Предлози и идеи за новиот портал

Дискусија во форумот 'Портал' започната од Jane, 5 сеп 2012.

  1. SaleSk

    SaleSk Познат Член

    Член од:
    16 јан 2010
    Мислења:
    582
    Допаѓања:
    406
    Поени од трофеи:
    63
    Мило ми е кога некој сака да дискутира. Супер од твоја страна што ме демантираш, но најчудно во целиот текст што го напиша не го најде одговорот односно она што јас го кажав. Еве го твојот одговор:
    Значи ако добро си го прочитал она што го напишав за батериите ке сватиш дека грешката е во тебе и твојот начин на полнење. Односно ти не си правел циклуси на празнење и полнење, туку си ја правел наголемата грешка, поголема дури и онаа која е за вадење на батеријата. Зошто?
    Затоа што постојано батреријата ти била полна 100% додека ти била на полнач. Го гаснеш лаптопот и до сабајлето заради процесот на самопразнење, нивото на батеријата ти паднала за минимум 5%. При вклучување на полнач, ти ја дополнуваш до 100% значи нема циклус. Твојата батерија со такво темпо на работа ме чуди и како издржала цели 2 години.
    За да се едуцираш што значи самопразнење, прочитај го текстов:
    http://en.wikipedia.org/wiki/Self-discharge

    Јас не сум никаков експерт ниту пак имам намера да бидам. Јас никаде не плукав по порталот туку дадов замерка за некои работи преку кои не може да се помине од технички аспект гледано. Твоето искуство со два лаптопи, твојот и на другарти не е никаков меродавен резултат.
    Меродавни резултати се оние кои ке бидат сума од илјадници корисници ширум светот.

    @Alfa Mobil Team
    Секоја чест на она што го работиш и како го работиш. Било да е во дуќан, било да е на форумов, било да е на порталот. Максимално те ценам и поштувам како стручњак во твојата работа.
    Немав апсолутно никаква намера за да прозивам некого, или пак да го навредувам, омаловажувам или било што.
    Дури и не знам кој е задолжен за текстовите, практично не ни гледам кој го напишал или објавил.
    Овој текст не беше по мое мислење добар и јас ја изразив мојата реакција на целата статија. Реков еднаш и повторно ке кажам. Кајгана е форум за денгубење. Се наоѓаат и интересни теми, но истите се затруени од некои окорели членови кои се недокажани. Небитно, не ме интересира тоа. Ме интересираше овој форум, овие луѓе, овие статии.

    Е сега, твоето искуство што си го имал. Батеријата на Асусот цркнала од неквалитет. Јас во мојата кариера не памтам некој со Асус лаптоп да има батерија постара од година дена и да трае повеќе од 1 час.

    Најдобриот начин за чување и одржување на батеријата е полнење и празнење на полни циклуси.
    Се останато е базирано на претпоставки и гатање.
    Батеријата е хемија, не е гатанка.

    Уште еднаш се извинувам ако некој се најде навреден и извикан од тоа што кажав дека делот од текстот е жива глупост, а стојам зад истото.

    Убав и пријатен ден :)
     
    На the_maker, OLI-HAUG, haCk0r и уште 4 други им се допаѓа ова.
  2. psyside

    psyside GSM master

    Член од:
    28 окт 2014
    Мислења:
    3.466
    Допаѓања:
    4.759
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    S7 Edge
    Клучот е во тоа за какво полнење и какво празнење се работи...т.е до која мера..4.1v vs 4.2v ден и ноќ разлика ( за долговечност) а само 10 на проценти на капацитет загуба....
     
  3. Viximus

    Viximus Член

    Член од:
    6 дек 2009
    Мислења:
    93
    Допаѓања:
    38
    Поени од трофеи:
    18
    Бидејќи не најдов тема за предлози за форумов, ќе пишам овде:

    Да се отвори секција каде ќе може да си ги кажеме маките од операторите, каде ќе се прават споредби на пакети, квалитет на мрежи и остали стварчици. Мислам дека е доста корисно, а надежно (иако скоро неверојатно) ќе ги заинтересира и операториве што ние бараме, што ни треба и како полесно би приграбиле поголем број на корисници.
     
  4. Bumblebee

    Bumblebee Администратор®

    Член од:
    3 јан 2012
    Мислења:
    7.242
    Допаѓања:
    6.450
    Поени од трофеи:
    258
    Телефон:
    iPhone 6s
    Ima takva tema
     
  5. STEALTH

    STEALTH Искусен член

    Член од:
    4 фев 2013
    Мислења:
    973
    Допаѓања:
    923
    Поени од трофеи:
    158
    Така си е, јас како технолошки geek и инженер по компјутерски науки од вчера сум со лаптопи, компјутери и техника општо... Не е уопште точно дека лаптопот ми бил нон-стоп на струја и не сум правел циклуси. Лаптопот го користев/полнев како мобилен пошто генерално мразам кабли. Дури некогаш и ми се случувало да се исклучи на среде работа пошто ме мрзело/сум занемарувал дека нема батерија. Генерално сметам дека сосема солидно ја одржував батеријата. Единствена грешка ми е што не ја вадев батеријата додека ми беше на полнач.

    Да, точно е дека 2 лаптопи не даваат генерално мислење, но ете уште еден лаптоп од Алфа мобил. Тоа се веќе три само на форумов, а сигурен сум дека и други корисници со исто или слично користење на два лаптопи ќе дадат сличен одговор. Да не барам на интернет некои други статистики пошто ме мрзи.
     
  6. psyside

    psyside GSM master

    Член од:
    28 окт 2014
    Мислења:
    3.466
    Допаѓања:
    4.759
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    S7 Edge
    Предлог, знам дека рецензиите се лимитирани од аспект на поддршка, како финасиска, така и временска (веројатно) но не би било лошо да има барем по 1 телефон (додатен) за споредба на камерата (најбрзо и наједноставно) и некој краток тест на батеријата на одредениот телефон, како и екранот. На пример, 30 минути вртрње на исто видео на 50% брајтнес во ист квалитет на 2 та телефона паралелно со исклучено све од позадина, (ерплејн мод) и притоа да се види кој телефон ќе има поголем дроп на батерија после тие 30 минути.

    Следен тест би бил читливост на дневна светлина при автоматско подесување на екранот, како и квалитет на сигнал/прием.....на пример 2 исти телефони на еден ист рутер, од иста позиција најдобро преку 1 или 2 ѕида.....3 или 5 теста по ред на едниот со ист Speedtest сервер, 3 или 5 теста на другиот со истиот Speedtest сервер повторно, од добиените резултати да се извади некој генерален просек на брзина на симнување.

    Со ова ќе се добие генерална не-научна идеја за тоа кој телефон има подобар прием, по корисен екран, и подобра батерија, сите овие тестови би биле само како забавен фактор во рецензиите, како и малце по длабок осврт, а не ултимативен доказ за карактеристиките на еден телефон.... чисто малце по интересни да се направат рецензиите.
     
    На MacedonianBoy, Dzepar и Bumblebee им се допаѓа ова.

Сподели преку: