Соларни Панели

Дискусија во форумот 'Животен стил' започната од goth50, 19 ное 2012.

  1. goth50

    goth50 Apple Viking ака Мрсен Металец Модератор

    Член од:
    27 окт 2008
    Мислења:
    3.500
    Допаѓања:
    2.578
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    Iphone
    Пред некој ден на мтв 1 загледав ама на крај некоја промотивна емисија за компанија од Македонија шо се бави со соларни панели за производство на струја (не од тие што топлат вода). Па си правам некоја математика на покривот на куќата да монтирам неколку панели со цел производство на струја.
    Ме интересира дали некој до сега имал искуство со соларни панели, цени, економичност, функционалност или некој предлог за компанија изведба и слично.
     
  2. stefan_mkd

    stefan_mkd GSM master

    Член од:
    12 дек 2008
    Мислења:
    4.119
    Допаѓања:
    2.015
    Поени од трофеи:
    208
    Не сум изведувал ништо слично, но имам доволно искуство за да не зборам од памет :)

    Соларни панели и тоа како се исплатат, НО не за индивидуално користење. Ако ги инсталираш ти на куќа нема ќар да видиш. Моментално владата потпишува договори за откупување на соларна енергија, т.е. луѓе градат мини фарми и потоа таа струја ја продаваат. Договорите се на 15 години, а опремата ја исплаќаат во првите 6-7 години, што значи и тоа како исплатлив бизнис е ова :)

    Да сумираме, освен ако не планираш таа струја да ја продаваш, за домашни услови, стави си само колектор за топла вода :)
     
    На macci му/ѝ се допаѓа ова.
  3. goth50

    goth50 Apple Viking ака Мрсен Металец Модератор

    Член од:
    27 окт 2008
    Мислења:
    3.500
    Допаѓања:
    2.578
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    Iphone
    Сакам да испитам со цена како шо стојат работите дома само на струја се грееме и секое зимо под 400 евра не сум за струја месечно, а онака сум околу 8000 па ме занима математиката
     
  4. stefan_mkd

    stefan_mkd GSM master

    Член од:
    12 дек 2008
    Мислења:
    4.119
    Допаѓања:
    2.015
    Поени од трофеи:
    208
    Испитај си, но можам да ти кажам дека не се исплати :) Бидејќи рачунај дека таа струја што ќе ја прозиведуваш треба да ја складираш и трансформираш во најизменична :) Соларните панели произведуваат еднонасочна струја. Тоа е заебаниот момент(складирањето).
     
  5. fenomenmk

    fenomenmk Познат Член

    Член од:
    14 ное 2009
    Мислења:
    1.089
    Допаѓања:
    466
    Поени од трофеи:
    83
    Моментално владата не потпишува договор за откуп на таа струја. Стопирано е, иако има најави дека пофторно ќе пуштат. Деновиве ќе ти пишам како се викаше фирмата пд која што јас имам понуда.


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
  6. dimeski

    dimeski Член

    Член од:
    12 мај 2010
    Мислења:
    97
    Допаѓања:
    65
    Поени од трофеи:
    18
    Здраво
    Поздрав од првиот производител на соларни фотонапонски панели во Македонија.
    Повелете , посетете ја мојата веб-страна www.mfc-solar.mk и ке разјасните некои работи околу соларните фотонапонски панели и нивната примена . Но накратко да објаснам на погорните постови :
    Користење на соларни фотонапонски панели за домашна употреба е НЕИСПЛАТИВО , со сегашните цени на струја што ја има за домаќинствата.Поготово што сите сакаат да се греат на такви панели .Ем е скапа инвестиција за греење , ем во зима , поради краткиот ден и лошото време , мала е искористеноста на панелите .А тоа што да се користи струја за греење е најрасипнички начин за користење на ел.струја е друго прашање.. Проблемот е во тоа што погоре спомна некој што струјата треба да се складира во акумулатори , тие учествуваат со околу 50% од целата сума и мора да се заменуваат на 5-10 години ,додека панелите траат многу подолго. Да се надеваме сите дека Владата ке донесе закон за приклучување на сите мали произведувачи ( сите ние со приватни куќи и мали капацитети од по неколку киловати инсталирани панели ) на мрежата на ЕВН и таа да служи како акумулација на произведената енергија .Така , ем сите ке можат со мали пари да се приклучат на мрежа , ем ке се избегнат акумулаторите и контролерите за нив.
    Друга работа е струја за индуструски објекти , бидејки „индустриската “ тарифа на струјата е двапати поголема од оваа за домакинствата и таму сепак се исплати да се постави систем со соларни фотоапонски панели...
    Најдобро е да се користи за викендички , фарми , штали, осветление на објекти и видео надзор , телекомуникациони системи и др. места каде или е недостапна мрежата на ЕВН или пак е скапо да се доведе ( има случаи каде им бараат и по 25-30 000 евра за приклучок на струја , а во најдобар случај не е под 800-900 евра, ако бандерата е веднаш до вашиот објект .
    За тие пари( 800-900 евра ) веке ке добиете систем кој ке ве напојува со струја за осветление , телевизор , фрижидер , мал хидрофор и слично и сето тоа со само една почетна инвестиција ,а после струјата е бесплатна ...
    Околу најавите дека Владата ке дозволи нови квоти и лиценци за соларни централи ...
    Не би се кладел ,ама сигурно нема да има нови .
    Овие 8МW се искористени и доволни се ..
    Инаку , ние сите ја плакаме таа повластена тарифа на ел.струја преку сметките за струја..
    За повеке информации , слободно пишете тука ...
    Поздрав и секое добро
     
    На Misko6000 и goth50 им се допаѓа ова.
  7. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.059
    Допаѓања:
    9.142
    Поени од трофеи:
    358
    Бидејќи се разбирате во областа и со прецизни математики, еден таков систем од 800-900е што го спомнавте, колкаво производство има, во просек во текот на целата година - значи колку може годишно да произведе, а тоа да се складира, значи да се има пристап до таа енергија?
     
  8. dimeski

    dimeski Член

    Член од:
    12 мај 2010
    Мислења:
    97
    Допаѓања:
    65
    Поени од трофеи:
    18
    Здраво
    Панелите се со производство на 125-130 вати на час од еден панел , кога има сончево време .
    Во текот на пролетните , летните и есенските денови , кога сонцето е високо над хоризонтот и денот трае од 8-12 часа , произведеното количество на ел.струја од 3 панели ( Голем комплет за викендица ) е околу 3-4,5 КWh .Toa e сосем доволно да светат цела нок 4-5 штедливи ламби , да работи телевизорот и обичен фрижидер да работи нон-стоп .Сосем доволно за потребите на една викендица .Се разбира и да се вклучи повремено мал хидрофор , бормашина, правосмукалка , лаптоп , а радио , полнач за мобилен и сл. мали потрошувачи нема никаков проблем да работат подолго време .
    Значи потполна автономија од системот на ЕВН.
    Немате сметки секој месец, немате улично осветление , немате РТВ претплата на броилото ( на овие режиски трошоци одат 5-6 евра секој месец , без оглед дали трошите или не струја од ЕВН )
    Во зимските месеци , од средина на ноември до крајот на фебруари , кога е краток денот и сонцето е ниско на хоризонтот ( и има доста облачно денови со дожд и снег ) производството е околу половина од она погоре .Но ако се земе во обзир дека фрижидерот нема потреба да се користи во тие зимски месеци , пак излегува дека ке има доволно струја за сијалиците , ако не за другото.
    Да напоменам , сите комплети се надоградливи !! Значи ако трошите повеке од предвиденото или имате повеке потрошувачи , можете да ставите повеке панели , повеке акумулатори во било кој момент кога ке посакате , на веке постојниот систем и ке добиете повеке енергија...
    Поздрав и секое добро
     

    Прикачени податотеки:

    На krale му/ѝ се допаѓа ова.
  9. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.059
    Допаѓања:
    9.142
    Поени од трофеи:
    358
    Значи по тоа што кажувате математиката е ваква:

    - овој систем чини рековте 800-900е
    - произведува 3-4.5kW/h на час 8-10 часа дневно (лете) пола од тоа зиме.

    Да земеме најпесимистичка варијанта, тоа значи дека би биле произведени 18 kW/h дневно (просек зиме-лете). Односно на годишно ниво 6570 kW/h.

    Цената моментално на kW/h во Македонија изнесува 3.35 денари. Односно заштедата на системов би била 6570*3.35=22009 денари, или во евра ~360e.

    Според оваа математика системот би се исплатил во рок од 2.5 години, и бидејќи акумулаторите би требало да траат 5 години, би обезбедил заштеда од 720е во периодот од 5 години век на траење на системот. Ова е без да се пресметаат ДДВ и останати заштеди, па очекувано минималната заштеда би се движела околу 1000е на секои 5 години, минимум.

    Или тоа значи плус 200е за одмор секоја година :)
     
  10. dimeski

    dimeski Член

    Член од:
    12 мај 2010
    Мислења:
    97
    Допаѓања:
    65
    Поени од трофеи:
    18

    Здраво
    Тотално погрешна математика :!!!:
    Секој панел за еден час произведува 125-130 W, 3 панели за ЕДЕН ДЕН ке произведат 3-4,5 KWh ел.струја ( а не 18 КWh ) :!!!:
    И струјата во МК не е 3,35денари за KWh , ами повеке : 3,35 ден. е евтината тарифа ( која скоро и да не можеме да ја користиме ) а скапата т.е. нормалната тарифа е околу 6 - 6,5 денари за 1 KWh .
    А пак индустриската струја е над 10 денари за 1 KWh
    Заштедите не се толкави :) , но сепак поевтино доаѓа отколку приклучокот од ЕВН , а плус струјата е бесплатна..
    Како што напоменав , ЕВН , за приклучок наплака 500 евра , плус , ормарче , кабли и сл. глупости , ке дојде 800-900 евра.И тоа ако бандерата е одма до твојата викендица .Ако не секоја бандера е околу 100 евра , плус кабелот до тебе .А многу случаи се каде бараат нов трансформатор од 10 KV на 220 В , а тој е од 15 до 25 000 евра и врв на сето тоа им го оставаш во нивно владение , па утре ке се фалат дека инвестирале тие во мрежата , а во стварност тоа се наши пари .
     

Сподели преку: