Како дознавте за порталот/форумот GSM Macedonia?

Дискусија во форумот 'GSM Macedonia' започната од AlexM, 11 мај 2010.

  1. AlexM

    AlexM Познат Член

    Член од:
    11 мар 2010
    Мислења:
    1.156
    Допаѓања:
    412
    Поени од трофеи:
    83
    Барав ваква тема,ненајдов па решив да отворам па ако има постоечка слободно можи да оди во канта оваа :) не сум јас крив што отворив тема што се повторува крив е делот Барај кој не ги пронајде клучните зборови кои ги внесов :rolf:
    Па вака:
    На форумов се региситрав неодамна иако знаев од порано за порталот GSM Macedonia не ми имаше текнато да видам шо има на форумот и сега гледам дека навистина сум пропуштил многу,форумот е супер и ја разработува тематиката која ми е најинтересна моментално-мобилните уреди.
    За форумот дознав пребаруваќи на Google барав цена за еден мобилен напишав на кирилица и ме донесе овде,и се зачленив од прва :)
    Форумот и порталот неможам да опишам колку ми се допаѓаат посебно дизајнот кој е во боите на мојот тим Милан црвено црна :)
    Па да видеме кој каде и како дознал за GSM Macedonia се разбира ако немало ваква тема претходно :D.
     
    На Јован, (WpX)ALeX и vonuzu им се допаѓа ова.
  2. Alfa Mobil Team

    Alfa Mobil Team Администратор™

    Член од:
    1 фев 2008
    Мислења:
    17.487
    Допаѓања:
    2.989
    Поени од трофеи:
    358
    Телефон:
    Samsung Galaxy Note4
    РОМ/Верзија:
    SEPF_SM-N910C_5.0.1T
    ...па, уште пред 5 години имав желба да си имам свој форум за Мобилни Телефони, но за жал неможев да најдам сериозен човек кој ќе ми биде наводно како партнер за одржување, маркетинг и целокупно да ги делиме проблемите во оваа т.н. организација. Неќев да биде само инсталација на vBulletin скрипта без смајлиња, без никакви модови и непреведена и само да се трупаат информации, сепак естетиката е и една од причините кои членовите остануваат заљубени во форумот.
    претходниве 7-8 години доста тролав по сите форуми, во повеќето форуми ми креираа посебни под-форумчиња само за мобилни телефони, до пред година и нешто бев на преку 14 форуми модератор и на 4 форуми администратор но не е исто како и да си имаш свое форумче, можеш да си направиш подфорумчиња за секој бренд, да отвараш посебна тема за секој проблем и бесконечно да се полемизира или да се даваат совети, за разлика од многу други форуми кои имаат во Мобилни телефони под-форумот само тема:
    Помош! и таму се отвараат сите теми поврзани со мобилни телефони и нивните проблеми како и цени, споредби, флешување декодирање.

    - Од друга страна и `и треба на Македонскава нација нешто вакво профи, пред се за едуцирање. Денеска не познавам човек меѓу 12 и 50 години а да нема мобилен телефоно, но за жал 95% од нив ги користат за SMS и Calls :)

    како и да е и јас многу научив и многу ќе научам од форумов, секојдневно со различни дефекти, проблеми и новости се сретнувам да така мило ми е што го креиравме со Јанко.

    Така се запознав јас, со GSM Macedonia.
     
  3. (WpX)ALeX

    (WpX)ALeX Познат Член

    Член од:
    21 окт 2009
    Мислења:
    3.901
    Допаѓања:
    663
    Поени од трофеи:
    143
    Ми купија мобилен после толку време (5 години) и за мое чудење беше 3GS. Одма почнав да го разгледувам, но немав нешто посебно постигнато се додека не дознав за форумот. На Јован му кажав за 3GS и после некое време директно се приклучив во новостите со Епл фирмата. Најпрво бев скептичен за многу работи бидејќи сепак не ми изгледаа реални, но по некое време се прилагодив и почнав да се занимавам со iУредите. Може да се каже дека Јован ја има заслугата за мое приклучување на форумот бидејќи сигурно нема да дознаам што е џеилбрејк или анлок или SHSH доколку најпрво не се запознаев со форумов, па понатаму со информациите што се пласираа на Интернет. За порталот, по инерција од форумот беше лесно да се забележи. Ист дизајн, многу информации и дел одвоен за огласи на мобилни.

    Можеме да очекуваме голем напредок на форумот/порталот и сигурно би било интересно да го видиме како еден од познатите форуми во Македонија иако на моментални стандарди е прилично популарен.
    Епа така јас се запознав со GSM Macedonia.
     
  4. Jane

    Jane Aдминистратор

    Член од:
    1 фев 2008
    Мислења:
    18.536
    Допаѓања:
    1.776
    Поени од трофеи:
    358
    Изгледа дека за форумов прв дознав, сепак јас го инсталирав:pos:
    Иначе основната идеја дојде од Бошко, кој имаше екстра замисла и несериозни/презафатени тогашни партнери со кои требаше да ја реализира. Па се сретнавме некако, го замарав за н93 мислам на времето... После зимата, некаде февруари месец го напнав да го направиме форумов, зашто он сакаше до лето да чека... и така февруари почнавме, прво ние го полневме, па малце по малце го издигнавме на ова ниво.
     
  5. Alfa Mobil Team

    Alfa Mobil Team Администратор™

    Член од:
    1 фев 2008
    Мислења:
    17.487
    Допаѓања:
    2.989
    Поени од трофеи:
    358
    Телефон:
    Samsung Galaxy Note4
    РОМ/Верзија:
    SEPF_SM-N910C_5.0.1T
    Љољ бре, дали ти текнува кога сакавме свој сервер да однесеме во Unet за да го подигнеме форумот, ти инсистираше од твојот компјутер да го подигнеме ко за почеток хаха па потоа фикс идеата за супер енормно јака сателитска конекција и машина вредна 4000евра со големина на фрижидер :)

    сепак, информацијата е најбитна... да не беа некои луѓе од Кајгана форумот, ViRuS и големо благодарение до Dexterche - немаше сега да биде ни половина од замисленото.
     
  6. vonuzu

    vonuzu Модератор

    Член од:
    18 окт 2009
    Мислења:
    4.402
    Допаѓања:
    2.077
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    Xiaomi Redmi Note 3
    РОМ/Верзија:
    MIUI8 by xiaomi.eu
    Супер на АлексМ што му текна да отвори ваква тема..Добива зеленко и фала од мене..А мислам дека темата треба да е поставена за важна.

    Е сега, за форумот дознав сосема случајно сурфајки по интернет и барајки одговори на некои нејасни работи околу симбијанциве.. читав по разни форуми и случајно ми излезе овој..прво не ми се веруваше дека во Македонија има нешто вакво, а плус и толку професионално да си ја гледат работата Админите и Модераторите..чудно ми беше. И полека полека се заљубив во форумот и мислам дека не поминал ден а јас да не го отворам сајтот барем еднаш..:D
     
  7. AlexM

    AlexM Познат Член

    Член од:
    11 мар 2010
    Мислења:
    1.156
    Допаѓања:
    412
    Поени од трофеи:
    83
    Супер интересни приказни :)
    Па дечки секоја чест :respekt: и големо браво успејавте од идеја до реализација,и не се сомневам дека моментално е најпосетуван форум од овај тип.

    Да продолживем со темата...
     
  8. Jane

    Jane Aдминистратор

    Член од:
    1 фев 2008
    Мислења:
    18.536
    Допаѓања:
    1.776
    Поени од трофеи:
    358
    Или може да се каже единствен активен од овој тип:)
     
  9. StalkeR

    StalkeR GSM Team

    Член од:
    10 апр 2010
    Мислења:
    3.625
    Допаѓања:
    1.864
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    Redmi Note3 Pro 3/32
    РОМ/Верзија:
    MIUI 8.3 weekly
    За форумов знаев пред 3 години некаде,само не бев зачленет(не знам зошто.. :D )
    А се зачленив со цел да дознаам повеќе за мобилните телефони,последниве години почна и тоа да ме влече на некој начин.Некое основно знаење и од овој дел нема да ми дојде лошо :)
     
  10. Torte Mobile

    Torte Mobile Супер Модератор

    Член од:
    5 фев 2008
    Мислења:
    9.981
    Допаѓања:
    3.914
    Поени од трофеи:
    258
    Телефон:
    Samsung NOTE 8
    Еден ден Јане ми се стави на мсн ... ме видел на кајгана и ми вика ќе правиме со бошко форум, сакаш ли да те ставиме модератор на апликации симбиан и сл ... и јас нормално ДА :) и уште недовршен форумов јас бев зачленет меѓу првите неколку луѓе и бев назначен за модератор :)

    А за порталот исто од Јане и уште од почетокот јас ги пишував новостите и рецензиите ... сега за сега немам време ама се надевам дека повторно ќе можам :)
     

Сподели преку: