Рачни часовници

Дискусија во форумот 'Животен стил' започната од Noc 32, 10 мар 2015.

  1. Noc 32

    Noc 32 Супер Модератор

    Член од:
    13 сеп 2009
    Мислења:
    1.543
    Допаѓања:
    1.390
    Поени од трофеи:
    178
    Во повеќе од една тема сме отишле оф-топик за преференци околу рачни часовници. Ја отварам оваа тема за да можеме да си позбориме за нашите различни вкусови околу рачни часовници, без разлика дали се традиционални или паметни, без разлика на брендот, дали ременчето е кожно, метално или гумено.
    Историјата на рачниот часовник, колку што знам оди назад се до 16 век. Првично биле користени најмногу од женската популација, додека мажите преферирале џебни часовници.
    Денес постојат преку 1000 брендови и има рачни часовници кои достигнуваат цени од 5 милиони евра, па дури и повеќе.
    Движењето на часовникот е она што го мери времето кое е поминато и го покажува сегашното време.
    Движењата можат да бидат целосно механички, целосно електронски или пак комбинација од двете.

    Механичките часовници користат механичко движење спротивно од кварцните кои функционираат електронски. Движењето користи навој кој мора да биде навиен периодично. Навојот ја префрла енергијата на повеќе запци кое го движат остатокот од саатот.
    [​IMG]

    Автоматскиот часовник е сличен на механичкиот но тој сам се навива со секојдневното природно движење на раката. Позади овој концепт на часовници стои механизам кој се вика „лизгачки навој“ а тој механизам е патентиран од Adrien Philippe, еден од основачите на Patek Philippe. Делот на кој пишува Breitling, се врти со движењето на раката, го навртува навојот и со тоа се напојува самиот часовник.
    [​IMG]

    Електронските часовници почнале со производство во 1957 и биле многу користени се додека кварцните часовници не стапиле на сцената. Овие часовници ги напојува батерија.

    Кварцниот часовник користи електронски осцилатор кој е направен од кварцен кристал. Овој кристален осцилатор произведува сигнал со многу прецизна фрекфенција. Првиот рачен кварцен саат бил направен од Сеико во 1969.

    Слободно надополнете некои важни работи кои сум ги испуштил и кажете кој е вашиот омилен бренд, модел...
     
    На Dzepar и krale им се допаѓа ова.
  2. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.059
    Допаѓања:
    9.142
    Поени од трофеи:
    358
    Првиот рачен часовник e направен во 1810та година од Breguet. Пред тоа се правеле џебни часовници како и ѕидни.

    Индустријата на часовници по некоја случајност се концентрира околу езерото Женева - заради Вартоломејската ноќ и прогонот на Хугенотите во Франција, голем дел од нив се засолнуваат во новото слободно гратче под управа на Калвинистите, каде што својот дом го наоѓаат разни занаетчии.

    „Светото Тројство“ на швајцарски часовници го сочинуваат Audemars Piguet, Vacheron Constantin и Patek Philippe. Освен нив познати брендови има многу но речиси сите се групирани во трите најголеми групации:

    Richemont ги има :

    Vacheron Constantin
    Baume & Mercier
    Jaeger-LeCoultre
    A. Lange & Söhne
    Cartier
    Officine Panerai
    IWC
    Piaget
    Van Cleef & Arpels
    Montblanc
    Roger Dubuis


    Swatch ги има:

    Breguet
    Harry Winston
    Blancpain
    Glashütte Original
    Jaquet Droz
    Omega
    Longines
    Rado
    Tissot
    ck watch & jewelry
    Balmain
    Certina
    Mido
    Hamilton
    Union Glashütte
    Swatch
    Flik Flak



    LVMH ги има:

    TAG Heuer
    Zenith
    Hublot
    Bulgari
    Louis Vuitton watches


    Другите се независни, меѓупобитните:
    Frederique Constant
    Audemars Piguet
    Breitling
    Maurcie Lacroix
    Patek Philippe
    Raymond Weil
    Rolex
    Tudor



    Швајцарците прават само 2.5% од светските саати, а 56% од светските профити.

    Најголем квантитет на продажба имаат брендовите Swatch, Tissot, CK, Longiness, Omega, Tag Heuer, Certina и Rolex по тој редослед.
     
    На Pane-G и Dzepar им се допаѓа ова.
  3. Noc 32

    Noc 32 Супер Модератор

    Член од:
    13 сеп 2009
    Мислења:
    1.543
    Допаѓања:
    1.390
    Поени од трофеи:
    178
    Еве нешто од мене
    Audemars Piguet Royal Oak [​IMG]
    Audemars Piguet Royal Oak Offshore колекција

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Arnold & Son Pyramid Time - неверојатно парче со уште поневеројатна цена :D
    [​IMG]

    Vacheron Constantin
    [​IMG]
     
    На krale му/ѝ се допаѓа ова.
  4. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.059
    Допаѓања:
    9.142
    Поени од трофеи:
    358
    Patek Philippe Perpetual Calendar Chronograph 5270G

    [​IMG]
     
  5. Iphone help

    Iphone help Активен Член

    Член од:
    3 сеп 2012
    Мислења:
    521
    Допаѓања:
    123
    Поени од трофеи:
    43
    Елеганција и стил!
    [​IMG]


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
  6. stefan_mkd

    stefan_mkd GSM master

    Член од:
    12 дек 2008
    Мислења:
    4.119
    Допаѓања:
    2.015
    Поени од трофеи:
    208
    [​IMG]

    Breitling Navitimer,

    Кој лета, знае :)
     
  7. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.059
    Допаѓања:
    9.142
    Поени од трофеи:
    358
    Денес има интересно интервју со Мок - ко-изумителот на Swatch, моментално и најголем швајцарски бренд за часовници кој во своја сопственост има 10тина други под-брендови - за влијанието на новиот Apple Watch врз Швајцарската индустрија на часовници.

    Според Мок, швајцарците во моментот се премногу самоуверени и ги прават истите грешки како и во quartz кризата, односно не обрнуваат внимание на смартвочовите како реална закана. Според Мок - набрзо ќе се види дека производителите на часовници од 500-1000 франци, а и сите производители кои се потпираат на цени под 5000 долари ќе бидат под закан на смартвочот.

    Мок очекува дека ова ќе донесе Ледено доба за производители како Tag Heuer, Swatch и други кои продаваат претежно на млада клиентела која е заинтересирана за функционалност и вредност на материјалите.

    Од друга страна Мок смета дека ова нема да биде закана за производителите над 10000 долари кои што се и онака барани заради колекторска вредност и заради традиционалната изработувачка на часовници.
     
    На Dzepar и Noc 32 им се допаѓа ова.
  8. Noc 32

    Noc 32 Супер Модератор

    Член од:
    13 сеп 2009
    Мислења:
    1.543
    Допаѓања:
    1.390
    Поени од трофеи:
    178
    Дневна доза
    Audemars Piguet Royalk Oak Offshore Limited на околу 20-25 парчиња. И цената нешто околу 20ки се врти, дваесет цифри :pos::pos:
    [​IMG]
    И овој е ограничено издание со околу 20 скапоцени камења во него, не сум сигурен колку вакви парчиња ама
    сигурно не се повеќе оф 30.
    [​IMG]
    Legacy Machine од MB&F
    Има три верзии, rose & white злато кои коштаат околу 160-170.000 евра и има платинум верзија од
    чудовиштево, ограничена на само 18 парчиња и едно кошта 200.000 евра.
    [​IMG]
     
  9. Effendi

    Effendi Искусен член

    Член од:
    23 дек 2010
    Мислења:
    746
    Допаѓања:
    848
    Поени од трофеи:
    158
    Како секојдневна алатка или пак стилски елемент,рачниот часовник не исчезнува.Како смарт-часовник,што се вадат сериите со многу стрелки, секундарници штоперици и други тракатанци,лично јас не ги преферирам а ниту ми се допаѓаат.Едноставно изгледа премногу натрупано и одзема во просек неколку секунди додека го види човек колку е сатот.Од рачен часовник,освен на спиење,воопшто не се делам, најчесто преферирам кожно ремче,а во лето метално, моментално користам Casio обичен часовник со датум, со метално ремче, во колекција имам неколку постари на навивање, руска марка Ракета и еден многу постар џебен часовник од 20тиот век сите функционални само се чуваат како семејно наследство од прадедовци.
     
    На Dzepar му/ѝ се допаѓа ова.
  10. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.059
    Допаѓања:
    9.142
    Поени од трофеи:
    358
    Еве една беснотија...

    Claret Blackjack
    Цена ~$200000

    [​IMG]
     
    На Pane-G му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: