Познати логоа и нивното скриено значење

Дискусија во форумот 'Македонија и свет' започната од Torte Mobile, 11 дек 2012.

  1. Torte Mobile

    Torte Mobile Супер Модератор

    Член од:
    5 фев 2008
    Мислења:
    9.972
    Допаѓања:
    3.912
    Поени од трофеи:
    258
    Телефон:
    Samsung NOTE 8
    Уметниците криеле потсвесни и тајни пораки во своите дела со векови, а таа традиција живее и ден денес во дизајнот на лого креаторите. Некои од пораките се повеќе очигледни од другите, но сите се тие се креативни, иновативни и успешно го задржуваат вашето внимание.



    Сигурно сте виделе стотици логоа. Рекламите се секаде околу нас, и имаме развиено систем да ги игнорираме. Некои компании не се креативни и се користат со наједноставни програми за да го создадат нивното лого... Но, иновативните компании од друга страна, вистински се посветуваат на создавањето на совршеното лого, а со тоа и создавање на совршена реклама која со сигурност ќе привлече вашето внимание.

    "FedEx"

    Логото на "FedEx" има скриена стрелка помеѓу буквите Е и X. Логото е дело на Линдон Лидер кој го дизајнирал во 1994 година. Логото е резултат на работата каде повеќе од 200 други логоа биле дизајнирани пред да се дојде до сегашниот изглед. Ова лого е добитник на повеќе од 40 лого награди низ светот.

    [​IMG]


    "VAIO"

    Најпрво гледате модерни букви, но всушност логото на "VAIO" има скриено значење. Првите две букви претставуваат аналоген сигнал, а последните две се 1 и 0 од дигиталниот свет.

    [​IMG]


    "Toblerone"

    Тоблероне е компанија за чоколади од Берн, Швајцарија, кој е познат по високите планини. Берн е наречен и "градот на мечките", па затоа не е ни чудно што во нивното лого е видлива мечка која се искачува по планина.

    [​IMG]


    "Amazon"

    Жолтата стрелка не претставува само насмевка. Покажува дека можете да купите се од А до Z на "Amazon".

    [​IMG]


    Формула 2

    Ова лого го има скриено бројот 1 помеѓу буквата F и брзинските линии.

    [​IMG]


    "Carrefour"

    "Carrefour" е една од најголемите компании во Европа, а на француски, значи "крстопат". Логото го симболизира овој збор преку двете спротивни стрелки, бидејќи е видлива буквата "C" во негативниот простор помеѓу двете стрелки.

    [​IMG]


    "Tour de France "

    Пронајдете го велосипедистот во логото.... Помош: Жолтиот круг е едното тракало.

    [​IMG]


    "Roxy"

    "Roxy" е бренд за женска облека која е во сопственост на "Quicksilver". Логото е составено од две споени "Quicksilver" логоа со цел да се добие форма на срце.

    [​IMG]


    "LG"

    Животот е убав, особно кога играте "Pac-Man"!

    [​IMG]
     
    На Војвода, христијан и NeNo-94 им се допаѓа ова.
  2. NeNo-94

    NeNo-94 iModerator

    Член од:
    7 окт 2011
    Мислења:
    1.041
    Допаѓања:
    743
    Поени од трофеи:
    113
    http://9gag.com/gag/5937993 .. еве уште неколку.. некои ги има .. некои ги нема.. некои не ги ни знаеме :D
     
  3. Effendi

    Effendi Искусен член

    Член од:
    23 дек 2010
    Мислења:
    769
    Допаѓања:
    870
    Поени од трофеи:
    158
    [​IMG]


    Monster University - M

    Според теориите на заговор,ова лого кое инаку е лого од филм а не постоечко на фирма,би требало да означува масонски симбол по буквата М и окото кое го има во средина што најчесто го има како симбол по масонските храмови и староегипетските.

    [​IMG]

    Според религиските верувања,за крајот на светот да дојди,треба да се појави едноокиот водич,кој е познат под разни имиња Антихрист,Деџал,едноокиот итн.Интересен е концептот на филмот, особено делот Monsters University со одредени сцени во него,каде посебна група на луѓе (над-луѓе) живее одделено собирајќи “енергија“ од врискањето на мали дечиња. Влезот кон нивните домови се одвива од една фабрика,каде изработуваат врати со кои можат да стигнат до било кој дом.
    Споредено со смартфоните и интернетот денес, концептот на филмот е една интересна скриена порака (за или против “некој“) не може да се знае.

    [​IMG]

    За Disney се верува дека во логото го содржат фамозниот број 666 во зборот Walt Disney во буквите W,D,Y (We'll Dominate You)

    [​IMG]


    Логото на олимписките игри кое беше доста осудувано за Зионистичко значење.Спелувано од горната лева буква со долната лева буква поврзувајќи ги,формира збор “ZION“.

    [​IMG] [​IMG]

    Тука повторно го имаме едноокото “човече“ како маскота на овие логоа.

    [​IMG]

    [​IMG]

    Според Вилсон Брајан, цигарите Camel имаат скриена слика на човек со еректиран пенис.

    [​IMG]


    Логото на Старбакс - добро познатиот бренд има слика од девојка.Според одредени теории,тоа е Еврејската кралица - Естер (Queen Eshter)

    [​IMG]

    [​IMG]


    Креативните умови не престануваат да работат,искрено верувам дека дилерот му подметнал нешто јако на човекот кој го цртал ова,но сепак интересно. Се работи за цигарите Марлборо,и нивниот дизајн.

    [​IMG]

    Спартанец или играч на голф? Вашата имагинација нека одлучи:)

    [​IMG]

    Логото на оваа зоолошка градина крие под дрвото лав и мајмун.

    [​IMG]
     
    На krale и Torte Mobile им се допаѓа ова.
  4. Gajche

    Gajche GSM master

    Член од:
    26 јун 2011
    Мислења:
    8.187
    Допаѓања:
    8.316
    Поени од трофеи:
    258
    Нема/Не Постои фирма од 500 најуспешни/најпознати Fortune 500 ,
    А да нејзиното Лого/Симбол,
    не е некако Симболично поврзано со Оклултното,Масоните или старите Пагански Богови,вклучувајки го и стар Египет-Пирамидите и Сумерија и Окото што гледа СЕ.

    Sent from my Samsung Galaxy Note 3 SM-N9005 using Tapatalk
     

Сподели преку: