Десет заповеди за мобилна етика

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони и таблети' започната од Alfa Mobil Team, 21 јуни 2008.

  1. Alfa Mobil Team Администратор™

    Член од:

    1 февруари 2008
    Број на мислења:

    16.008
    Допаѓања:

    1.586
    Поени од трофеи:

    358
    Локација:

    Silent Hill
    Десет заповеди за мобилна етика

    1. Немој да ги изложуваш на телефонски разговор, недолжните околу себе.

    Кога сте во ситуација во која мора да разговарате, јасно е дека не можете да ги спасите луѓето околу вас, кои се директно принудени да го слушаат вашиот разговор.Такви ситуации се на пример: во автобус, во такси, во авион, во ресторан И сли;но. Сепак, пробајте да го минимизирате ефектот, зборувајте најтивко Што можете.

    2.Не мора секој рингтон да ти биде крејзи фрог (или онаа српската за Косово).
    Доволно е што во секоја секунда околу нас постојано ѕвонат телефони, па мораме да слушаме секакви мелодии. Од некои едноставно болат уши. За ваш рингтон, нешто суштилно И дискретно.

    3.Телефонот за време на јавни настапи се исклучува.
    Ова е најстаро правило кое не мора да го споменуваме, но ако се земе предвид дека е најпрекршувано, не е на одмет уште еднаш да се повтори. Добро ако сте хирург не го исклучувајте никогаш, но за полицајци не важИ, бидејќи нив секогаш ги има во доволен број.

    4.Носењето повеќе од еден апарат на појас не ве прави пошизик.
    Иако има тренд на интеграција за различни технологии и апарати сепак може да се појави проблем, ако технолошките фрикови на појасите почнат да ги носат своите мобилни телефони, ПДА уреди, ГПС локатори и што ли уште не. Бетмен е само во Готам сити, не и по нашите улици.

    5.Едноставно нема зборување на мобилен додека се вози!
    Ако се има разум мора да се сфати дека тоа еднаш мора да престане. Половина од луѓето имаат потешкотии при снаоѓањето со автомобилот и телефонот во исто време, а понекогаш и одделно со двете, такашто нема потреба од комбинации.

    6.Не се препорачува да се користат слушалки, особено Блутут кога сте во присуство на други луѓе.
    Замислете колега – шизик, кој ви се мотка околу бирото, со рацете во џеб, гледа накај вас И нешто зборува. Ке мислите дека вам ви зборува, а тој си разговара на мобилен. Дефинитивно негативен ефект!

    7.Немој на мобилниот да зборуваш погласно одколку што зборуваш на фиксен.
    Мобилните телефони имаат доволно чувствителни микрофони. Ако сигналот почнува да слабее, погласното зборување само ке ги изритира тие околу вас, а соговорникот нема да ве слуша подобро, ако впрочем не стои до вас, “но чуму тогаш мобилен?”.

    8.Мобилниот создава проврзаност до зависност, затоа не зборувајте премногу.
    На работа, не факајте се за мобилниот телефон за секоја ситница.
    Дома, посветете се малку на блиските, разговарајте со нив во живо.

    9.Нема поента во обидот да импресионирате некого со мoбилниот телефон.
    За срека, поминаа времињата беше ново чудо, а неговото поседување само статусен симбол. Денес, ако тоа го правите може да добиете негативен фид-бек, т.е. ако се уште покажувате дека не ви поминал бранот задоволство од купување на апарат, кој во основа користи само за зборување. Сетете се дека немате само вие мобилен телефон, има скоро половина планета.

    10. Масата во кафеана не е изложбен салон за вашиот мобилен телефон.
    Ова веке не е Дивиот Запад, Вие не сте Таличниот Том, кој во секој момент ги чека браќата Далтон за да ги прпука. Едноставно телефонот нека ви седи во палтото или во џебот од панталоните. Ако ѕвони, сигурно ке го слушнете.
    На Filip му/ѝ се допаѓа ова.
  2. torrent Модератор

    Член од:

    30 мај 2008
    Број на мислења:

    1.085
    Допаѓања:

    54
    Поени од трофеи:

    48
    Локација:

    Битола
    све је у реду друже само во авион не се употребуваат
  3. dulemk Active Member

    Член од:

    1 ноември 2008
    Број на мислења:

    452
    Допаѓања:

    26
    Поени од трофеи:

    28
    Локација:

    Тетово
    Со ок, е ама 10 се учам да го почитувам.

    А седнам во кафиќ од еднаш мобилниот ми е на маса.
  4. Alfa Mobil Team Администратор™

    Член од:

    1 февруари 2008
    Број на мислења:

    16.008
    Допаѓања:

    1.586
    Поени од трофеи:

    358
    Локација:

    Silent Hill
    во некои авиони е дозволено и лап топ и мобилен да ти се уклучени, пред некоја година кога одев накај лондон до некаде зврцкаа мобилни, понатака чат пат губеа мрежа ко во планина да си :) зашто беше 10+км.
  5. Filip Member

    Член од:

    24 февруари 2008
    Број на мислења:

    565
    Допаѓања:

    24
    Поени од трофеи:

    18
    Локација:

    Скопје, Аеродром
  6. snagata New Member

    Член од:

    6 јануари 2011
    Број на мислења:

    2
    Допаѓања:

    0
    Поени од трофеи:

    1
    супер

    Супер правила.
  7. 2Slow2Race New Member

    Член од:

    5 август 2008
    Број на мислења:

    175
    Допаѓања:

    18
    Поени од трофеи:

    0
    Локација:

    Скопје, Аеродром
    Ова последново некако тешко сварливо ми е. Знам дека е селски малце да го ставиш мобилниот на маса до порцијата кога си во кафана, ама па многу неудобно ми е да бидам седнат со мобилниот во џеб. Посебно со се поголемиве димензии на мобилните во денешно време.

    Поздрав,

    Александар

Сподели преку: