Nokia E71 го користев нешто повеќе од година дена и од пред две недели се подновив со наследникот E72. Па да ги споделам со вас првичните импресии. Дизајн и изработка: Мобилните се доста слични. Е72 е црн, има помалку метал, повеќе пластика, но истата има мат финиш па изгледа далеку поубаво и поквалитетно. Копчињата донекаде се сменети. Некако ко подобро да се куца на QWERTY тастатурата, и плус во долниот ред е скратено SPАCE копчето за чија сметка има две додатни копчиња. Освен основната функција која ја имаат копчињата на некои од нив има shortcut слика, како за вклучување на bluetooth, silent, батериска лампа итн. Што кај Е71 и го немаше. Сменет е и редоследот на копчињата за отклучување и заклучување на мобилниот. Сега тоа се прави со двете soft копчиња најгоре. Е72 има и средно копче осетливо на допир кое можеш да го користиш како scroll низ менијата. Мене некако повеќе ми се допаѓаше механичкото копче кај Е71, бидејки вака лесно можеш по грешка да стиснеш на нешто друго. Страничните копчиња се сменети, сега изгледаат како да се метални, и исто така е сменето и копчето за вклучување на мобилниот кое исто така има метален финиш. Плус на горната стана има и приклучок за слушалки 3.5мм што е добар плус во однос на Е71 кој има само 2.5мм приклучок. Звучникот сега е поставен на долната страна од мобилниот па можеби кога мобилниот е во футрола малку послабо се слуша кога истиот и ѕвони, за разлика од Е71 кадешто звучникот е поставен горе и не е попречен со ништо кога се наоѓа во футролата.. Плус и отворите за мемориска картичка и за усб, сега се пластични и добро се вклопени во дизајнот на телефонот со што се добива пофин изглед, и сега повеќе личи телефонот на некој бизнис модел. Мени: Менито донекаде е сменето. Некако поубаво ми изгледа заедно со иконите. Сега има посебна програма за email во менито кадешто може да се подесат неколку email акаунти. Прегледот на email е многу подобрен скоро како да гледате преку компјутер, за разлика кај E71 кадешто email акаунтот беше кај пораките и прегледот на истите беше како обична смс порака. Тоа според мене е голем плус. Исто така е сменет и прегледот на сликите во Galery, нешто слично како Nokia Image Exchange програмата. Исто така плус е и што цело време доле на екранот има и мал дигитален саат кој го покажува времето и кога прелистувате низ менијата. Камера: Најголема разлика тука се забележува, и не во тоа што оваа камера има 5мпих туку дека квалитетот на сликите е многу подобар. Сликите сликани во потемни услови изгледаат сега убаво, нема шум, а и ја нема таа розевкаста нијанса што ја има кај Е71. Сега за фокусирање не се користи копчето T туку само се става прстот на средното копче од џојстикот и бидејки истото е осетливо на допир, така и се фокусира. Додатоци: Кожната врвка е сега подебела и поквалитетна во споредба со Е71, единствено не ми се свиѓа дизајнот на футролата кадешто мобилниот се става странично и поради тоа е потешко истиот да се извади од футролата кога ви ѕвони. Незнам зошто го смениле дизајнот. Да се надеваме дека футролата ке биде поквалитетна од таа на Е71 бидејки гумата со која е обложена кожата странично на футролата по многу кратко користење кај Е71 се извади и не изгледаше после убаво футролата. Плус со мобилниот се добива мемориска картичка од 4ГБ, крпче за чистење, доста квалитетни слушалки и дата кабел кој е прекраток и е некаде околу 10см. Дали би го препорачал? Да. Само ради камерата, или само ради email програмата вреди телефонот повеќе во однос на Е71.
Фино обработено ... футролава ич не ми се свиѓа како ја напраиле старата е подобра ... се на се сменето е нешто од Е71 не е многу ама не е ни малку ... и јас имам сега E71 и не би купил Е72 ... посебно не користам камера нити па мејл на него
Е72 како телефон, би го препорачал, но не како замена за Е71, од проста причина што мислам дека не нуди доволно подбрувања да некој би додал таа одредена сума со цел да го замени за Е72. Околу камерата, па и не би се очекувало некој кој купува Е серија, на листата од приоритети да биде квалитетот на камерата. Како што кажа за оптичкиот скрол, знае често да биде непрецизно, односно да даде непосакувани движења (скролл) така да се надевам дека со наредните фирмвер надоградби би се направило попрецизно. А за крај со оглед на тоа што користам маил на телефонот доста често, ме интересира дали клиентот ги прикажува и пораките постари од 3 денови? Поздрав и со среќа да си го користиш
Да, како на Omnia-та е, тој систем на работа. Јас би го сменил. Мн ја сакам Е серијата, а во мојот најомилен телефон ми вградија 3.5 џек за слушалки. Се друго е плус. Не вреди 200 евра плус да дадеш, али ќе падне и неговата цена. А футролата изгледа одлично. Малку да сменат. Е сеа не знам колку е практична али повеќе ми се свиѓа. Звучникот не требале да го преместат, али па не би можеле на друг начин да го изведат тоа. Едно прашање, кога слушаш музика на слушалици, дали можеш да го ставиш во футрола телефонот? Не смета кабелот на горната страна на футрола така? Или стои накривено телефонот...
Епа зашто не прецизно ? да го кликнеш исто е на допир или треба да "вдлабне" копчето ? и дали се појавува како маусче како на омниата или само на страните иде ?
Да покажува и постари пораки. Да можеш да го ставиш во футрола и да не смета кабелот има доволно простор.