.

    [​IMG]
    Во нов текст на оваа тема во Њу Стејтсмен под наслов „Дали е можно да се живее модерен живот на контемплација" авторката Маргарет Корвид ја опишува својата најпрвин тензична, а сега спокојна врска со технологијата, која не подразбира радикално исклучување туку модерирање и умереност. Како што добро го знаат оние помеѓу нас кои грчевито се држат до принципот на имање минимален број пријатели на Фејсбук и до прастар модел мобилен без интернет, нејзината одлука на водење ваков живот не се должи на некаква желба да се биде аскета, туку на желбата да се биде физички и психички здрав.
    „Тоа што не сум опседната со интернет ми дава простор да мислам, да учам и да пишувам. Сега сум способна да читам и да разберам сложена книга, и да апсорбирам и интегрирам нови идеи. Сега, кога имам мир и можам да се фокусирам, повторно почнав да се занимавам со политика, преземајќи мали чекори во борбата за социјална правда. На интернет може да има вистинска длабочина и човечка комуникација, но само ако знаете каде да ги побарате. Не ги мразам социјалните медиуми, но ја заслужувам мојата среќа и тоа да учествувам во светот под мои услови. Бидејќи ако сум посреќна, тогаш ќе можам и повеќе да понудам, и како активист, и како човек", вели таа.
    Ако се пронаоѓате во што и да е од ова, целиот текст тука. И размислете за ЈОVO - јоy of missing out, или радоста од тоа нешто да пропушташ.
     

Сподели преку: