[Туторијал] Андроид Апликации на вашиот BB10

Дискусија во форумот 'BlackBerry' започната од CrAzY_MaN, 28 авг 2013.

  1. CrAzY_MaN

    CrAzY_MaN Нов член

    Член од:
    23 јул 2012
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    1
    Поени од трофеи:
    3
    Користите ББ10 и сакате да снимите андроид апликација ? Следете го туторијалов за успехно исталирање на андроид апликации.

    ББ 10 1.1 ОС - 2.3.3 Android Runtime
    ББ 10 1.2 ОС - 4.2 Android Runtime - Отклучен Андроид рантајм.

    Чекор 1:

    Потребно е да активираме девелопмент мод. Тоа ќе го направиме преку Settings -> Security & Privacy -> Development Mode -> On.

    Чекор 2

    Потребно е да го превземете BBDP. Откако ке го снимите ќе добиете прозорец како овој.
    [​IMG]

    Чекор 3:

    Поврзете го вашиот мобилен уред со компјутерот и во полето лево PlayBook IP внесете ја IP адресата која што ја одредивте во Development Mode и лозинката која што ја поставивте при активирањето на модот. Откако ќе ги внесете кликнете Connect.
    [​IMG]

    Чекор 4:

    По успешното поврзување, кликаме Add и ги додаваме бар фајловите од конвентираните андроид апликации. По успешното додавање ги селектираме апликациите што сакаме да ги снимиме и кликаме на Install. BBDP сега ке ја инсталира апликацијата на вашиот мобилен уред.

    Извори за конвентирање и превземање на конвентирани андроид апликации:
    Напомена: Вршете ги овие чекори на сопствен ризик. Авторот не е одговорен за било каква оштета на вашиот оперативен систем или телефон.
     

Сподели преку: