Blackberry Z30

Дискусија во форумот 'BlackBerry' започната од Effendi, 23 сеп 2013.

  1. Effendi

    Effendi Искусен член

    Член од:
    23 дек 2010
    Мислења:
    770
    Допаѓања:
    870
    Поени од трофеи:
    158
    Изгледа она што е во мода,мора и најтврдокорните да го следат,па имаме блекбери телефон кој не личи на блекбери,а тоа е новиот ББ Z30.Иако,мое мислење иднината во телефоните баш се наоѓа тука во блекбери, а не во брзорастечки комерцијални фирми како самсунг. Сепак времето ќе покаже,не се работи за фанатизам но компанија со идеа е секогаш пред компанија која сака квантитет.

    [​IMG]

    Овој пат блекбери изненадува со огромниот екран, валјда колку да го има на полица и името блекбери помеѓу конкурентите назначени “Телефони со огромни екрани“.
    Доаѓа појачан ,стандард како и секој телефон кога му излегува нова верзија.
    Блекбери Z30 и не е баш најнов смартфон,претходно се појави како Блекбери А10.
    Споредено со останатите конкуренти, Самсунг Галакси С4, Хтц Оне и далје, не изгледа толку огромен.


    [​IMG]


    Она што го најавуваат од блекбери како новост,се стерео звучниците што ќе ги има Z30,кои продуцираат кристално чист природен звук.Одлична вест за љубовџиите по телефон.


    [​IMG]


    Во оперативниот систем и нема некои промени, сеуште на прво место како најголема иновација е Блекбери хабот,кој кога ќе го отворите,се изненадувате од лајкови,твитови,смс,меилови..
    Она што се знае е дека ќе работи на 10.2 верзија на оперативен систем.
    Големо подобрување од страна на батеријата- ако Z10 имаше лоша (стандардна за смартфон)батерија, овој пат имаме уред кој гарантирано преку цел ден и ноќ ќе издржи без полнење.Да видам да не верувам.
    Батеријата има 2,880mAh што е и поголема од (мојот миленик) Q10 со 2,100 mAh.За жал,батеријата на Z10 беше со 1,800 mAh.

    Детаљи:

    Мрежа 3г,4г,користи микросим.
    Димензии: 140.7 x 72 x 9.4 mm
    Екран: Super AMOLED capacitive touchscreen, 16M colors
    720 x 1280 pixels, 5.0 inches (~294 ppi pixel density)
    Рам меморија: 2гб
    Вградена меморија: 16гб
    Камера: 8 MP, 3264 x 2448 pixels /1080p@30fps
    Предна камера: 2 MP, 720p@30fps
    Платформа: BlackBerry 10.2 OS
    Qualcomm Snapdragon S4Pro
    Процесор: Dual-core 1.7 GHz Krait
    GPU Adreno 320
    Батерија: Li-Ion 2880 mAh battery
    Времетраење на батерија: 25 часа.



    [​IMG]

    [​IMG]






    Unboxing video:

     
    На zokimk, fenomenmk и Скоти им се допаѓа ова.
  2. zokimk

    zokimk Искусен член

    Член од:
    25 мар 2012
    Мислења:
    1.838
    Допаѓања:
    1.726
    Поени од трофеи:
    178
    Користиш Q10?
     
  3. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.088
    Допаѓања:
    9.166
    Поени од трофеи:
    358
    Само едно прашање имам за телефонов:

    Дали Блекбери ќе постои додека се појави телефонов на пазар?


    п.с. Прашањево е озбилно.
     
  4. Effendi

    Effendi Искусен член

    Член од:
    23 дек 2010
    Мислења:
    770
    Допаѓања:
    870
    Поени од трофеи:
    158
    Ја и озбилно те сфатив. Велат дека наскоро ќе се отпуштаат повеќе од 4000 вработени и дека ќе се работи само на софтверот,но ништо од тоа не е потврдено официјално од блекбери.Засега најавија дека ова е последен блекбери телефон,што значи да очекуваме во иднина со некој вселенски брод да се појават:)
    Планираат да се насочат кон 4 уреди, два high end devices и entry level devices.
    Што се вели едно ама вредно.Цените на сегашните модели како Z10 ќе паднат доста многу што значи кога ќе го продадете вашиот самсунг с2 ќе можете да го трампате и за Z10.
    Загубите се очигледни кај блекбери.Пред се би рекол мрзеливоста и преголемиот оптимизам во однос на тоа дека бизнисменот има во интерес меилот да му стигни на време, да отвори ворд документ и да направи повик со квалитетен сигнал.За жал,одамна стана тоа минато.Ги прескокнува корисниците и сака наеднаш да се пласира кон пошироката маса,со тачови со нови оперативни системи и далје...а не сфаќа дека неговите конкуренти вадат на два месеци нов телефон (самсунг) заради што на готово го добиваат софтверот.

    Како и да е, јас сум оптимист за оваа фирма. Ако седне и го испоти г`зот можно е да се појави нешто навистина вредно и достојно за позитивни критики.Блекбери отсекогаш имале квалитетен дизајн и хардвер, но никогаш доволно нашминкан софтвер,а сепак иновативен.Самиот Z10 е склопен по пат на брза постапка. Q10 е нешто што требаше да е само Z10.Исто како Apple,кога вади нов ајфон, почекај една година додека ги досреди недостатоците во претходниот и купи го во S верзија.
    Зошто голем број корисници ги фрлија блекбери телефоните и ги заменија со пластични андроиди (самсунг)?
    Неможноста да се вклучиш на 3г/4г освен со посебен блекбери дата план,нема скајп,нема други апликации кои ќе го пополнат интерфејсот на телефонот а и времето на корисникот.
    Андроид им го нуди сето тоа и уште многу повеќе. Spy-апликациите се гратис:)

    Повеќе инфо.
     
    На христијан и Torte Mobile им се допаѓа ова.
  5. tinno

    tinno Член

    Член од:
    22 авг 2015
    Мислења:
    41
    Допаѓања:
    45
    Поени од трофеи:
    18
    Телефон:
    Blackberry
    РОМ/Верзија:
    Passport SE
    Z30 i posle skoro dve godini e eden od najfunkcionalnite telefoni koi postojat. Neka dokaže nekoj sprotivno :)
     
  6. Ilija

    Ilija GSM master

    Член од:
    24 мар 2010
    Мислења:
    2.035
    Допаѓања:
    1.636
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    Samsung S7 Edge
    Имаш кирилица на телефонот?
    Ако немаш доволно кажува за функционалноста.
    А ако имаш користија како сите останати.

    Sent from my GT-I9301I using Tapatalk
     
    На Effendi и христијан им се допаѓа ова.
  7. tinno

    tinno Член

    Член од:
    22 авг 2015
    Мислења:
    41
    Допаѓања:
    45
    Поени од трофеи:
    18
    Телефон:
    Blackberry
    РОМ/Верзија:
    Passport SE
    Прво, не живеам во Македониjа и не користам кирилица за жал..

    И второ, ти пишувам на кирилица од Зе30 за да ja покажам функционалноста и за да пукнат душманите а не затоа што големиот водач со Самсунг така наредил.

    Пошто гледам ти си редарот тука, можам да очекувам приjaва каj учителката или во штабот, така?
     
    Последна промена: 24 авг 2015
  8. kirev

    kirev Познат Член

    Член од:
    14 јул 2010
    Мислења:
    1.320
    Допаѓања:
    738
    Поени од трофеи:
    113
    Зошто воопшто пишуваш тука ако не ги почитуваш „домаќините“? Си има некој ред многу пред ти да се појавиш и ферски е да ги соблечеш кондурите пред да влезеш, колку и глупо тоа да ти изгледа
     
    Effendi, Dzepar, Ilija и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Ilija

    Ilija GSM master

    Член од:
    24 мар 2010
    Мислења:
    2.035
    Допаѓања:
    1.636
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    Samsung S7 Edge
    Прво - не си единствен што не живее во Македонија, а сепак сите пишуваат кирилица.
    Второ - убаво што има кирилица телефонот, можеш да повежбаш малку.
    Трето - верувај дека тука душмани нема, има различни мислења и помош ако ти е потребна, биди сигурен нема никој да пукне и никој на никого не наредува.
    Четврто - драго ми е што ти е погоден телефонот и се надевам дека уште долго ќе те служи.
    Петто - не сум редар, учителка немам видено од основно, а штабови не посетувам - ми влијаат на интелегенцијата :)
    Фала и поздрав.
    П.С. А кој е големиот водач? - онака информативно
     
    На христијан и OLI-HAUG им се допаѓа ова.
  10. Bumblebee

    Bumblebee Администратор®

    Член од:
    3 јан 2012
    Мислења:
    7.242
    Допаѓања:
    6.450
    Поени од трофеи:
    258
    Телефон:
    iPhone 6s
    и за бб ли се зајадовте бе ццц
    све контраши ....
    за све има контра...
    контра-држава сме јбг
     
    На Bobi25 и OLI-HAUG им се допаѓа ова.

Сподели преку: