Blackberry Classic & Passport - нови модели

Дискусија во форумот 'BlackBerry' започната од Effendi, 3 јун 2014.

?

Дали е добар новиот Blackberry?

  1. Не

    2 гласови
    13,3%
  2. Ич

    13 гласови
    86,7%
  1. Effendi

    Effendi Искусен член

    Член од:
    23 дек 2010
    Мислења:
    770
    Допаѓања:
    871
    Поени од трофеи:
    158
    Секој биолог како од пушка би ви одговорил на прашањето,што прават некои животни преку зимата? Паѓаат во длабок сон,кој трае и по неколку месеци.Често пати истото се пренесува и кај луѓето,но не месеци,туку и години. Муабето ми е, се најавува нов телефон од блекбери.Јас,единствениот посетител на овој подфорум,свечено го прогласувам за ОТВОРЕН, ВО ОВАА 2014 година,при што ќе може пак да се затвори и во некоја, наредна 2016/2020та да го отвориме пак за некој нов модел,кој ни ќе го купи некој нити пак ќе го интересира.

    Новалјијава што допрва треба да се роди, се нарекува Blackberry Windermere со шифра Blackberry Q30. Според ултразвукот направен врз телефонот, и гласините наоколу,ќе има ужасно грд дизајн.
    Како и другите модели,исто и овој ќе има целосна QWERTY тастатура, со дисплеј 4.5" 1440x1440, 13 мегапикселна задна камера, 2 мегапиксели предна камера за чешлање.Батеријата е непроменлива со јачина од 3450 mAh,и ќе има 3 GB РАМ, а процесорот е Snapdragon MSM8974 processor.Останати физички копчиња,од десната страна е сместена туражата,а на долната страна е USB портот.
    А ова се с ликите,кој долго ги очекувавте:

    Windermere-back-1000x1333.jpg

    Windermere-front-700x933.jpg

    Windermere-side-1000x1333.jpg
     
  2. Torte Mobile

    Torte Mobile Супер Модератор

    Член од:
    5 фев 2008
    Мислења:
    9.981
    Допаѓања:
    3.914
    Поени од трофеи:
    258
    Телефон:
    Samsung NOTE 8
    1381271_394086527385730_2122701666_n.jpg
     
    На Bumblebee, Effendi, Bozo и уште 2 други им се допаѓа ова.
  3. 995user

    995user Познат Член

    Член од:
    23 ное 2013
    Мислења:
    1.246
    Допаѓања:
    719
    Поени од трофеи:
    113
    Blackberry Ќе го надживее IPhone-от.
     
  4. Effendi

    Effendi Искусен член

    Член од:
    23 дек 2010
    Мислења:
    770
    Допаѓања:
    871
    Поени од трофеи:
    158
    Блекбери на локално ниво не може да пропадни,ама на светско веќе се погреба. Исто како VIP MACEDONIA што е успешен на локално ниво,со едно 150-000 корисници,а на светско ниво е смешно,така и овие би биле успешни со нивни редовни бизнис клиенти и блекбери услугите.
     
  5. Torte Mobile

    Torte Mobile Супер Модератор

    Член од:
    5 фев 2008
    Мислења:
    9.981
    Допаѓања:
    3.914
    Поени од трофеи:
    258
    Телефон:
    Samsung NOTE 8
    Ти завидувам на оптимизмот :)
     
    На miro и goth50 им се допаѓа ова.
  6. AlexM

    AlexM Познат Член

    Член од:
    11 мар 2010
    Мислења:
    1.155
    Допаѓања:
    412
    Поени од трофеи:
    83
    Кога BB z10 немаше успех, оваа грдосија нема шанси. Уште физичка QWERTY тастатура :) не се разбудија овие уште спијат од 2008 -09.
     
  7. Effendi

    Effendi Искусен член

    Член од:
    23 дек 2010
    Мислења:
    770
    Допаѓања:
    871
    Поени од трофеи:
    158
    Тастатурата одлично се вклопува во модели како Torch 9800/9810.
    Moже малце дизајнерски да се нашминка, поголем дисплеј - потенко куќиште, и по можност да не работи на BLACKBERRY OS туку андроидче,ќе биди топ телефон:)
    Еве сликовито

    [​IMG]
     
  8. Effendi

    Effendi Искусен член

    Член од:
    23 дек 2010
    Мислења:
    770
    Допаѓања:
    871
    Поени од трофеи:
    158
    update на темава која само јас ја отворам:

    На crackberry и слични сајтови,протекоа слики од изгледот на новите телефони.Windermare,некаде Passport го викаат, ќе изгледа вака:

    [​IMG]


    [​IMG]

    А oва во средината е Blackberry Classic,апдејтиран Blackberry Q10 со додатни физички копчиња тракпад,мени,рикверц и опции за повик.

    [​IMG]
     
    На OLI-HAUG и goth50 им се допаѓа ова.
  9. iksimkd

    iksimkd Активен Член

    Член од:
    12 апр 2009
    Мислења:
    185
    Допаѓања:
    39
    Поени од трофеи:
    28
    BlackBerry ми беше првиот паметен телефон. Иако заостанаа за разлика од другите производители, сепак нивните телефони сеуште се едни од најквалитетните и го имаат најсигурниот софтвер. Токму тоа беше и причината што заостанаа позади другите. На сметка на сигурноста на телефоните и софтверот заборавија дека другите производители научија што бараат потрошувачите и пребрзо ги надминаа. Софтверот на БлекБери не за џабе го користија скоро сите влади на најголемите држави во светот. Ама тоа е, конкуренцијата и пазарот се немилосрдни.

    Инаку од овие два модела мене лично многу ми се допаѓа класикот.
     
    На zokimk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Effendi

    Effendi Искусен член

    Член од:
    23 дек 2010
    Мислења:
    770
    Допаѓања:
    871
    Поени од трофеи:
    158
    Нормално дека класикот ќе биди попривлечен за разлика од вонземскиот изглед кој досега доби неколку имиња,пред официјалното Blackberry Passport. Тебе те помнам од Blackberry MK група,имаше BOLD а ја тогаш го набавив торчот што ми беше еден од поинтересните смартфони.Помнам кога викаше дека секој современ човек треба да користи блекбери,и дека не би го сменил,но времињата се менуваат :) Сега си Андроид,како и јас.Хард кор сме,не се даваме на iPhone.
    Заостана белкбери,многу,многу позади другите.Нивната затвореност кон јавноста ги направи да бидат помалку продавани и од Symbian телефоните,да не беше морална таа блекбери услугата,сеуште ќе имаше корисници на некој постар модел на блекбери.Денес,едвај се продаваат сите со оперативен систем под 7ца.
    Туку,ако изгледа ветувачки ова што го гледам досега на рецензии,дефинитивно блекбери класикот ќе биди моја следна дестинација.
     

Сподели преку: