Налетав на овој ром и туторијал за него, па ме заинтересира да го пробам, притоа имам на располагање нерутиран Samsung i5800 со официјален Андроид 2.2 (i5800XXJP4). Прашањето е: дали може да му се верува на овој туториал т.е. веднаш да се флешува и директно да се стави овој ром.
Како не сум ја видел темава?? Инаку овој е Indroid ROM кој го имаш на xda. Не го бива и не ти препорачувам да го ставаш. Ромот е само со хоникомб тема и нема ништо посебно.. Ако сакаш добар ром за галакси 3 тогаш или Кирилиос, или кјораром инфинити кој е бета но е супер.. Инаку јас се откажав од кастм ромови, сега сум на официјален фројо, рутиран со разни џиџимиџарници.. Sent from my awesome Galaxy 3
Значи можам да го вратам потоа фројо-то ако не ми "легне" некој кастром. Тоа е добро. И јас размислував да го пробам Кирилиос евентуално. Thanks.