Проблем Coolpad Torino

Дискусија во форумот 'Останати брендови' започната од GringoLoco, 11 фев 2018.

  1. GringoLoco

    GringoLoco Нов член

    Член од:
    11 фев 2018
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    1
    Поени од трофеи:
    3
    Телефон:
    Torino
    Здраво, се надевам дека ја отварам темава на право место, доколку е на погрешно го замолувам модератор/админ да ја премести.
    Користам Торино веќе 6-7 месеци, во исто време купивме повеќе уреди Торино (3), но од кога и кога поминаа веќе 2 месеци се забележаа некој кинески реклами на телефонот. Тогаш тие реклами и не претставуваа проблем беа бааги ретки (еднаш во две недели се појавуваа), како поминуваше времето се зголемуваа и прикажувањата на рекламите за веќе денес да се прикажуваат и по 10 пати на ден.
    Прашањето ми е следново : Дали може да се приинсталира друг андроид на истиов уред и дали би се надминал тој проблем (колку што прочитав Торино користат "нивни" андроди.)
    *И да, имам направено веќе неколку систем рестарти, но безусшено.
    Ви благодарам,
    Со почит!
     
    На NikS му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Alfa Mobil Team

    Alfa Mobil Team Администратор™

    Член од:
    1 фев 2008
    Мислења:
    17.438
    Допаѓања:
    2.964
    Поени од трофеи:
    358
    Телефон:
    Samsung Galaxy Note4
    РОМ/Верзија:
    SEPF_SM-N910C_5.0.1T
    Не дека ги навредувам кинеските уреди, но скоро сите брендови па вклучувајќи и Леново што е добар бренд за лап топ компјутери и талбети го имаат истиот проблем, системот им е лесно ранлив и овој тип на вируси го рутуваат уредот, влегуваат како дел од системските апликации и решението е или сток ром да се стави за да се избришат од дата базата на фирмверот скроз, но за да не се повтори проблемот сервисерот што ќе го направи тоа препорачливо е повторно да го рутне и на рут акцесот да му направи динај на сите можни опции.

    Можам да ти помогнам и сам како тоа да си го средиш со едноставни туторијали, но постојат ризици и да го рокнеш уредот при флешување, да така моја препорака е најубаво да си го однесеш под гаранција а одкако ќе ти го вратат симни си кинго рут, рутни го и направи Deny на рутот.
     
    На NikS и GringoLoco им се допаѓа ова.
  3. GringoLoco

    GringoLoco Нов член

    Член од:
    11 фев 2018
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    1
    Поени од трофеи:
    3
    Телефон:
    Torino
    Дали ти го работиш тоа и колку пари чини, бидејќи ако го однесам под гаранција ќе заборават како изгледам... (инаку од Вип е земен) - што е најсмешно од 3те уреди во 2 работи дуал-сим, во овој ни тоа не работи :) (не ја чита втората картичка кога се става, а и нема опција во андроидот дуал-сим). - Не ги напаѓам кинезите, едноставно направиле ефтин уред за наш пазар...
     
  4. Alfa Mobil Team

    Alfa Mobil Team Администратор™

    Член од:
    1 фев 2008
    Мислења:
    17.438
    Допаѓања:
    2.964
    Поени од трофеи:
    358
    Телефон:
    Samsung Galaxy Note4
    РОМ/Верзија:
    SEPF_SM-N910C_5.0.1T
    Моја препорака е да го однесеш под гаранција но по можност директно во овластениот сервис, точно е дека ако го однесеш уредот во вип они истиот ден или ден покасно нема да го однесат во сервис не ме фаќајте за збор ама еднаш неделно знам дека носат по стотици и тука е проблемот што се задржуваат по 3-4 недели, затоа најубаво е доколку стои овластен сервис во гаранцијата директно таму да си се однесе. Не сум сигурен дали АСА или Промо беа, си пишува во самата гаранција. Пријави го и проблемот со дуал сим, можно е да е и хардверски.

    Ти пратив пп за цена, не дека не сакам да ти ги земам парите но мој совет е кога уредот има проблеми, да се носи под гаранција за задржување на истата во случај да излезе нешто непредвидливо или во иднина посериозен проблем.
     
    На goran му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: