Имаме потреба од нови модератори!

Дискусија во форумот 'GSM Macedonia' започната од Jane, 5 мај 2011.

  1. Jane Aдминистратор

    Член од:

    1 февруари 2008
    Број на мислења:

    17.818
    Допаѓања:

    1.417
    Поени од трофеи:

    358
    Локација:

    Скопје
    Секој што има желба и време да помогне е потенцијален кандидат за модератор. Потребно е да имаат знаење поврзано со соодветниот форум (ова се однесува на сите форуми, освен на тие за општи дискусии). Задачите на модераторите ќе бидат:


    • Пред се, да го средат несредените теми кои (не)припаѓаат на соодветното место
    • Да помагаат при средување на насловите, да се знае од самиот наслов што има во темата зашто факт е дека колку и да збориш, пак сите отвараат теми со наслов Helppppp:!!!:! Помошшшшшшшшшш:!!!: Ве молам за помош! Итно ми е помогнете ми:!!!:
    • Да го разработат форумот, да отворат нови теми за дискусија и сл.
    • Истиот да го одржуваат и понатака додека се модератори
    И секако, модератор може да биде тој што знае како се однесува на еден форум, што ќе користи соодветен јазик, ќе ги почитува останатите членови и ќе биде пример за другите.

    Форуми кои се целосно запоставени од сегашните модератори с:
    • Мобилни телефони
    • Nokia
    • Sony Ericsson
    • LG
    Форуми кои имаат модератори, меѓутоа добро би дошла дополнителна помош поради огромниот број на теми и различни платформи:
    • Samsung или попрецизно, неговите подфоруми
    • HTC и Palm/PDA телефони исто со многу подфоруми
    Помош секако ќе треба и во следниве категории
    • Android
    • Windows Mobile
    • Windows Phone 7 (форум кој треба да се креира)
    • Maemo
    И најголема помош ни треба за следниов форум каде што пред се ни треба човек со поголемо познавање, некој што е во тек со софтверите, некој што е спремен да одговори на повеќето проблеми со кои се соочуваат членовите и се разбира некој што ќе го среди да биде јасен и прегледен за секој нов член да може да се снајде и да го инсталира соодветниот софтвер за навигација со соодветните мапи.
    • GPS форум
    Останатите форуми за општи дискусии имаат неактивни модератори:) меѓутоа не се толку приоритетни, така да ако има некој заинтересиран за некој од тие форуми, да отвори некои нови дискусии, некои интересни теми и малце да ги потсреди забеганите теми, може да се прифати и за таму.

    Очекувам да се пријават само тие што ќе се малце посериозни, не бараме да се почитуваат кујзнае колку строги правила, ниту па поставуваме некакви услови, ама па не ни сакаме модератор колку само да му стои под никот дека е модератор и со недели да не се логира на форум и да заборавиме дека воопшто сме назначиле модератор за соодветниот форум.
    На opasna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. StalkeR Модератор

    Член од:

    10 април 2010
    Број на мислења:

    2.010
    Допаѓања:

    376
    Поени од трофеи:

    113
    Локација:

    In the middle of nowhere
    Јас би требало да можам да ти помогнам во Андроид делот нешто.
  3. krale Well-Known Member

    Член од:

    6 март 2011
    Број на мислења:

    5.637
    Допаѓања:

    1.477
    Поени од трофеи:

    258
    Навистина ГПС темите се најнесредени. Има сто теми за ова iGo, веќе е тотална збрка што каде е.
  4. Jane Aдминистратор

    Член од:

    1 февруари 2008
    Број на мислења:

    17.818
    Допаѓања:

    1.417
    Поени од трофеи:

    358
    Локација:

    Скопје
    Знам, затоа и го потенцирав тој дел... Башка покрај iGO, тука е и Garmin-от и општите теми...

    И конечно, се што е поврзано со гпс и софтвери за навигација ќе се префрли целосно само во ГПС форумот, безразлика за која платформа е.
  5. krale Well-Known Member

    Член од:

    6 март 2011
    Број на мислења:

    5.637
    Допаѓања:

    1.477
    Поени од трофеи:

    258
    Не знам дали ова ти е добро решение, или пак обратното - да се префрлат сите ГПС теми во соодветната платформа. Ти си знаеш...
  6. Jane Aдминистратор

    Член од:

    1 февруари 2008
    Број на мислења:

    17.818
    Допаѓања:

    1.417
    Поени од трофеи:

    358
    Локација:

    Скопје
    Епа земи го Garminot, истата процедура за инсталација е за сите платформи, истите мапи, иститие туторијали, истите проблеми. Не е баш паметно да ја има посебно во сите платформи. Со iGO не е ништо поразлично, пак се повторува скоро се за двете платформи. Глупо е кога ќе искочат нови мапи, ајде трчај во сите платформи да ги апдејтуваш темите со едни исти постови и линкови...
    Вака се што е поврзано со навигација и гпс, ќе си биде средено во гпс делот. Мапите се едни исти, само инсталациониот фајл ќе си го симнат во зависност од платформата.
  7. krale Well-Known Member

    Член од:

    6 март 2011
    Број на мислења:

    5.637
    Допаѓања:

    1.477
    Поени од трофеи:

    258
    Држи тоа.

    Ама па и кога ќе бараш нешто, пример за симбиан, треба да ти текне дека не е таму, него во ГПС подфорумот.
  8. GoRRaN Allmighty модератор

    Член од:

    24 октомври 2008
    Број на мислења:

    3.431
    Допаѓања:

    817
    Поени од трофеи:

    208
    Локација:

    Vodnohills
    јас сакам да ми вратиш пермиси како порано...т.е супермодератор да си бидам пак :) и ќе средувам се како што треба...

    види во ХТЦ Дизајр ХД делот како се си е средено..
  9. Jane Aдминистратор

    Член од:

    1 февруари 2008
    Број на мислења:

    17.818
    Допаѓања:

    1.417
    Поени од трофеи:

    358
    Локација:

    Скопје
    Ти пишав на скајп уште преска, ама изгледа не си се уклучил да прочиташ :)
    --- надополнето: May 5, 2011 9:46 PM ---
    Епа ако стигнеш до симбиан, ќе видиш дека под него има GPS форум, али сепак посредено ќе е да ги има темите на едно место, наместо на многу места, па на едно ќе се апдејтуваат со нови информации, на друго не. Моментално за iGO теми имаме во 10 форуми и подфоруми и прочитај го цитатов во врска со прашањата

    На GoRRaN му/ѝ се допаѓа ова.
  10. krale Well-Known Member

    Член од:

    6 март 2011
    Број на мислења:

    5.637
    Допаѓања:

    1.477
    Поени од трофеи:

    258
    Што не го ставиш за ГПС оној дечкото што пишуваше за ovi maps пред некој ден?

Сподели преку: