BB 10 и новите телефони Z10 и Q10

Дискусија во форумот 'BlackBerry' започната од krale, 30 јан 2013.

  1. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.088
    Допаѓања:
    9.166
    Поени од трофеи:
    358
    Blackberry ја објави својат нова платформа BB10 и своите нови телефони Z10 и Q10.

    [​IMG][​IMG]

    Во изминатите години се случија драматични промени во сегментот на паметни телефони, оддел кој Блекбери може да се каже и дека го измисли. После доброто позиционирање на пазарот, Блекбери губеше удел од Android и iOS, и сега со новата платформа ќе се обиде да го поврати.

    [​IMG]

    Сепак не е јасно дали тоа што новата платформа која веќе има 70000 апликации, како и подршка од Фејсбук, Скајп, како и подршка од 8 филмски студија и сите големи музички продуцентски куќи, ќе успее да се наметне на тесниот пазар.

    Блекбери 10 веќе се промовира како платформа за Бизнис И забава - со што ќе можете да го фрлите едниот од двата телефони. Блекбери 10 доаѓа со уникатна сервер подршка, со што ќе може да биде поделен на два дела (работен и приватен) од кои работниот дел ќе може да биде комплетно управуван од IT администраторите на компанијата.

    Блекбери Z10 е новиот носител телефон, со 4.2“ екран на допир и пропорции слични на iPhone 5. Иднината на компанијата зависи од успехот на телефонот. Доаѓа со дуал кор 1.5Ghz процесор, 2ГБ рам и ЛТЕ подршка. Z10 нема физичко копче на предната страна, ниту пак ред на копчиња како што имаат Андроид и WP8 телефоните. Целата навигација се одвива преку екранот на допир.

    Вториот телефон со ББ10 е Q10 кој го задржува моделот со физичка тастатура.

    [​IMG][​IMG]

    Блекбери акциите во изминатите 24 часа паднаа 17%, со што моменталната вредност на компанијата е 7.53 милијарди долари.
     
    На highlander33, iDeposito и Torte Mobile им се допаѓа ова.
  2. Torte Mobile

    Torte Mobile Супер Модератор

    Член од:
    5 фев 2008
    Мислења:
    9.981
    Допаѓања:
    3.914
    Поени од трофеи:
    258
    Телефон:
    Samsung NOTE 8
    Гооооолем скок за ББ, супер дизајн, интересен софтвер, само да поработат на апликациите и поддршката
    и исто така ми се допаѓа тоа што софтверот не се работи со копчиња (било какви физички или на тач)
     
    На krale му/ѝ се допаѓа ова.
  3. darentie

    darentie Искусен член

    Член од:
    15 дек 2009
    Мислења:
    1.647
    Допаѓања:
    1.181
    Поени од трофеи:
    178
    Телефон:
    iPhone 6
    Делува надежно :) Само што моделот што е со целосен тач скрин не е нешто да паднеш во несвест.За моделите со тастатура ич не праам муабет.Квалитет и дизајн,чиста десетка.
    Блекбери никогаш не бил јузер френдли,се надевам дека новиов софтвер ќе биде примамлив за многу корисници на android и ios да се префрлат на него.
     
  4. RagingDemon

    RagingDemon 20h SOT

    Член од:
    26 јун 2011
    Мислења:
    4.100
    Допаѓања:
    4.378
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    Nexus Master Race
    РОМ/Верзија:
    OP5, Android Pie
    До кога бе со тие физички копчиња...
    ББ се обидува да биде во тек со другите, а во исто време и да го зачува своето традиционално.
    Да се надеваме дека ќе бидат конкуренција за уште подобри уреди.
     
  5. goth50

    goth50 Apple Viking ака Мрсен Металец Модератор

    Член од:
    27 окт 2008
    Мислења:
    3.505
    Допаѓања:
    2.582
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    Iphone
  6. highlander33

    highlander33 Активен Член

    Член од:
    3 јун 2012
    Мислења:
    325
    Допаѓања:
    148
    Поени од трофеи:
    43
    Софтверот односно платформата ББ10 ми делува интересно поразлично од андроид и иос, самиот уред е ок,ништо спектакуларно, вреди да се проба, јас сум за се што е нешто ново од досега што сме имале прилика да користиме

    Sent from my GT-I9300 using Tapatalk 2
     
  7. Borsa

    Borsa Член

    Член од:
    25 ное 2012
    Мислења:
    30
    Допаѓања:
    6
    Поени од трофеи:
    8
    Дизајнот е 9 од 10 како и софтверот.Само ке им треба време да се вратат како порано да земат од колачот на смартелефони во кој владеат Ios и Android.
     
  8. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.088
    Допаѓања:
    9.166
    Поени од трофеи:
    358
    Телефонот е фантастичен на изглед.

    Некои замерки имам на:

    - Рамката и деловите околу тачот се преголеми, има простор да се намалат
    - не ми се допаѓа што капачето се вади и батеријата - вакви телефони немаат цврстина, ефтино делуваат
    - малце како да заштедиле на материјали, иако изгледа добро
    - лупнале 2ГБ рам. Тоа ме плаши, зашто обично волку рам моментално им треба само на неоптимизирани оперативни системи - ќе видиме како ќе се понаша во живо.


    Ако биде ОК софтверски - дефинитивно ова е телефон што мора да се има!
     
    На Klanistok и solo им се допаѓа ова.
  9. VLDo

    VLDo Активен Член

    Член од:
    2 окт 2012
    Мислења:
    139
    Допаѓања:
    107
    Поени од трофеи:
    43
    ББ ќе иде како алва кај корпоративните корисници. Сеуште продаваат Curve и Bold.
    ОС-от изгледа интересно. Копија на Meego Harmattan со елементи на Palm/HP WebOS. У секој случај подобро од iOS, Android и WP 8.
     
  10. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.088
    Допаѓања:
    9.166
    Поени од трофеи:
    358
    Ако предвидувањево е точно, во следните 2-3 години Андроид ќе изгуби 5% пазар, Windows и iOS ќе добијат 2%, но најголем пораст ќе има Блекбери со 3%.

    [​IMG]
     

Сподели преку: