Таква опција треба да стават на форумов само за тебе и сите што се против епл се разбира следува тоа. Како и да е и јас гласам за Крале да биде за Андроид
ако несакате веќе да имаме воопшто форум за Андорид тогаш ок... јас мислам прва работа Крале што би ја напраил ќе биде менување на насловот на темата во iAndraplle
јас би сакал али само да си ги поправам моите теми и некаде каде што е многу збркано. иначе знам дека имам глупи теми ставено некогаш али ова баш би ми служело за моите теми и би ги средувал и другите ако им е стварно неуредно, секако ако има место ако не сте задоволни слободно може да ме вратите назад нема ич да се лутам барам само најобична функција за да можам да ги средувам моите теми и секако ако е потребно да се уреди и кај некој друг Ако има место
Не е баш таа целта на модераторот, т.е. не е воопшто. Постови никој не едитираме. Кој што си пишува, за него си пишува, таков и лик си гради на форумот. Таман работа секој пост што има грешки да го корегираме... Само наслови се корегираат, наслови што се идиотски, знаете каков тип на наслови Но сепак потребата од модераторот е пред се да има познавање од областа, да помага со пишување квалитетни постови и теми, да го разработи соодветниот форум уште повеќе...
Одкако ќе ја отвориш темата или ќе напишеш мислење имаш околу половина час до 45 минути мислам, да си едитираш ако си направил грешка. Доколку би била таа опција анлимитед - форумов би бил хаос. Замисли - сега некој обичен член отвара тема: Каде да купам мобилен телефон до 400 евра, 2 недели се дискутира на темата - и потоа тој ја брише темата или го менува насловот на темата или си ги брише своите мислења и остануваат дупки.
Точно 45 минути имаме дозволено. Повеќе од доволно е времето за ако згрешиш нешто да корегираш. После тоа нема менување.