Што имате тренирано, тренирате или имате желба да тренирате?

Дискусија во форумот 'Спорт и автомобилизам' започната од Alfa Mobil Team, 21 мар 2010.

  1. Бубе

    Бубе Нов член

    Член од:
    16 мар 2011
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    0
    Поени од трофеи:
    0
    Тренирав пола година кошарка и се откажав поради повреда на ногата и неможев да продолжам...
     
  2. alfabeta

    alfabeta Активен Член

    Член од:
    17 мај 2012
    Мислења:
    135
    Допаѓања:
    83
    Поени од трофеи:
    28
    Телефон:
    Кинески
    Малку и оваа тема ќе ја воскреснам :)
    Уште во основно имам почнато со балет, одев околу пола година и прекинав поради лоши услови поточно инструкторката малку беше куку. До ден денес одам како шатка ради тој балет.
    Во 8мо оделение една другара ме замоли да тренирам одбојка со неа, па почнав и тоа, ама ептен кратко траеше. Такво девојче не сум видела во животот да се иживува врз топките, па морав да прекинам инаку жива немаше да останам од неа.
    И последно што почнав да тренирам е кик бокс. Со се паузи 4-5 години, без паузи околу 2-3. Ама доста време изгубив во погрешен клуб каде што прст не мрдаат за девојките што тренираат, па доста време знаев само основни работи. Од кога го сменив клубот поднаучив уште нешто но поради обврски, слаба кондиција, и некои здравствени проблеми морав да прекинам.
    Следно што би тренирала би било само бокс, кик бокс е подобро, ама здравјето е сепак побитно.
     

Сподели преку: