Полицајците од МВР сепак ќе возат “шкода јети“

Дискусија во форумот 'Македонија и свет' започната од Torte Mobile, 29 авг 2012.

  1. Torte Mobile

    Torte Mobile Супер Модератор

    Член од:
    5 фев 2008
    Мислења:
    9.972
    Допаѓања:
    3.912
    Поени од трофеи:
    258
    Телефон:
    Samsung NOTE 8
    [​IMG]

    Компанијата „Ка-дис“ беше најповолен понудувач на денешната јавна аукција во МВР.
    На аукцијата покрај „Ка- дис“ учествуваа уште четири правни субјекти со свои понуди - „Порше Македонија“ со моделот шкода јети, „Аутомотив Груп“ сo рено колеос, „Автомакедонија“ со oпел инсигниа и „Делукс-Ауто“ од Куманово со фолксваген тигуан.
    Почетната цена на јавното наддавање беше 236.934.900 денари, а понудувачите можеа да ги намалуваат понудите најмалку за 250.000 денари, а најмногу 2.500.000 денари во секој круг од јавното наддавање.
    Ќе бидат набавени 150 нови полициски возила, кои ќе ги заменат „крајслерите“.
    Согласно тендерската документација возилата треба да бидат во бела боја со ознаки на полицијата, а во цената е вклучено и тригодишно бесплатно одржување на возилата (замена на гуми, масло, антифриз, филтри за воздух...).
    Во тендерската спецификација предвидено е возилата да бидат со дизел мотор со зафатнина од 1.900 до 2.300 сантиметри кубни и со моќност од 110 до 140 киловати.
    Новите возила треба да се плаќаат на 36 месечни рати, а рокот за нивна испорака е 90 дена.

    [​IMG]
     
  2. trte-mrte

    trte-mrte Супер Модератор

    Член од:
    4 мај 2008
    Мислења:
    3.320
    Допаѓања:
    533
    Поени од трофеи:
    143
    Сеуште не се знае дали ќе е така. Порше Македонија најавува жалба... со докази како видео материјал... и писмени докази од Т-Хоме... дека биле спречени да дадат пониска понуда :)
    Ќе видиме што ќе излезе од целата ситуација :)
     
  3. Steff_Maja

    Steff_Maja Член

    Член од:
    8 окт 2011
    Мислења:
    99
    Допаѓања:
    8
    Поени од трофеи:
    8
    А какво авто па понудиле, пфф.
    Само Tiguan-от ми се допаѓа. Тоа е за полиција :D
     
  4. Torte Mobile

    Torte Mobile Супер Модератор

    Член од:
    5 фев 2008
    Мислења:
    9.972
    Допаѓања:
    3.912
    Поени од трофеи:
    258
    Телефон:
    Samsung NOTE 8
    За мене најдобро решение е Алтеа фритрек, јетито е многу високо а пократко и погрдо не ми за џандарско
    џипови како тигуан не се за полиција, не иде, ај да имаат неколку ама сите коли да им се тигуани не
    инсигнијата е преубава, ама пак не ми оди за полициски коли и сигурно поскапо ќе ги нудат дизелите и поскапо е одржување ...
    --- надополнето: Aug 29, 2012 6:30 PM ---
    Во меѓувреме во Германија

    BMW во Германија, Лајпциг ќе ги претстави наредната генерација на полициски возила.
    Се работи за пет BMW модели на автомобили: 3, X3, 7, X5 и i3.Погледнете ги полициските автомобили на фотографиите.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На христијан му/ѝ се допаѓа ова.
  5. albertino

    albertino Активен Член

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    966
    Допаѓања:
    81
    Поени од трофеи:
    28
     
  6. Steff_Maja

    Steff_Maja Член

    Член од:
    8 окт 2011
    Мислења:
    99
    Допаѓања:
    8
    Поени од трофеи:
    8
    @torte mobile погледни го џипот како добро изгледа.
    Зошто и ние да немаме вакви добри играчки.
     
  7. DigitalDreamer

    DigitalDreamer GSM master

    Член од:
    20 фев 2009
    Мислења:
    2.891
    Допаѓања:
    2.444
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    Xperia X
    РОМ/Верзија:
    7.0
    Знаејќи ги нашиве, чудно ми е што ова не го добиле:
    [​IMG]
     
    На Alfa Mobil Team и dejanmanasiev им се допаѓа ова.
  8. Jane

    Jane Aдминистратор

    Член од:
    1 фев 2008
    Мислења:
    18.536
    Допаѓања:
    1.776
    Поени од трофеи:
    358
    Не ми е јасен делот, 3 години бесплатна замена на гуми? :) Или по грешка се спомнати гумите во заградата?
     
  9. Misko6000

    Misko6000 Искусен член

    Член од:
    31 дек 2008
    Мислења:
    1.664
    Допаѓања:
    1.264
    Поени од трофеи:
    178
    РОМ/Верзија:
    MIUI Weekly 6.9.15
    Ех, уште колку анекси ќе се напраат, се ова е само старт за да се добијат тендери.
     
  10. Jane

    Jane Aдминистратор

    Член од:
    1 фев 2008
    Мислења:
    18.536
    Допаѓања:
    1.776
    Поени од трофеи:
    358
    Незнаев дека е до толку, поготово не за гуми со оглед на тоа што службена кола не трга без шкрипење, гумите за кратко ги прават парче. Незнам која им е математиката да им менуваат гуми цели 3 години.
     

Сподели преку: