Ефектот од новите високи казни

Дискусија во форумот 'Македонија и свет' започната од stefan_mkd, 30 окт 2014.

Статус на темата:
Затворена за нови мислења.
  1. stefan_mkd

    stefan_mkd GSM master

    Член од:
    12 дек 2008
    Мислења:
    4.131
    Допаѓања:
    2.023
    Поени од трофеи:
    208
    Поттикнат од оваа анкета на кајгана

    http://kajgana.com/anketa-shto-misl...nite-vo-zakonot-za-bezbednost-vo-soobrakjajot

    ја отварам темава да видам кое е вашете мислење од вискоите казни, каков ефект ќе имаат вашата улога во сообраќајот.

    Почнав да пишувам некое мое мислење, но некако неможам да се изразам :) Така да се извинувам што нема прв да пишам мислење.
     
  2. alekcacko

    alekcacko Активен Член

    Член од:
    31 авг 2012
    Мислења:
    806
    Допаѓања:
    154
    Поени од трофеи:
    43
    Телефон:
    LG L50 213N
    РОМ/Верзија:
    4.4.2 Stock
    Епа ќе почнат луѓето повеќе да внимаваат кога возат, но како и да е освен возачите мора и пешаците да внимаваат. Имало многу случаеви кади пешакот е крив, ама пак се обвинува возачот.
    На пешачки премин еден ми се закана да не врвам и место да застани, забрза.
     
  3. RagingDemon

    RagingDemon 20h SOT

    Член од:
    26 јун 2011
    Мислења:
    4.100
    Допаѓања:
    4.377
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    Nexus Master Race
    РОМ/Верзија:
    Android 7.1.2
    Ефект како посигурен сообраќај нема да има. Кој си бил без мозок, пак ќе си остане без мозок и ќе лета без каиш со 300 на саат додека збори на телефон јадејќи мекици од стража.
    Единствен ефект што ќе го има е тоа што Букефал ќе може да добие поголемо маде со парите од казните.
     
    На Ilija, NeNo-94, goth50 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  4. supermen

    supermen Познат Член

    Член од:
    24 мар 2008
    Мислења:
    1.126
    Допаѓања:
    524
    Поени од трофеи:
    113
    Амaн. Држaвaвa е дo тoлку зaебaнa штo удријa нa нaјсирoмaшниoт слoј. Мaмaтa нивнa лoпoвскa, зa лекoви дa ги дaдaт сите пaри штo ги крaдaт :!!!:!
     
    На Ilija и RagingDemon им се допаѓа ова.
  5. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.088
    Допаѓања:
    9.166
    Поени од трофеи:
    358
    Па.... пред некој месец ме сопираат џандари, рака на срце ги прекршив сите можни правила и закони што и у Бангладеш да бев ќе ме сопреа, и ми вика што работиш... дрн дрн... и колегата му вика, еј еј, чекај вика не пишувај, ќе ни се најде човеков... и ми се врти „абе имам еден Сони флетот не му работи“ хаха... :)
     
    stefan_mkd, Torte Mobile, haCk0r и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. христијан

    христијан GSM master

    Член од:
    16 сеп 2008
    Мислења:
    4.142
    Допаѓања:
    2.396
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    iPhone 6s
    РОМ/Верзија:
    Најново
    Не дека ја правдам државата и дека не краде...

    Ама стварно не ми е јасно како од темава излага дека некој не краде? Епа извинете, али ако сеа некој сака да прави нешто нелегално, треба да е казнет со огроооооооооооомна казна... Тој што нема, нека не се праи паметен и нека не праи прекршок, нема да биде казнет.

    Taка да, ја сум ЗА новите високи казни... Баш прееска видов еден таксиста, од лента за лево стои на црвено, се пали жолто, го поминува цел булевар и врти десно... И тука си пушта сирена џандарот и по него. :)

    И да, тука имаме проблем како што кажа крале, што казните не функционираат ако имаш да понудиш нешто интересно.. Така да, високи казни ДА, ама спроведени до крај.. :)
     
  7. Bumblebee

    Bumblebee Администратор®

    Член од:
    3 јан 2012
    Мислења:
    7.242
    Допаѓања:
    6.447
    Поени од трофеи:
    258
    Телефон:
    iPhone 6s
    Тој еве да речеме вози некој југо и го стопираат, не работи ништо или работи за минималец 8000, има на југото плин, не атестиран, гуми изедени и со кал... и за тоа му е казна околу 600-700 евра да речеме, а југото не вреди ни 300евра и има приходи помали од 150 евра..

    Нормално ли е тоа?

    Треба да работи пола година да плати казна...

    Каде е поентата на тоа..

    А од друга страна некој се богати, во случајов не се богати баш, пошто државата е во долгови до гркљан, па мора да се полни буџетот, тоа е моето размислување.
     
  8. krale

    krale GSM master

    Член од:
    6 мар 2011
    Мислења:
    15.088
    Допаѓања:
    9.166
    Поени од трофеи:
    358
    Абе да така е, АМА глеј сега... што ако тој со неатестиран плин, со неисправни кочници ПРЕГАЗИ НЕЧИЕ ДЕТЕ? Или се запали и изгори?

    Кој ќе биде крив. Така и беше со оној што се преврте бродот кога се удавија бугарите во Охрид. Значи не е крив ни капетанот ни никој, крива е државата што му издала дозвола уште луѓе да носи на кајчено.




    Друг е проблемот. Секаде во светот постои правило СОЗДАЈ УСЛОВИ, ПА КАЗНУВАЈ!

    Не мене ме казнуваат за паркинг, а НЕМА каде да се паркира. Направи паркинг, па казнувај. А не истите тротоари што беа до вчера беспари сега наплаќаат - не тоа не се услови! Направи паркинзи како што треба, па наплаќај и казнувај!

    Или создај услови да не се вози такво југо или коњска кола, па да може да си купи добра кола, ПА ТОГАШ казнувај го.
     
    fenomenmk, AlexM, Torte Mobile и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. RagingDemon

    RagingDemon 20h SOT

    Член од:
    26 јун 2011
    Мислења:
    4.100
    Допаѓања:
    4.377
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    Nexus Master Race
    РОМ/Верзија:
    Android 7.1.2
    Сосема се согласувам. Ако некој прави нешто нелегално треба да се казни со огроооооооооооомна казна, ко на пример перење пари во шишиња или летање со 300 на саат.
    Ама дебилности како казна за кал на гуми е вон секој здрав разум, или цајканот да може да процени дали совозачот ти смета при возење па да ве/го казни, не знам дали да се смеам или да плачам.
     
    На Bumblebee му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ilija

    Ilija GSM master

    Член од:
    24 мар 2010
    Мислења:
    2.035
    Допаѓања:
    1.636
    Поени од трофеи:
    208
    Телефон:
    Samsung S7 Edge
    Нека бидат и дупло повисоки казните ама нека се применуваат и од другата страна на вардар и нема да имам никаков проблем. Вака не.
     
Статус на темата:
Затворена за нови мислења.

Сподели преку: