Пошто гледам дека на големо се размислува за додавање на нови функционалности, јас имам веќе изработено нова платформа која најдобро би ја промовирал преку GSMMKD а GSMMKD би добила ново руво многу побогато од оваа сега и со далеку помоќна администрација можеме да направиме соработка меѓусебна од која секој би имал своја корист. Детаталите за соработката ќе ги дефинирам со одговорните тука е добро да се изјаснат членовите и администрацијата што сакаат да видат во новата верзија на GSM Macedonia, какви функционалности, измени на темплејт и ред други детали. Ајде да бидеме уникатни да не не споредуваат со GSM Arena, да изградиме свој препознатлив стил ЕДИТ Ќе пишам јас утре детална спецификација како јас замислувам
- Огласите да имаат опција за маил да се остави и автоматски да се прати маил на огласувачот. - Галерија со слики за секој телефон, нормално одкако ќе се дополнат сите телефони. - Page Peel Банер во десниот горен агол - Покомплициран дизајн со повеќе ефетки, како потродимензионално да е... незнам како да се изразам али сфаќате на што мислам - Некој ефект во стилот на кога ќе поминам со маусот врз некое копче да напраи некоја анимација пример да светне... нешто такво. - Преуредување на Главната страна... Имав уште многу работи али сега ништо не ми текнува
јас сакам песничка во позадина да ми свири... 1. опција мобилари да можат да пишуваат цени на мобилните телефони кои ги имаат на ново, значи освен што кога некој ќе огласи некаков телефон и автоматски цената од огласот оди кај тој модел заедно со неговиот телефон, да имаат опција под самата слика нешто во стил како кај telefoni.com.mk што е направено: eве декс како би изгледало сето тоа од страната на мобиларите, јузерите ние ке ги креираме: http://telefoni.com.mk/mobilari/ user: alfamobil pass: по смс ќе го добиеш околу 15 часот. a да малце да се потсредам, јес да и сега имам доволно време секој ден по саат време и секоја вечер по 2 саати да посветувам на форумот и порталот. но тука да се додаде бутонче шо би рекле блгарите - Support и да води кон support.gsmmkd.com јес да нема никаква скрипта, но како што рече Fillip и да е најгрд, ако има битни податоци - секој би го посетувал. се надевам дека сте виделе барем вие сервисерите што се има во супортот, нали? а тоа веб смс, веб шоп, туториали таму април/мај треба да ги разгледам опциите за веб шоп, мене уште пред 2 години од кајгана ми понудија да направат алфамобил.кајгана.ком или нешо сл. каде ќе си имам свој простор за веб шоп, за префрлање пари не е проблем преку трансакциона сметка воедно и преку виса електрон воопшто не е тешко да се плати, туку продуктот да се достави, има повеќе опции како сити бајк доколку е во Скопје, брза пошта доколку е во Македонија... итн...
http://www.templatemonster.com/ Бирајте урнек за дизајн Може и комбинација од неколку сајтови или па некој сам нека изработи (имаше едно девојче тука на форум што почна да прави урнек за дизајн мислам)
Ја сепак мислам да се освежи и осветли малце, да се задржат боите но да се вметне посветол тон кој ќе доминира. Не многу расшаран и прегледен дизајн, едноставни линии кој на прв поглед ќе ја доловат содржината и ќе истакнат односно потенцираат тоа што е најново. Их ама го нацртав со зборови хаха
Бошко опцијата за цени од мобиларите постои, само сеуште не е добро разработена. Сепак мислам дека ќе биде проследена со неуспех ако ги копираме телефони.ком.мк и едноставно нема да користи воопшто. Ај деновиве кога ќе се видиме ќе ти го објаснам мојот план.