Програми, Поими и останати работи кои е добро да ги знаете...

Дискусија во форумот 'HTC' започната од K.G, 22 фев 2010.

  1. K.G

    K.G Модератор

    Член од:
    25 мар 2009
    Мислења:
    1.206
    Допаѓања:
    260
    Поени од трофеи:
    83
    ActiveSync: Програма за поврзување, синхронизирање и размена на податоци помеѓу телефон и РС.

    AKU( Adaptation Kit Update): Ова е надградба на оперативниот систем, но не го пребришува, туку само надградува некои претходни програми, бубачки и помали проблеми, нешто како што е SP2 (Service Pack 2) за Windows Xp.

    Bootloader: "Bootloader" содржи информации за вашиот телефон, нешто слично како "BIOS" кај компјутерите. Официјалниот "Bootloader" има сигурносна опција "CID"(Carrier-ID) што овозможува да правиш надградба само со Официјален "ROM". За да можеш да инсталираш неофицијален "ROM" мора да направиш "CID-Unllock" или да инсталираш "Hard SPL" кога ке влезеш во "Bootloader" излегуваат три бои на екранот(црвена, зелена и плава)

    .CAB Files(Cabinet): Тоа е компресиран фајл ".cab" кој служи за инсталирање на програми во вашиот телефон исто што е и ".exe" кај компјутерите.

    Chef / Cook: Луѓе кои готват, свој "ROM" или модифицираат постоечки "ROM"

    Cooked ROM: Неофицијален "ROM", направен од "Cheef/Cook"

    CID lock(Carrier ID): Го ставаат производителите или фирмите на кои е брендиран телефонот, за заштита од инсталирање на неофицијален "ROM". Ако телефонот е брендиран на T-Mobile, ке можете да инсталирате само нивни "ROM". Доколку сакате да инсталирате "ROM" кој не е со истиот "CID" ке треба да направите "CID-unlock".

    RUU или CustomRUU(Rom Upgrade Utility): Програм за инсталација на "ROM" преку PC

    Flashing: Процес(Инсталирање)

    Soft Reset: Го рестартира телефонот, го исклучува па го уклучува наново.

    Hard Reset: Го рестартира телефонот, и го враќа фабричкиот софтвер, брише се што е ставено дополнително на телефонот(не на мемориска картица и на СИМ картица)- музика, контакти, програми итн.

    SPL (Second Program Loader): SPL е вид на "Bootloader" кој дозволува да инсталирате "ROM" на вашиот телефон, и врши одредени функции кои се поврзани помеѓу софтверот и хардверот на телефонот. Оригиналниот "SPL" дозволува само инсталација на официјален "ROM" кој мора да одговара на "CID" од вашиот телефон

    HardSPL: е кракувана верзија на "SPL" која дозволува инсталација на секаков вид на "ROM", и официјален и неофицијален "ROM"

    IPL(Initial Program Loader): Initial Program Loader e тој што го покрева SPL. IPL/SPL се поврзани со хардверот, инсталиранње на погрешни IPL/SPL е полошо од инсталирање на погрешен "ROM"

    Radio: Содржи драјвери за комуникацискиот дел од телефонот, и често има улога во трошењето на батеријата,значи може да се случи со одредено "RADIO" батеријата да ја троши за помалку од еден ден. Зависно кој ром го инсталираш добро е да проверите дали има потреба од промена на "Radio ROM". За да видите којa верзија на "Radio ROM" ја имате одите во Start > Settings > System > Device Information

    ROM(Read Only Memory): Содржи оперативен систем и многу често дополнителен софтвер што може да биде инсталиран на вашиот телефон. Неофицијален "ROM" ("Cooked ROM") содржи само оперативен систем и дополнителен софтвер, додека официјалниот "ROM" содржи и "Radio ROM" и "Bootloader"
     
    На StalkeR, ludiot naucnik, (WpX)ALeX и уште 2 други им се допаѓа ова.

Сподели преку: