Новиот "Apple" центар: Погледнете во иднината

Дискусија во форумот 'Забава и култура' започната од Torte Mobile, 16 ное 2013.

  1. Torte Mobile

    Torte Mobile Супер Модератор

    Член од:
    5 фев 2008
    Мислења:
    9.970
    Допаѓања:
    3.910
    Поени од трофеи:
    258
    Телефон:
    Samsung NOTE 8
    Веќе со месеци се шпекулира за конечниот изглед на новиот центар на "Apple", кампусот кој е предвиден да се гради во Купертино, Калифорнија.
    Благодарение на сајтот „City od Cupertino“ имаме можност да погледнеме во иднината и да видиме каде ќе се прават идните уреди кои ќе го менуваат светот.

    Самиот кампус ќе има кружен/цилиндричен облик, а ќе зазема речиси 280 000 м2. Кампусот го проектирал британскиот архитект Норман Фостер, а просторот е направен за да ја „промовира заедничката работа и соработката, така што го поврзува надворешниот со внатрешниот простор преку еден долг коридор“.

    [​IMG]

    Во комплексот ќе биде сместен и центар за развој и истражувања, а под целата површина ќе се наоѓа подземен комплекс во кој ќе се прави промоција на нови производи и деловни стратегии. Интересно е тоа што рестораните и кафулињата се простираат на површина од 8400 м2.

    [​IMG]

    На некој начин целиот комплекс потсетува на голема „Apple Store“, можеби поради тоа што ја дели нивната спартанска естетика. На една од рендираните фотографии се гледа и рецепција која доста потсетува на „Genius Bar“.

    [​IMG]

    Претставници од „Apple“ изјавиле дека новиот центар е дизајниран како „соодветен амбиент кој на вистински начин го рефлектира начинот на живот кој го диктира „Apple“ во кој посебно се ценат иновацијата, едноставноста и убавината.

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]


    [​IMG][​IMG]
     
    На Pane-G му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: