Кражба од кола

Дискусија во форумот 'Животен стил' започната од Noc 32, 29 јун 2016.

  1. Noc 32

    Noc 32 Супер Модератор

    Член од:
    13 сеп 2009
    Мислења:
    1.543
    Допаѓања:
    1.390
    Поени од трофеи:
    178
    Накај 7-8 ми ја опљачкаа колата на паркингот кај зоолошка, кај стариот влез кај рампата. Собрале ранец, документи, пари што нашле ама најстрашното за мене се наочарите за сонце што ги опнале.
    Бев си пријавив у полиција и се тоа ама има ли некој вакво искуство?
    Што да праам? Да висам по огласи да чекам да ги објави некој наочарите? Купи продај групиве по фб... Спремен сум и да си платам за информации за ова...
     
  2. marchesk

    marchesk Познат Член

    Член од:
    17 сеп 2011
    Мислења:
    403
    Допаѓања:
    249
    Поени од трофеи:
    63
    Што наочари ти се тоа што ти се побитни од штетата на колата (претпоставувам скршиле стакло?) и документите?

    Следи огласи, но не верувам да ги објават таму, обично овие обивања ги прават наркомани, и тоа што ќе земат го заменуваат за роба.

    Цајканите што ти кажаа? Они обично ги знаат тие што обиваат, имаше еден што тој реон го ,,работеше,, порано, па на претрес кај него ги наоѓаа земените работи.
     
  3. Alexx

    Alexx GSM master

    Член од:
    23 јан 2013
    Мислења:
    2.190
    Допаѓања:
    2.676
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    iPhone 6s
    РОМ/Верзија:
    iOS 11.1
    Нема никој да стави работи украдени од тука на наш огласник, барем не некој шо има барем тро памет. Таков е и случајот со крадење на гуми и бандажи, де носат по Приштина итн. Да сме живи и здрави, помири се и не оставај друг пат вредни работи у кола особено не ранец на видно место, пари и слично, или у гепек или под седиште збутај, не за друго и за 50 ден ќе се најде некој да ти скрши стакло а стаклото е 50 евра. Јас ни 10 денарка не оставам во кола. У твојов случај се сигурно или некои роми или наркомани па така да не се многу организирани, можда ќе успееш да ги вратиш мада не се надевај многу на полицијата, за наочари и сл не се замараат.


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
    На Noc 32 му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: