Правила и кодекс на однесување

Дискусија во форумот 'GSM Macedonia' започната од Bumblebee, 25 окт 2014.

Статус на темата:
Затворена за нови мислења.
  1. Bumblebee

    Bumblebee Администратор®

    Член од:
    3 јан 2012
    Мислења:
    7.176
    Допаѓања:
    6.342
    Поени од трофеи:
    258
    Телефон:
    iPhone 6s
    Правилник на GSM Macedonia ФОРУМ


    1.Форумот не е игротека, како и во секојдневниот живот ништо не функционира без правила, ред и дисциплина. Овие правила ќе го уредуваат "животот" и естетиката на нашиот форум.
    Доколку некој намерно ги крши правилата на форумов ќе биде баниран (санкциониран) од овој форум.

    2.Ги задржуваме правата за сите мислења кои ги прекршуваат овие правила да ги измениме или избришеме.

    3.Ве молиме внимавајте на вашите манири. Пцовките и навредите базирани на националност, религија, култура и идеологија се строго забранети и нема да ги толерираме:!!!:

    4.Форумот постои за споделување на различни идеи,мислења и помош. Одговарајте културно и почитувајте ги другите членови.Строго избегнувајте кавги и секакви препукавања,исто така строго забрането е “тролање”, кое може да резултира со бан без опомена. Тука сме да споделуваме знаења и помош и пред да се дружиме .

    5.На форумот има голем број на членови кои не секогаш се согласуваат со вашето мислење. Тоа не е личен напад против вас, па одма да почнете со препукавања, туку едноставно истакнување на лично мислење кое треба да го почитувате. Тоа во никој случај не значи дека вашето мислење не е точно и сл., се разбира доколку не е докажано со факти дека сте грешка.


    Етика на пишување теми и мислења:

    -Пред нешто да напишете, размислете. Обидете се да користите големи букви, интерпункциски знаци за полесно читање.

    - Официјален јазик на форумот е македонскиот а писмо кириличното. Задолжително е постовите да се пишуваат на македонски, притоа користејќи кирилична подршка.

    - Избегнувајте ги муабетите надвор од суштината на темата (off-topic) и одговорите како фала, благодарам, најдобар си, најдобра тема итн... Доколку сакате да му заблагодарите на некој член за квалитетна тема или пост имате опција за заблагодарување и систем за репутација.

    - Темите морате да ги отворите во соодветнио форум или под-форум, читајте ги описите на форумите доколку неможете да го најдете соодветниот форум според насловот.

    - Доколку копирате / постирате содржина ископирана од друга веб-страница или форум, обавезно наведете го изворот. Така се заштитуваме ние, а и тие кои ја напишале оригиналната содржина.

    - Насловот на темата која ја отварате да биде јасен и читок, доколку отварате прашање за некој проблем пожелно би било делумно да биде опишано прашањето во самиот наслов, пример:

    Ми требаааа ПОМООООШ:!!!: - не правилно
    Имам проблем со камерата на Нокиа н82 – правилно

    - За лични муабети постојат приватни пораки.

    Се надеваме дека ќе се придржувате до правилата,за да бидеме нели сите среќни и задоволни.:D

    13.03.2015 - Казнени поени и банови:
    • 10 - 3 дена бан
    • 15 - 1 недела бан
    • 20 - 2 недели бан
    • 30 - 2 месеци бан
    • 50 - 5 месеци бан
     
    Последна промена: 13 мар 2015
    На Filip, the_maker, Gajche и уште 18 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Затворена за нови мислења.

Сподели преку: