Проблем со HTC ONE X

Дискусија во форумот 'HTC One Series' започната од metalheadmk, 14 мар 2013.

  1. metalheadmk

    metalheadmk Нов член

    Член од:
    14 мар 2013
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    0
    Поени од трофеи:
    1
    Здраво, нов сум во форумот и ако има посебна тема за проблеми префрлете ја таму.
    Имам ONE X oколу 5 месеци и сега кога ќе го заклучам и кога претискам power button да се уклучи екранот, не се уклучува и морам да правам форс рестарт. Кога ќе го рестартирам проблемот е исти а исто така закочува дисплејот или пак екранот кочи т.е можам да задавам контроли но она што го гледам на екранот се исецкани линии од почетната или менито (зависи каде се наоѓам). Направив ресет и пак се појавува истиот проблем. Решение?
     
  2. Klanistok

    Klanistok Администратор™

    Член од:
    8 јун 2009
    Мислења:
    943
    Допаѓања:
    554
    Поени од трофеи:
    93
    си пробал со кастом ром дали се случува истото?
     
  3. RagingDemon

    RagingDemon 20h SOT

    Член од:
    26 јун 2011
    Мислења:
    4.050
    Допаѓања:
    4.316
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    Nexus Master Race
    РОМ/Верзија:
    OP5, Android Pie
    Под ресет мислиш на Factory reset?
     
  4. metalheadmk

    metalheadmk Нов член

    Член од:
    14 мар 2013
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    0
    Поени од трофеи:
    1
    Да, а не сум пробал со кастом ром
     
  5. Alfa Mobil Team

    Alfa Mobil Team Администратор™

    Член од:
    1 фев 2008
    Мислења:
    17.485
    Допаѓања:
    2.973
    Поени од трофеи:
    358
    Телефон:
    Samsung Galaxy Note4
    РОМ/Верзија:
    SEPF_SM-N910C_5.0.1T
    Aко ти е нов, однеси го под гаранција.
    Што и да правиш на овој телефон - во фактори стејт неможеш потоа да го вратиш, од мое искуство би требало да е софтвер, но со оглед на тоа дека имаше серија дефектни вакви телефони - не си пробувај.
     
  6. metalheadmk

    metalheadmk Нов член

    Член од:
    14 мар 2013
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    0
    Поени од трофеи:
    1
    Под гаранција е, не е рутиран. Инаку екранот станува како картите (вертикално)[​IMG]
     
  7. AtoM-AnT

    AtoM-AnT Модератор

    Член од:
    26 мар 2010
    Мислења:
    2.175
    Допаѓања:
    913
    Поени од трофеи:
    208
    Имаш фликеринг скрин, тој дефект се појави кај првите произведени телефони и ти имаш еден од нив.
    И да ти е рутиран телефонот пак подлежи на гаранција, одклучен бутлоудер спрема правилата на ХТЦ не ја поништува гаранцијата.

    Sent from my HTC One X using Tapatalk 2
     
  8. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.059
    Допаѓања:
    9.142
    Поени од трофеи:
    358
    Не се битни правилата на ХТЦ, битни се правилата на гаранторот, во овој случај локалниот македонски сервисен центар.
     
    На Klanistok му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AtoM-AnT

    AtoM-AnT Модератор

    Член од:
    26 мар 2010
    Мислења:
    2.175
    Допаѓања:
    913
    Поени од трофеи:
    208
    Тогаш тие нека се специјализираат за дигитрони и стари машини за пишување, што ќе ти е таков сервис.

    Јас имав 2 такви телефона и двата го имаа истиот проблем со дисплејот и двата беа рутирани и двата ми ги заменија со нови затоа што тие не се поправаа...

    Малце ти е смешна изјвата дека не се битни правилата на ХТЦ, тогаш секој овластен сервис во Македонија наместо оригинални делови ви автомобилте ќе става дел од Југо од во Мерцедес или секој овластен дилер на компјутери ќе ти продава Галички компјутери наместо Лап Топ или некоја добра машинерија...
     
  10. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.059
    Допаѓања:
    9.142
    Поени од трофеи:
    358
    Не е ич смешна изјавата. Еве пример Apple правилата за гаранција се ОДМА да ти дадат друг телефон на користење - па иди направи го тоа во Македонија. Значи си има за секоја земја посебни услови кои ги одредува генералниот дистрибутер и сервисер.

    А за деловите - хаха... епа да, баш такви делови и ти продаваат, ама малку се знае за тоа.
     

Сподели преку: