Пред неколку дена земав Нокиа Е72 (половна). Се е ок со телефонот, добро сочуван.... На почетокот беше супер звукот, но денеска приметив кога разговарам со некого при изговарање на Ч, Џ, Ш и некои останати букви се јавува некој вид на крчење на телефонот (мислам дека ме разбирате на каков звук мислам). Што би можел да биде проблемот, дали е до микрофонот или можеби е до телефонот на другата страна (иако звукот го приметив со разговор со повеќе од двајца-што значи не верувам дека е ова)? П.С. Ова крчење не се јавува кога ќе се јавам на оператор-секретарка (ако ова нешто значи)
Пробај направи му хард ресет и стави ја најновата верзија на софтверот. Скоро ист проблем приметив кај една Е72ка и со ова се реши.
Ај друже по ПП цена ако може. --- надополнето: Aug 18, 2011 11:34 AM --- Фала друже, ќе пробам па ако не се реши така ќе бараме чаре --- надополнето: Aug 18, 2011 11:36 AM --- А зошто не прави секогаш така? (Пр. 122-секретарката на Т-mobile) Нели ако е до тоа крчењето би се јавило и во овој случај?