Помош при избор на графички таблет

Дискусија во форумот 'Хардвер' започната од dedicateda7xfan, 30 јун 2017.

  1. dedicateda7xfan

    dedicateda7xfan Член

    Член од:
    3 фев 2012
    Мислења:
    40
    Допаѓања:
    10
    Поени од трофеи:
    8
    Сакам да преминам од хартија и пенкало, на таблет и PC. Немам до сега цртано на графички таблет, ниту пак користено програми за графички дизајн, ептен сум почетник. Што би ми предложиле да земам за почеток?

    П.С. За почеток, претежно ќе се испробувам со логоа и дизајни за на маица.
     
  2. fuzhong

    fuzhong Нов член

    Член од:
    2 апр 2019
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0
    Поени од трофеи:
    1
    Телефон:
    iphone6s plus
    РОМ/Верзија:
    4G
    Ја имам XP-Pen Deco 02 а претходно имав Wacom intuos 4 и мислам дека можам да ти дадам неколку совети. XP-Pen таблетите имаат подобар price performance момент во однос на Wacom . Е сеа од XP-Pen имаш Star , Deco и Artist серии.

    Star ти се entry-level табли, со најосновни функции и помали димензии. Погодни се за хобисти, и пред се наменети за нив, но и за професионалци кои таблетот го користат како помошно средство, пример обработка на фотоси, векторска графика, графички дизајн итн. За овој тип на работа не ти треба голема површина, нивоа на притисок, осетливост на агол итн.

    Deco се профи табли. Се разликуваат од Star во секој поглед, почнувајќи од изглед, па до квалитет на изработка, ергономија, функции, големини итн. Овие табли се добри за цртање, моделирање и анимирање, затоа што нудат брз workflow, издржливи се и прецизни. Ваква табла се зима ако работиш на таблата повеќе одколку на тастатурата, и ако работиш долги временски периоди.

    Artist се таканаречени дисплеј табли, кои што служат како екран и табла во исто време, значи се црта дирекно на екранот. Овие табли се ултра скапи, и се наменети за ептен профи луѓе на коишто им здосадило да работат на Intuos и го сакаат овој луксуз, инаку нема ништо посебно што може да се направи со овие табли а да не може со другите од понизок ранг.

    Мој совет е да земеш XP-Pen Star G640 Drawing Tablet табла, кој модел зависи од тебе, дали сакаш да има копчиња, која големина и сл., но за тоа што го спомна дека ќе го работиш ќе ти врши работа и најосновниот модел со А6 формат. За вектори и графика не ти треба големина, не ти требаат нивоа на притисок, и искрено поголемиот дел од работата ќе го правиш со маус.
     

Сподели преку: