Разлики помеѓу VG и PG течности за е-цигари

Дискусија во форумот 'Животен стил' започната од E-Feel Macedonia, 30 мај 2014.

  1. E-Feel Macedonia

    E-Feel Macedonia Нов член

    Член од:
    12 мај 2014
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    1
    Поени од трофеи:
    3
    Доколку сте пушач и доколку сакате да преминете на користење на електронски цигари, тогаш веројатно сте љубопитни за тоа што всушност ќе внесувате во вашите бели дробови наместо ужасниот чад од цигарите. За жал, “vaping” технологијата може да биде малку збунувачка на почетокот, па така во овој информативен текст ќе се обидеме да ви ги објасниме разликите помеѓу овие две најраспространети основи на е-течности:


    · PG - пропилен гликол (propylene glycol)
    · VG - растителен глицерин (vegetable glycerin)


    Е-течности содржат четири состојки: основа од VG или PG, никотин, вода и арома.
    Двете основи VG и PG, не се токсични органски соединенија и генерално се безбедни за консумирање. Всушност, тие се користат и како адитиви во храната на најразлични комерцијално достапни производи.

    Најпрвин, да дискутираме за PG основата кај е-течности, бидејќи истата е повеќе популарна кај корисниците на е-цигари. Популарноста се должи на фактот дека пропилен гликолот е релативно слаб во конзистенција, па така овој вид на е-течност полесно се апсорбира во внатрешноста на клиромизерот. Ниската густина исто така значи дека на грејачот помалку ќе се наталожат материи, отколку при користењето на VG основата. PG основата е супстанца без мирис и вкус, па така не го менува вкусот на е-течност на било кој начин. Таа е исто така моќен хидрант, па додека таа се суши во устата и грлото, произведува посилно “гребење” на грлото, слично на користењето на обични цигари. PG основата можно е да предизвика алергиски реакции кај одредени корисници на е-цигари. Овие реакции може да варираат од мало чувство на гребење на грлото, до иритации. Доколку имате било какви невообичаени симптоми од користењето на PG основата, најдобро е веднаш да престанете со користење и да преминете кон користење на VG основа.

    VG основата е со погуст состав отколку основата со пропилен гликол. Таа има малку сладок вкус, кој исто така ги прави е-течности послатки. VG основата која се користи кај е-течности, поради својата висока конзистентност, произведува значително повеќе пареа и го намалува чувството на “гребење” на грлото. VG основата не предизвикува алергиски реакции како основата со пропилен гликол.

    Корисниците на е-цигари се поделени во мислењата, кога станува збор за изборот на основа за е-течност. Некои корисници уживаат во “гребењето” на грлото при користење на PG основата, додека другите пак претпочитаат густи облаци на пареа и сладок вкус при користењето на
    е-течности со VG основа. Тешко е да се препорача која основа е подобра, бидејќи на крајот се сведува на личен избор и преференции. Доколку сте страстен пушач пробајте ги PG е-течности или пак доколку сакате погуст и посладок вкус, одберете VG е-течност.

    silver-label.jpg
     
  2. kikoOoOoOoO

    kikoOoOoOoO Активен Член

    Член од:
    8 апр 2012
    Мислења:
    428
    Допаѓања:
    163
    Поени од трофеи:
    43
    Телефон:
    iPhone SE
    Ви пишам на фејзбук и не ми враќате а објавувате....Ми треба течност без пропилен гликол..
     

Сподели преку: