Писмени по македонски јазик

Дискусија во форумот 'Е-Книги' започната од dejannnn, 21 мар 2010.

Статус на темата:
Затворена за нови мислења.
  1. dejannnn

    dejannnn *strong man =)

    Член од:
    27 ное 2009
    Мислења:
    327
    Допаѓања:
    27
    Поени од трофеи:
    28
    ми треба писмена работа по македонски јазик под наслов (кога срцето е полно со надеж) ми треба за утреее :D :hammer::Заебава::!!!:
     
  2. Јован

    Јован Познат Член

    Член од:
    2 апр 2008
    Мислења:
    2.926
    Допаѓања:
    169
    Поени од трофеи:
    93
    А да прашаш по комшии?
     
  3. (WpX)ALeX

    (WpX)ALeX Познат Член

    Член од:
    21 окт 2009
    Мислења:
    3.901
    Допаѓања:
    663
    Поени од трофеи:
    143
    Кога срцето е полно со надеж
    Моќта што секоја персона ја поседува не се мери преку силата во физичкиот свет туку силата што поединецот ја поседува во срцето. Таков сегмент претставува надежта која што вечно сјае во срцето на секој човек во рок на неговиот животен часовник.

    Ние секојдневно живееме преку горивото на надежта бидејќи без таква особина што го грее срцето, ние би биле само празни и механички суштества кои дејствуваат во склоп со наредбите на разумот, а не со тие на срцето. Таа енергија, едноставно е неизбежен сегмент кој секој човек ја поседува независно од нејзиниот квантитет. Како што времето минува така и нови надежи се појавуваат поврзани со нашите активности, нашата фамилија и нашата иднина. Како пример кој не може да се одбегне во сегашноста претставува болката која ја чувствуваат преживеаните на Хаити и Чиле, но и слични такви што постоеле во историјата на светот. Нивното страдање е осветлено со негата на надежта, мислите кои им помагаат да се надеваат на помошта од светот и дека следниот ден ќе го дочекаат со насмевка на нивните лица. Таква помош е навистина нужна во срцето доколку човековото битие се најде во ситуација на неизбежлив очај и депресија. Во такви моменти срцето се исполнува со надеж, горивото на нашето постоење, главната причина за нашиот опстанок на оваа планета и покрај сите негативности кои ја обвиваат. Како последица од тие негативности, човековото битие се исполнува со надеж, со енергија која му дава инерција на издржливост и надминување на сите препреки на неговиот пат.

    Затоа треба да знаеме дека без разлика колку и да е висока препреката или колку и да е интензивно страдањето, сепак „Надежта последна згаснува“, а дотогаш ќе постои во срцето на секоја личност.​
     
  4. Јован

    Јован Познат Член

    Член од:
    2 апр 2008
    Мислења:
    2.926
    Допаѓања:
    169
    Поени од трофеи:
    93
    персона??? Хахахаххахаха Личност можеби!
     
  5. (WpX)ALeX

    (WpX)ALeX Познат Член

    Член од:
    21 окт 2009
    Мислења:
    3.901
    Допаѓања:
    663
    Поени од трофеи:
    143
    Да и многу се употребува, посебно во македонскиот литературен јазик. Јас имав иста ваква реакција кога во 1ва година го слушнав од Трол/Трајче (ако ти текнува за кого зборам). Но по мое изненадување, професорката ни покажа дека ваков збор не е ни малку далечен за нашиот јазик.
     
  6. Јован

    Јован Познат Член

    Член од:
    2 апр 2008
    Мислења:
    2.926
    Допаѓања:
    169
    Поени од трофеи:
    93
    Никој не рече дека е далечен и не си прв што го употребува. Во оваа конотација е fucking смешно.
     
  7. (WpX)ALeX

    (WpX)ALeX Познат Член

    Член од:
    21 окт 2009
    Мислења:
    3.901
    Допаѓања:
    663
    Поени од трофеи:
    143
    Тоа ни малку не ми е релевантно. Јас му напишав на Дејан можна верзија од тоа што би требало да го напише за писмената. Негов избор со каква лексика ќе се користи.
     
  8. Јован

    Јован Познат Член

    Член од:
    2 апр 2008
    Мислења:
    2.926
    Допаѓања:
    169
    Поени од трофеи:
    93
    Тогаш само му го проширив изборот
     
  9. dejannnn

    dejannnn *strong man =)

    Член од:
    27 ное 2009
    Мислења:
    327
    Допаѓања:
    27
    Поени од трофеи:
    28
    fala za sostavite mn ogu se prekrasni .... petka ke dobijam:D:D:D:
     
  10. (WpX)ALeX

    (WpX)ALeX Познат Член

    Член од:
    21 окт 2009
    Мислења:
    3.901
    Допаѓања:
    663
    Поени од трофеи:
    143
    Тоа е одлично, но да не забележи нешто сомнително? Ќе биде она сценарио „Кој ти ја пишуваше писмената?“ > „Еден од форум.“ :D.
    Сепак среќно на писмената. 6ка да добиеш.
     
Статус на темата:
Затворена за нови мислења.

Сподели преку: