И Microsoft ќе понуди екстра евтини смартфони

Дискусија во форумот 'Windows Phone' започната од 995user, 17 сеп 2014.

  1. 995user

    995user Познат Член

    Член од:
    23 ное 2013
    Мислења:
    1.203
    Допаѓања:
    704
    Поени од трофеи:
    113
    [​IMG]


    Microsoft подготвува нова серија на Windows Phone смартфони кои ќе се спротистават на понудата на Android One серијата на Google која за 100 долари носи квалитетни уреди во ниската класа, а првично е наменета за Индија и се води под мотото дека е наменета за државите во развој иако ние силно се сомневаме во тие намери).
    [​IMG]
    Microsoft многу симптоматично исто така ќе започне во Индија која можеби е земја во развој но, да потсетиме има над милијарда жители со што претставува огромен потенцијал за продажба на евтини телефони.
    [​IMG]
    Дополнителна предност на Microsoft е што Windows Phone платформата веќе е прилично присутна кај многу модели од индиските брендови Micromax и Karbonn, a на располагање им е и технологијата на Asha телефоните кои само ќе бидат ребрендирани и продавани под друго име со ниска цена до 100 долари.
     
    На RagingDemon и krale им се допаѓа ова.
  2. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.059
    Допаѓања:
    9.142
    Поени од трофеи:
    358
    Не знам дали на светов му требаат уште ефтини телефони.


    Мое лично убедување дека на светов му фалат скапи телефони, ама квалитетни. Дури и поскапи од овие 500е што сега стандард е некој за скап телефон. Да биде минимум 1000е, па и 2000е.
     
  3. Bumblebee

    Bumblebee Администратор®

    Член од:
    3 јан 2012
    Мислења:
    7.073
    Допаѓања:
    6.334
    Поени од трофеи:
    258
    Телефон:
    iPhone 6s
    Не претерувај, за тие пари кола се купува а не телефон :D, добри им се сегашните цени.

    Ако е 2000 евра, кој ке ги купи, у мкд треба да работиш цела година и повеќе со обзир што ни е просечна плата 8-9 илјади за да го купиш тој телефон, у другите држави 2000 евра еве да речеме е просечна. Кој ке ти даде цела плата за телефон :D

    Ти ако купиш сега телефон од 2000 евра, следен пат купување телефон за 5-6 години :D

    Иначе и сега имаш ти телефони за 1000,2000 евра и повеќе, тие што се спешл едишн, со злата,дијаманти и чуда, епа бујрум купи си :D
     
    На RagingDemon и Kapistec им се допаѓа ова.
  4. 995user

    995user Познат Член

    Член од:
    23 ное 2013
    Мислења:
    1.203
    Допаѓања:
    704
    Поени од трофеи:
    113
    Крале, светот се состои од 1.4 милијарди кинези исто толку индијци и уште 1 милијарда останати азијати од кои повеќето го немаат стандардот за да купат телефон од 800 евра.

    Евтините телефони ќе го зголемат својот удел, затоа што оние што не се во состојба да купат телефон, сега ќе можат да си дозволат. Следните 10 тина години ќе бидат бурни, се чини дека револуцијата со смартфоните само што е започната.
     
  5. dino_bt

    dino_bt Искусен член

    Член од:
    30 дек 2011
    Мислења:
    743
    Допаѓања:
    805
    Поени од трофеи:
    158
    Проѕирен ко џам!
     
    На RagingDemon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.059
    Допаѓања:
    9.142
    Поени од трофеи:
    358
    Не се разбираме.

    Јас не реков да нема евтини телефони, туку дека во моментов вакви кршоини има ПРЕМНОГУ. И затоа ниеден производител на ефтини телефони не прави профит.

    Ниту па реков сегашните модели да се поскапат. Што ќе ти е тоа за истото да плаќаш повеќе.


    Јас реков дека му фалат скапи телефони кои ќе бидат подобри од сегашните скапи телефони. Верувај, 1000-2000е не се многу пари за поголем дел од светот. Имаш обични саати што се продаваат по 50000евра.

    Значи има пазар за ваков продор на пазарот, не само на луксузни едиции, туку на посебни телефони со функции што ги нема никој, зашто се неисплатливи (пример цели од сафир, сателитски наместо операторски, матеирјали од типот титаниум и слично.).
     
    На OLI-HAUG и Bumblebee им се допаѓа ова.
  7. 995user

    995user Познат Член

    Член од:
    23 ное 2013
    Мислења:
    1.203
    Допаѓања:
    704
    Поени од трофеи:
    113
    Верту пропадна веројатно знаеш.
     
  8. RagingDemon

    RagingDemon 20h SOT

    Член од:
    26 јун 2011
    Мислења:
    4.050
    Допаѓања:
    4.316
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    Nexus Master Race
    РОМ/Верзија:
    OP5, Android Pie
    На светот му фалат ефтини, а квалитетни телефони. Добро е што компаниите почнаа да се освестуваат во врска со тоа. Еве на пример Qualcomm со Snapdragon 210, Android One, а сега гледаме и Мајкрософт.
    На светот не му фалат кичерајски телефони од 2000 евра со злато, дијаманти, циркони и останати педерски работи.
     
  9. Ilija

    Ilija GSM master

    Член од:
    24 мар 2010
    Мислења:
    1.978
    Допаѓања:
    1.580
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    Samsung S7 Edge
    На светот и на нас ни фалат ефтини телефони со екстра перформанси. Ама мислам дека не го сфативте крале. Колку што јас го разбирам фалат скапи телефони што сеуште не се произведени, ваљда не мисли постоечките уреди да поскапат.
     
    На OLI-HAUG му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Pane-G

    Pane-G GSM master

    Член од:
    23 јул 2009
    Мислења:
    3.675
    Допаѓања:
    1.319
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    iPhone 5s
    Верту беше под управа на Нокиа затоа пропаѓа и прв смартфон со сафирно стакло.
    Он топик: светов им треба ефтини телефони за секого дури и богаташите на пример турист се загубил во некоја туѓа земја и во секое време може да се купи да не речам еднократна употреба за emergency и слично .
    А скапите е за луксуз и нема потреба да се форсира.


    Sent from my iPad 3 using Tapatalk
     

Сподели преку: