Мобилни оператори во Македонија, искуства, забелешки, новости итн!

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони и таблети' започната од Effendi, 24 дек 2013.

  1. Effendi

    Effendi Искусен член

    Член од:
    23 дек 2010
    Мислења:
    746
    Допаѓања:
    848
    Поени од трофеи:
    158
    Незнам досега дали се отворила/разработила ваква тема,но мислам дека не е на одмет да се има една во која ќе се објавуваат примамливи понуди,пакети,новости,пцовки од и кон нашите оператори.
    На почеток ќе ги претставам моменталните актуелни при-пејд понуди од нашите оператори,прв како најатрактивна понуда ја воведе ONE на Џабест тарифниот модел - 2,9 денари кон сите мрежи.


    dzabesgt.jpg



    Т-Мобиле МК

    Веднаш после Џабест,Т-Мобиле ја воведе припејд понудата COOL со истите цени како на ЏАБЕСТ. 2,9 денари кон сите мрежи, со воспоставување повик од 2,9 денари. Единствена разлика е немањето 1000 бесплатни минути, како кај корисниците на Џабест кои не им се наплаќа разговорот со друг џабест корисник,освен на другите мрежи.

    tn.jpg


    И неколку месеци...година...година и неколку месеци ете го и VIP дотрчка со истата понуда, кога оваа веќе стана старомодна, и тие ја воведоа со истата цена. Немањето иновативност и креативност е вистински проблем кај Македонските компании. Изгледа се чекаат кој прв ќе пушти цена па другите го прават истото.Во спротивно,зошто би спуштале кога можат да го дерат народот и со поскап импулс?

    cx.jpg


    Инаку,вип си има и една ЧУДНА при-пејд тарифа,за која навистина треба да си „ПОСЕБЕН“ во вистинска смисла да би ја користел. Погледнете ги цените:

    vuo.jpg


    Баш убаво пишува “Немаш ограничувања и живееш посебно“. Или имаш пари неброени или си посебен син на милионери. Погледнете ја цената кон сите мрежи од 10,38 денари за минута, и 70 денари за мегабајт интернет!

    ВИП оператор доколку не ги имаше тие ПОСТ-ПЕЈД корисници,тешко дека ќе опстоеше до денес како оператор. Отсекогаш сум го сметал за најпролетерски оператор,онака нискобуџетен,нискокласна фирма,која не води воопшто сметка за корисниците туку упорно напнува со нивните пост-пејд нови модели.
    Досега не се случило корисник да добие потврда за лојалност,попусти и други придобивки,нити пак се слуша дека се квалитетни.Со оглед на тоа што може да земи пост-пејд договор СЕКОЈ со наполнети 18 години и лична карта,очигледно дека станува збор за оператор кој по секоја цена ги обврзува корисниците на 24-месечно користење како гаранција дека барем во наредните две години ќе опстои. Предност им е брзата постапка за склучување постпејд договор,први воведоа бесплатно кон нивна мрежа а потоа и кон другите мрежи,со кои ако имате добра мрежа можете да зборувате на телефон доста време поради големата сума на минути кон сите мрежи кои ги нудат. Сепак зависно од тарифниот модел кој го користите,одредени периоди во годината прават и примамливи пост-пејд понуди на кои корисниците вклучуваат и уште еден пост-пејд договор.
    Маана им е лошата и нестабилна мрежа и нивото на покриеност, често пати може да се слушате и самите-себе си како ехо,некогаш слушате и страни звуци, кога бирате корисник знае да биде “недостапен“ односно серверот поради преоптовареност го исфрла, слабиот интернет кој иако е доста “пофален“ од нивна страна,лошата корисничка услуга,штом потпишете договор - нема враќање туку редовно плаќање на сметките до крајот на 24 месеци. Нема никакви бенефиции попусти за редовни корисници,туку ако начекате добра тарифа како роденденските и слично.

    Т-Мобиле према мене се оператор кој секогаш бил понапреден,светски бренд, големи кориснички придобивки,квалитет на услугата која ја плаќа корисникот и секогаш поскап. Реално кажано,во бизнисот никогаш нема бесплатен ручек,така и во телефонијата не постои бесплатни минути.Барем тука не сте прелажани со тие “гратис минути“ за секоја си пишува одредена сума и цена колку кошта, баш заради тоа повеќето корисници ги сметаат за “најскапи“ но ако се земе во предвид како е и кај другите оператори ќе сфатиме дека фактички е скоро истата цена горе долу.Претходно се е израчунато и платено,на вас останува да го перцепирате како бесплатно и платено. Така да, последно време излегоа со доста поатрактивни понуди,како во при-пејд така и во постпејд. Предност кај овој оператор е корисничкиот панел за корисници преку my.t-mobile.mk сајтот со кој можете да активирате/деактивирате услуги кои ви се потребни,без да имате потреба да се јавувате кон операторот и да чекате на добра волја некој да ви одговори,мобилната телевизија,добар интернет,добар сигнал и покриеност, поволните пакети кои според вашите потреби ги креирате, и наградувањето на лојалност кон корисниците - што повеќе сте корисник на Т-Мобиле,тоа повеќе добивате попусти промоции и повеќе бенефиции.
    Како маана неорганизираноста во нивните салони и кодексот на однесување со странки,неорганизираноста и лошиот кодекс на операторите од Центарот за грижа за корисници.


    ONE отсекогаш се ориентирал кон ПРИ-ПЕЈД корисниците,така да пост-пејд корисниците не направиле пофалби туку поголеми поплаки од нивна страна. Еден период беа доста омразени од пост-пејд корисниците заради немањето конкуренција од друг оператор. Откако се преименуваа во ONE почнаа и со Телевизија,интернет,фиксна телефонија и бог знае што уште не, кои према мене најдобро би било да си функционираат како Мобилен оператор а не маркет за се и сешто.
    Секогаш имале атрактивни при-пејд понуди, и најголем број при-пејд корисници се корисници токму на ONE,особено со новата ЏАБЕСТ тарифа.
    Предност на овој оператор се ефтините припејд тарифи,иновативноста во нови тарифни модели и бенефиции, купувањето телефони исто така во припејд со месечни бонуси и ефтини телефонски апарати итн.
    Маана им е пост-пејдот кој знае да биди и доста “жежок“ понекогаш. Имајќи го искуството со нив,не би се изгорел пак,но сеуште имам при-пејд број кој не би го менувал.
     
    На supermen, Tomekk, krale и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. DigitalDreamer

    DigitalDreamer GSM master

    Член од:
    20 фев 2009
    Мислења:
    2.825
    Допаѓања:
    2.354
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    Xperia X
    РОМ/Верзија:
    7.0
    Првиот мој број е оној што го користам и сега (од Т). На припејд постојано бев во тек со тарифните модели, се додека лани не се префрлив на пост пејд.
    На вип имав број кога излезе (колку да ги тестирам) и земав еден број кога беше на пола претплата тоа. Но после попуштањето на неколку нерви при повиците, го откажав и сега сум на Промо500 од Т. Претплатата ја немам надминато досега (освен кога плаќам таксени марки) и единствено негативно нешто во тарифата што го забележав е немањето ни една бесплатна смс, но не ми пречи тоа. Тие со кој што комуницирам секојдневно се на некој chat клиент.
    One никогаш ги немам пробано. Уште на почетокот некако ми ствараа одбивност (не знам зошто).
     
  3. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.059
    Допаѓања:
    9.142
    Поени од трофеи:
    358
    Оне никогаш не сум ги користел.

    Тмобиле го користам, иако на два пати сум имал "блиски-средби" со нивната техничка служба, рака на срце два-пати ми излегоа во пресрет - еднаш ми поништија 5-6000 од една сметка, а вториот пат цела сметка од 12000, сосе тоа што и реално сум го направил како сообраќај.

    Вип исто ги користам - мрежата им е крш, ама па е евтина и прилично предвидлива. Службите им се ОК, и барем ги почитувам што донесоа нови цени на пазаров. Ги користев уште кога живеев во Хрватска, таму пак се сметаат за број 1 мрежа и беа нешто во стил на Тмобиле овде.
     
    На Effendi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Justice for All

    Justice for All Активен Член

    Член од:
    22 окт 2008
    Мислења:
    226
    Допаѓања:
    102
    Поени од трофеи:
    43
    Сум ги користел сите три. Моментално сум на ОНЕ. Не знам како биле порано, кога беа Cosmofon, и ќе признаам во тоа време и мене ми ствараа одбивност, ама сега ми се дефинитвно најдобра компанија, барем од понудените :)
    Зашто?
    Мрежата не е им толку слаба како на ВИП, a цените не им се толку високи како T-mobile. Така да, некоја златна средина се.
    Башка, ако земеш да разгледуваш реално мислам дека имаат најефтини тарифи и за постпејд и за припејд.
    Вип ги продобиваат луѓето со бесплатните минути кон нивната мрежа. Со тој потег им скршија нога на другите компании. Се приклучија на ВИП еден куп луѓе и сега со тоа што блиските им се на ВИП и другите сакаат нивен број за да зборат бесплатно.

    Башка што ОНЕ се најфлексибилни и најиновативни со тарифите. Која понуда е подобра моментално од онаа 399 со неограничени минути кон сите мрежи?
    Јас сум на МЕГА5000. Уште нема толку добра понуда за 500 денари од ниедна компанија.

    Btw, nе знам зошто викаш постпејд корисниците имале мака со ОНЕ. Јас до сега не сум имал никаков проблем.
     
  5. Effendi

    Effendi Искусен член

    Член од:
    23 дек 2010
    Мислења:
    746
    Допаѓања:
    848
    Поени од трофеи:
    158
    Пред да дојди ВИП ОПЕРАТОР, Оне беа кои имаа најмногу при-пејд и постпејд корисници,на Т-Мобиле беа стари корисници а најмногу фирми и администрација.
    Еден куп жалби имаше кон ONE “монопол направиле“ викаа луѓето и добиваа подебели сметки. Вип кога дојде прва шанса за успех му беше токму тоа - дерењето од страна на ONE па затоа доби здрав темел на корисници баш на разочарани од претходните оператори. Али правилото е колку пари толку музика,први донесоа бесплатно кон нивна мрежа а останатото им беше по некоја стандардна тарифа 5,9 денари минута на други мрежи.Али незнам за другите јас искрено не можам да кршам нерви со сецкање на мрежата и неколку пати да преѕвонувам за да се обави еден квалитетен разговор. Од нивна страна објаснуваат дека е до мене,до апаратот, до местото,но сето оди во вода.Живеам близу предавател на вип, на 20 метри ако е тоа проблемот. Освен тоа никакви понуди и попусти нема за постојаните корисници туку само за новите тарифи кога излегуваат кој начека - начека.

    Од денес сум постпејд корисник на Т-Мобиле, со промо плеј тарифата. Истиот принцип го има и Т-мобиле како другиве мрежи, бесплатно кон нивната и одредени минути кон друга.На оваа имам 200 кон други мрежи и бесплатно кон Т-Мобиле со неограничен интернет. Стварно за поракиве, им е зезната работа ниту една порака не е вклучен пакетот,само претежно ретко се праќаат СМС пораки а и да треба да се прати не би дигнало на цена многу.
     
  6. El_Makedonero

    El_Makedonero Искусен член

    Член од:
    6 јан 2010
    Мислења:
    1.409
    Допаѓања:
    1.061
    Поени од трофеи:
    178
    Телефон:
    iPhone 6
    РОМ/Верзија:
    8.3
    За пораките ке има некој пакет, за 50 ден. 50 или 100 пораки чисто некој да си активира доколку праќа пораки ама незнам кога ке биде пуштен тој пакет, сега за сега има за 150 ден. 150 смс пораки


    Sent from my iPhone 5 ( black ) using Tapatalk
     
    На DigitalDreamer му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bumblebee

    Bumblebee Администратор®

    Член од:
    3 јан 2012
    Мислења:
    7.073
    Допаѓања:
    6.334
    Поени од трофеи:
    258
    Телефон:
    iPhone 6s
    и има 5 безпари пораки,од mytmobile се праќаат.
     
  8. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.059
    Допаѓања:
    9.142
    Поени од трофеи:
    358
    Дали некој памти дека СМС пораките беа комплетно бесплатни со години во 90-тите? Се сеќавам дента кога требаше да биде последен ден на бесплатни пораки, со другарче си ја праќавме цела азбука во пораки - една по една :)
     
    На fenomenmk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Misko6000

    Misko6000 Искусен член

    Член од:
    31 дек 2008
    Мислења:
    1.650
    Допаѓања:
    1.255
    Поени од трофеи:
    178
    РОМ/Верзија:
    MIUI Weekly 6.9.15
    Добро памтам, ама ме е....а со роамингот во Грчка , се убив од пуштање а тоа да ти се плаќале во роаминг:ГлуП:
     
  10. supermen

    supermen Познат Член

    Член од:
    24 мар 2008
    Мислења:
    1.114
    Допаѓања:
    517
    Поени од трофеи:
    113
    Прв постпејд ми беше вип. И ги баталив. Ок е тоа со бесплатните минути кон вип, ама, бар јас, секогаш ко ќе ми дојдеше сметка ми беше бинго. И секогаш имав чувство дека само гледаат шанса за да те репнат одма.
    Бесплатните пораки :) ја прелија чашата и раскинав договор.
    Сега сум во странство и можам да кажам, гледајќи ги овдешниве тарифи дека имаме најефтини тарифи у свет :)
    само што тука и покрај тоа што се е дупло поскапо, стандардот е десет пати поголем, па споредбено со кај нас, не се осеќа....

    бем ти просек плата 20 илјади, коа 70% посто население зима 200 еура.

    Поз
     

Сподели преку: