Поставување на ON-GRID мрежа во Македонија

Дискусија во форумот 'Животен стил' започната од dimeski, 20 апр 2015.

  1. dimeski

    dimeski Член

    Член од:
    12 мај 2010
    Мислења:
    97
    Допаѓања:
    65
    Поени од трофеи:
    18
    Почитувани
    Македонија е можеби единствена земја во која нема донесено закон за приклучување на ОН-ГРИД соларен фотонапонски систем на постојната електрична мрежа.Тоа постои , но само со извадена лиценца за повластен производител на ел.струја од обновливи извори.А таа лиценца се однесува на големи соларни фотонапонски централи , чини пари , време и може да ја извади само правно лице.
    Секаде, по другите земји ,приватно лице , може да постави соларни ФН панели , 1-2 киловати , ОН-ГРИД инвертер и сам да си ја произведува струјата што ја троши во куќата.Произведува , колку што троши +/- 10-20 % , не добива откуп на вишокот струја, но на крај на месецот ,си ги „израмнува “ сметките со ЕВН и не го чини ништо трошењето на струја .Ел.мрежа во случајот служи како бафер каде се чува вишокот на струја , произведена преку ден, и место од каде се троши преку ноќ или ако треба повеке од она што се произведува тој миг..
    Вакви системи чинат помалку од ОФФ - ГРИД ( со акумулатори, контролери на полнење и големи инвертори ( кои треба да издржат снага од сите кукни апарати заедно))...
    Има само панели и инвертер со снага колку што се панелите...
    Во разговор со неколку луѓе од ЕВН ми беше кажано дека поставување на ваков систем НИТУ Е ДОЗВОЛЕНО , НИТУ Е ЗАБРАНЕТО да се постави..Се работи за „сива“зона ...

    Јас веке нарачав такви ОН-ГРИД инвертери и за еден месец ке поставам таков мал систем од 600 W на мојата куќа , па да видиме како сето тоа ке се однесува...

    Работата е следна, ке произведувам струја , која ке се троши од мене , во мојата куќа .
    Ако имам поголема потреба од она што произведувам , ке повлечам преку броилото од самата мрежа , како и досега ...
    Вишокот ке „оди“ надвор од моето броило (кое притоа нема да брои наназад) и ќе го користат моите комшии , а ЕВН ке има ВИШОК на струја , за која ке заработи пари ( многу малку , но сепак ке заработи ).Тоа не е битно , битно е дека јас ке имам помали сметки за струја со сосема мала инвестиција , која би се исплатила за брзо време.

    Би сакал да чујам Ваше мислење за оваа работа !?
     
    На Alfa Mobil Team, OLI-HAUG, bosch и уште 3 други им се допаѓа ова.
  2. vonuzu

    vonuzu Модератор

    Член од:
    18 окт 2009
    Мислења:
    4.313
    Допаѓања:
    2.025
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    Xiaomi Redmi Note 3
    РОМ/Верзија:
    MIUI8 by xiaomi.eu
    Ке ѕи треба нова инсталација или само некоја модификација на електричната табла? Ако можеш постави некоја слика од шема како би изглеадало тоа.

    Sent from my G7 using Tapatalk
     
  3. dimeski

    dimeski Член

    Член од:
    12 мај 2010
    Мислења:
    97
    Допаѓања:
    65
    Поени од трофеи:
    18
    Здраво
    нема да треба никаква модификација на ел.инсталација во куката..
    Инвертерот се поврзува на постојната инсталација, со кабел до осигурувачката табла .
    Но само на една фаза , а не на сите три ( за тоа треба трофазен инвертер и доста повеке панели )
    Но и на таа една фаза , доволно е да биде онаа фаза каде се приклучени поголемиот дел на апарати кои работат дење ( фрижидер, ТВ, ПЦ и сл.
     
    На Dzepar и vonuzu им се допаѓа ова.
  4. vonuzu

    vonuzu Модератор

    Член од:
    18 окт 2009
    Мислења:
    4.313
    Допаѓања:
    2.025
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    Xiaomi Redmi Note 3
    РОМ/Верзија:
    MIUI8 by xiaomi.eu
    А во исто време истата фаза е приклучена и на мрежата на евн? Така? Малку не ми е јасно..

    Sent from my G7 using Tapatalk
     
  5. dimeski

    dimeski Член

    Член од:
    12 мај 2010
    Мислења:
    97
    Допаѓања:
    65
    Поени од трофеи:
    18
    ДА !!
    Приклучен е и ЕВН и ON-GRID системот
    Затоа е „ON-GRID “ ( во мрежа) .
    Инверторот од овој систем дава секогаш за нијанса повисок напон од оној на ЕВН и се однесува како генератор на ел.енергија ..
    Па во мрежа од 2 генератора , се „троши “од оној кој е со повисок напон .
    Така, ја троши струјата од твојот фотонапонски систем , а не од ЕВН , а тоа е она што сакаме да го постигнеме..
    Тој тип на инверотори имаат сл.карактеристики :
    Го следат напонот и фазата на ел.мрежа , каде се приклучени ( напонот , за да биде повисок од постојниот на мрежата ,а фазата се следи за да бидат фазно ускладени со мрежата и да нема никакви губитоци поради несинхронизација )
    Детектира ако се случи исклучување на струјата од ЕВН , во тој случај се исклучува и овој инвертор (ова е поради сигурносна мерка ,ако овластени лица вршат поправка на мрежата и ако нашиот инвертор работи ,ке ги отепа струја ).
    Има уште доста работи , ама ај за друг пат :)
     
    На Dzepar и vonuzu им се допаѓа ова.
  6. bosch

    bosch Член

    Член од:
    22 авг 2009
    Мислења:
    56
    Допаѓања:
    2
    Поени од трофеи:
    8
    Ова е се добро само мислам дека овие од ЕВН нема така лесно да се сложат на вакви ON Greed поврзувања,и друга работа е за цената на Инверторот ако е со неколку илјади долара се паѓа у вода.Значи ако платам јас само за инвертор до 2500-3000 долари, плус едно пет панела од по 150 W , плус монтажа . А за возврат правам струја која ке ми служи за штедливи сијалици,за полнење на мобилни и лап топ и слицни некои мали потрошачи. А кога ќе дојде време за уклучување на парно на струја од 24 KW или бојлер со греач од 2-4 KW тогаш црпиш струја од ЕВН мрежата. Значи многу голем бенефит за краток период не гледам, знам дека за долг временски период се исплати поради тоа што панелите се со рок на траење од 25-30 години. Што знам ја сум поише за OFF Greed. Дај боже да грешам.
    Ок се слушаме.....
     
    На vonuzu му/ѝ се допаѓа ова.
  7. dimeski

    dimeski Член

    Член од:
    12 мај 2010
    Мислења:
    97
    Допаѓања:
    65
    Поени од трофеи:
    18
    Здраво
    Морам да ти кажам дека грешиш , во повеке работи ...
    Мислам дека ЕВН не е надлежна за тоа што правам „после броилото“ се’ додека не го пореметувам нејзиниот систем , како со активна/реактивна снага или со крадење на струја од „пред броило“ ... Со закон не е забрането изричито ова што јас го предлагам ,па со позитивните законски рамки : СЕ’ ШТО НЕ Е ЗАБРАНЕТО ,Е ДОЗВОЛЕНО “..Но оставам можност и јас да сум грешка , сепак кој ке ги знае , „држава “ се нели ?!
    Цената на инверторот нема да биде ни половина од твојата цена , мислам дека цената вкупно со панели 10-15 панели ке биде 3-4000 евра ( ама не ме држете за збор , прво да видам што и како ) :).
    А за овој систем што ти го предлагаш за светло , мобилни ,лаптоп и слично , би бил 4-6 панели и инвертер до 600W би чинело 1200-1500 евра , со монтажа , што сепак ке се исплати за брзо време...( проблемот е што СЕГА , вишокот на струја , кога ти не користиш оди во „ветар“ , не се регистрира преку броилото дека си го произвел и пуштил во мрежата , па нема да ти се минусира од крајната сметка..Тоа би се средило ако се донесе потребниот закон..
    За уклучување на парно немој ниту да сонуваш :) парно треба кога е ладно и нема сонце ,а ако нема сонце нема ниту струја од панели.И воопшто , соларните фотонапонски системи се премногу скапи за да се користат за грејни тела ( шпорети , бојлери, греалки ,парно на струја...)
    OFF-GRID е сепак многу поскап и понеисплатив систем : треба акумулатори , скапи и недоволно трајни , мокен инвертер ( потребен за сите апарати наеднаш -> СКАП ИНВЕРТЕР
    Поздрав и секое добро
     
    На armin06, Dzepar и kirev им се допаѓа ова.
  8. bosch

    bosch Член

    Член од:
    22 авг 2009
    Мислења:
    56
    Допаѓања:
    2
    Поени од трофеи:
    8
    Ok zatoa rekov daj boze da gresam...
    Pa dobro ako se zeme predvid deka novite broila na EVN merat se pa duri I LED sijalickite na televizorot ,za ovaa cena do 1000 evra za potrosaci kako sto se polnaci za tableti, polnac za lap top nekolku LED svetilki pa I da receme radio I LED televizor bi trebalo da se isplati. E sega ako se donese nekoj zakon da go meri ona kolicestvo energija koe sto ke go isporacas vo EVN mrezata I ako na kraj na mesec se prebivate na smetkata toa e plus benefit.
    OK ajde eve ti si vo toj biznis pa ne bi bilo loso da ne informiras vo skoro vreme....
    Sekoe dobro I se slusame.
     
  9. dimeski

    dimeski Член

    Член од:
    12 мај 2010
    Мислења:
    97
    Допаѓања:
    65
    Поени од трофеи:
    18
    Здраво
    Инвертерот простигна , тестиран е и е ОК
    Овие денови ке го инсталираме системот кај мојот другар , зошто кај мене на покривот е таква гужва а и пред мене имам еден висок орев што половина од денот ми прави сенка...
    Во секој случај , да го поставиме , да направиме мерења 10тина дена па да соопштам малку повеке .
    Ке пробам да поставувам табела на произведена ел.струја секој ден од тој систем на мојот веб-сајт, чисто да се има увид што и како.
    Поздрав и секое добро
     
    На OLI-HAUG, bosch, vonuzu и уште 2 други им се допаѓа ова.
  10. bosch

    bosch Член

    Член од:
    22 авг 2009
    Мислења:
    56
    Допаѓања:
    2
    Поени од трофеи:
    8
    Ајде аирлија нека е :bran:
    направете мерења па чекаме резултати
    И за крај за нас последните потрошачи цената на чинење на системот не интересира.....
     

Сподели преку: