Ќе се најави март или +/- недела дена од најавување на Ајфон 5, нема никаква потреба претходно. Иста физичка големина со СГС2, само 4.5 инчен екран на сметка немање хардверско копче ко сегашниот СГС2. Супер амолед плус ХД 1280х720. 1.5 гб рам - 2гб рам, ефтин е сега рамот и онака, можат да стават чисто оти им се може. 32-64гб модели. Е сеа за чип може ама немора да значи дека ќе има нов 4 јадрен ексинос. Ако има, не очекувајте дека пред Август да ќе го има во продажба кај нас. За мене ништо интересно. Ми требаше телефон само што ќе нема проблем со 720п флеш видеа, и 720п МКВ видео фајлови со АС3 енкодиран звук, 5 инча екран, ХД резолуција - и го направија Ноте . Ноте-от ќе го сменам само доколку има 5.5-5.65 Ноте2, со 4 јадрен процесор, во исто кукиште како сегашниот модел, сосема возможно со оглед дека ќе се отстранат физичките копчиња.
Од хардверски аспект кога гледам еден телефон, само неколку работи се битни: 1. солиден дизајн (нејќам по џебови да ми се врткаат ругосии) 2. портабилен (нејќам нешто за што треба да носам актовка со мене, ако е за тоа ќе си земам лаптоп или прав таблет) 3. солидна батерија (не ме интересираат уреди што не издржуваат МИНИМУМ 1 ден и тоа маста да им ја извадиш) 4. камера со која ќе вадам слики со кои нема да се срамам 5. брзина во комбинација со софтверот, која нема да ме нервира во чекање на лоадирање, лаг, паѓање на апликации, сецкање... 6. солидна големина на екран, која не го загрозува број 2, а сепак нуди одлична резолуција Дополнително ми е битно софтверот да е 7. брз, лесен и моќен Ноутот паѓа на 1, 2, 3, 5, 6 и 7. Галакси С2 и ако е вака најавена С3, по мене паѓа само на 5 и 7, иако можат да се проголтаат. Се надевам дека дизајнот нема да биде ваков, па за мене единствена мана на С3-ката би била комбинацијата со андроид. Значи ако Самсунг уште маааалку поработи на дизајнот на С3-ката, нема да имам до Самсунг ама баш никакви замерки, освен што ете не инвестираат во софтвер и се зависни од андроид, што им го кочи развојот.5 Ајфон 4/4с паѓа на 6, со тоа што екранот е едвај доволен за сериозна работа. Ама како и кај С2/С3 полесно ми е да ги проголтам тие недостатоци, отколку кај ноутот.
Крале - човекот кој користеше само убави телефони, затоа што грдите телефони се ... едноставно грди! Бтв, 2 пати го вадам Ноут-от во јавност да зборам последниве денови (јавност во смисол веќе разговарам со некој во живо што не ми е роднина или близок пријател) и 2 пати ме прашуваат ... Што е тоа, ТЕЛЕФОН?!?! (негативно изненадени од големината) х)))), али ја поткован од Крале само ги погледнувам мрко и викам - ДА, ОД СТАРИТЕ ТЕЛЕФОНИ ПРЕД ДА СЕ ПОЈАВАТ МОБИЛНИ. Интересно е, ги остава замислени
Крале, ти како и сите македонки, натокмени и нагиздени чекајте да ве земе некој бизнисмен и да ве носи во провод за лепо и дуго сечање. Многу стилизирана нација сме со тешки трипови во резерватов. 1. солиден дизајн - субјективно, нема консензус за естетика, ама има консензус дека за естетика нема консензус 2. портабилен - до 5.5 инчни уреди се носат во машки панталони или просечна женска ташна, битно е да е под 1 цм дебел да не се истакнува многу 3. солидна батерија (не ме интересираат уреди што не издржуваат МИНИМУМ 1 ден и тоа маста да им ја извадиш). Проблем со батерија на мобилен не сум имал никогаш, битно е да знаеш како се користи и како се подесува за тие работи за кои ти е наменет. Ноут-от во нормална употреба трае неколку дена без полнење. 4. камера со која ќе вадам слики со кои нема да се срамам ... не капирам кое е полтронското однесување, за другите живееш? Конформизам невиден, олабај се малце, некогаш и да се најдеш во незавидна позиција не значи дека е крај на светот. Ако си цел живот синхронизиран со тоа што го прават/носат/зборат другите тогаш не разбирам какви задоволства/или дали воопшто наоѓаш уживање во некаква индивидуалност? 5. брзина во комбинација со софтверот, која нема да ме нервира во чекање на лоадирање, лаг, паѓање на апликации, сецкање... // Епл беше најбрз на ова поле пред појавата на дуал кор ХТЦ и Самсунг моделите, Ајпад 2 не се споредува во брзина со Тегра 2 (тешка утка). Сега веќе е друга ситуација. 6. солидна големина на екран, која не го загрозува број 2, а сепак нуди одлична резолуција. Дополнително ми е битно софтверот да е 7. брз, лесен и моќен. Карло Бос, ама послаб малце ))?
Новиот Samsung Galaxy S3 на корисниците ќе им понуди 3D технологија, односно тие ќе имаат можност да гледаат 3D филмови, да играат 3D игрици, а самиот мобилен уред ќе може да се приклучи на 3D телевизор со цел 3D содржината да може да се гледа на поголем екран. Samsung Galaxy S3 на пазарот ќе се појави во февруари, а ќе содржи технологија како AMOLED екран и 2 GB RAM, открива сигурен извор за корејскиот интернет сајт etnews.com. Неговите ривали LG и HTC веќе нудат уреди со 3D технологија. Овие уреди се опремени со 3D камера со двојни објективи. Но, недостатокот на 3D игри и клипови е причина за слабата продажба на овие уреди. Меѓутоа, уредите на Samsung од фамилијата Galaxy се нешто сосема друго. Постоењето на Galaxy S3 е реалност ако се земе во предвид успехот на Galaxy S2 кој бил продаден во 10 милиони примероци. Тоа и овозможило на компанијата Samsung да ги надмине Apple во продажбата во третиот квартал од 2011 година. Samsung Galaxy S3 ќе биде претставен кон крајот на февруари во Барселона. "Уредите од фамилијата Galaxy станаа најбарани во светот. Galaxy S2 стана најбрзо продаваниот смартфон на Samsung на сите времиња. За 55 денови биле продадени 3 милиони уреди Galaxy S и Galaxy S2 ширум светот во текот на октомври. Купувачите биле премногу заинтересирани за Galaxy", се наведува во извештајот на блогот "Boy Genius Repor" специјализиран за технологија, објави "Daily Mail". Извор: zazabava
од FACEBOOK страната на Galaxy S3 Galaxy S3 features - 4.6-inch Super AMOLED Plus screen at 1,280×720-pixel resolution - 1.8GHz chip with 2GB RAM for zippy multitasking and games - Android 4.0 Ice Cream Sandwich with a refreshed TouchWiz skin - Camera-quality 12-megapixel photos - Styled like the Galaxy Nexus