Прашање до Битолчани...

Дискусија во форумот 'Животен стил' започната од krale, 30 мај 2013.

  1. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.059
    Допаѓања:
    9.142
    Поени од трофеи:
    358
    Оти сте толку терсене?

    Случај 1!

    Ми се јавува познат битолски бизнисмен, човекот има трговска мрежа низ цела македонија, и во просечен дуќан има роба од најмалку 500.000 евра.

    - Оти ти се толку ефтини ајфоните?
    - Ако ти е проблем да се ефтини, ќе ги направиме да бидат поскапи.
    - НЕ сериозен сум.
    - И јас.
    - ОК, вака, да ми дадеш ти мене, заинтересиран сум, значи озбилен сум, кај мене во дуќан појди и остави ми 3 телефона 4S неверлок.
    - Добро. Они ќе ги платат?
    - Не. Ќе ги користам 2-3 недели, ако ми се бендисаат, ќе ти ги платам.
    - А може јас од кај тебе да земам нешто на 2-3 недели?

    Случај 2!

    - Сакам Нексус4 да ми го пратиш по карго за Битола.
    - Сигурен си?
    - Да, сто посто.
    - Да не се пишманиш после, оти имам муштерии за него.
    - Не, праќај го одма!

    (следниот ден)
    - Другар, ми стигна Нексусот ама не работи.
    - Како бе?
    - Така, му клавам картица не работи.
    - Клај му друга, рестартирај, пробај малце.
    - Пробав.
    - Абе да не се пишманеше ти, па сега не работи?
    - Не не, жими се, не работи, иначе јас сум за зимање. Не работи, ќе ти го вратам.
    - Добро, ако не работи врати го.

    (следниот ден стига Нексусот, и со сите можни картици си работи перфектно).

    Случај 3!

    Нема да има, или ај може некој ќе ме разубеди да им дадам трета шанса...
     
    На Dzepar, Tomekk, OLI-HAUG и уште 8 други им се допаѓа ова.
  2. Alfa Mobil Team

    Alfa Mobil Team Администратор™

    Член од:
    1 фев 2008
    Мислења:
    17.497
    Допаѓања:
    2.978
    Поени од трофеи:
    358
    Телефон:
    Samsung Galaxy Note4
    РОМ/Верзија:
    SEPF_SM-N910C_5.0.1T
    Не е до Битолчани, така ти се погодило.
    Верувај и тука во Скопје има доста терсене само не си налетал директно на пациенти.
    Има едноставно на некои луѓе им е досадно, немаат ни идеа ни план што да прават во животот а уште помалце желба за да одат едно скалило погоре, да просперираат во некоја сфера, да бидат пример повеќе имотни или повеќе едуцирани.
     
    На OLI-HAUG, Pane-G, StalkeR и уште 3 други им се допаѓа ова.
  3. stefan_mkd

    stefan_mkd GSM master

    Член од:
    12 дек 2008
    Мислења:
    4.119
    Допаѓања:
    2.015
    Поени од трофеи:
    208
    Ај да слушнам уште некоја прича од продвачиве :). Ова интересно било
     
    На NeNo-94 и CopE им се допаѓа ова.
  4. BokUre

    BokUre GSM master

    Член од:
    18 јан 2009
    Мислења:
    11.750
    Допаѓања:
    6.010
    Поени од трофеи:
    358
    ајде Кланисток јави сеееееееее :) те оговараат а за леви сварно десни сте хаха

    Sent from my HTC One using Tapatalk 2
     
  5. hensk

    hensk GSM master

    Член од:
    15 мај 2008
    Мислења:
    3.420
    Допаѓања:
    1.170
    Поени од трофеи:
    208
    ај ај уште некеое искуство,па и не мора да се битолчани :pos:
     
  6. Alfa Mobil Team

    Alfa Mobil Team Администратор™

    Член од:
    1 фев 2008
    Мислења:
    17.497
    Допаѓања:
    2.978
    Поени од трофеи:
    358
    Телефон:
    Samsung Galaxy Note4
    РОМ/Верзија:
    SEPF_SM-N910C_5.0.1T
    Кога ќе дојде некој од поле и направил пари, нема чувства и карактер. Мисли сите заради пари гзот ќе му го лижат :)
     
  7. brzi82

    brzi82 Познат Член

    Член од:
    2 фев 2010
    Мислења:
    903
    Допаѓања:
    258
    Поени од трофеи:
    63
    И јас имам мислење за битолчани дека се терсене народ :)
     
  8. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.059
    Допаѓања:
    9.142
    Поени од трофеи:
    358
    Еве една за скопје. Ми се јавува еден и ме отекува по телефон за цената. Дојде до 5е работата на телефон од триста кусур евра. Добро, налет викам само откачи ми се, еве ти уште 5е.

    Ок, доаѓа, влези кај мене во кола ми вика, искачам, шо ќе видам BMW Q7 се во кожа. Го гледа телефонот, веза нема, ај добро вика. Дојди позади ми се парите. Отвора гепек, отвора куфер у гепек... пун до крова илјадарки... Вади и брои.

    Вака го гледам, и ми текнува на муабетот за 5те евра, му викам, извини, што работиш ти? Продавам шашави ластичиња - ми одговара. Јас онака прснувам од смеа, овој мртов озбилен.

    Си идам накај дома, си викам - што будала сум јас со телефони ќе се расправам хаха... :)
     
    На 995user, Dzepar, OLI-HAUG и уште 3 други им се допаѓа ова.
  9. stefan_mkd

    stefan_mkd GSM master

    Член од:
    12 дек 2008
    Мислења:
    4.119
    Допаѓања:
    2.015
    Поени од трофеи:
    208
    Незнаев дека од они ластичињана се ваделе пари... :)

    Него ова BMW и Q7 не идат заедно :)
     
    На Pane-G, brzi82 и Nearen им се допаѓа ова.
  10. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.059
    Допаѓања:
    9.142
    Поени од трофеи:
    358
    хаха, да де...audi...
     
    На Nearen му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: